Драга
Прееска имав работа низ центарот на градот и видов човек кој има околу 60 години како го остава кучето кое го шеташе да врши нужда, штета што во оваа (додајте епитет) држава нема закон да го вратиш идиотот (Може дедо да ми биде, ама заслужува и полоши епитети), да го собере и да го изеде изметот плус да му лупнеш казна, друг пат да не го ни шета кучето, а не да помисли да го пушти да врши нужда насекаде.
Друго, ова со сообраќајов станува се полошо и полошо. Никако да им дојде памет на луѓето за жал. Прееска исто возам и на тротоар паркиран автомобил, а на растојание од сто метра некој вол се паркирал пола на тротоар, а пола на патот, така да мораш да возиш на сред улица и да се молиш некој да не се залети и да те однесе. Бидејќи пајак службата не работи, штета што луѓето немаат дозвола со бејзболка, хебла или било што да му се скрши автото на дебилов, бидејќи пајак службите ги боли онаквото да работат. Треба исто да се донесе закон за велосипедистите (почнувам од себе), за моторџии, пешаци и сите кои управуваат моторни возила слободно да им удриш ќотек кога се однесуваат непрописно во сообраќајот, посебно за пешаците кои одат на сред улица или одат во правец во кој ти возиш. (Не знам што ги учеле ваквите на училиште.)
Инаку јас сум сјебан психички помалку, ама кој во ова парче преубава земја и (додајте епитет) држава не се чувствува слично? И за крај едвај ги чекам "браќата" да дојдат од Запад и да го претворат градот во Див Запад, бидејќи нели овде е слободно да се прави што сака. Штета што и вака не привлекуваме туристи, бидејќи со ситуацијата околу Охрид полека ги маваме.
Спортски поздрав.