Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407


Kajgi..Skopje pred ratot...Nemska karta na nemcite so visoki cinovi
eeee, samo glej kolku KISELA VODA bila daleku od Skopje, a tek Butel ili Gorce,
i glej gi ostrovite na Vardar,,,gi gledas vaka na karta...ama jas sum skital po niv.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Драга,

Почна периодот на модри бутови. Тоа значи дека девојките почнаа у велико да стегаат антицелулитен крем во тоа нозете, надевајќи се дека некако ќе се смали салото. :LOL:
Ова фирмите што продаваат магла продавајќи апчиња за слабеење и антицелулитни кремчиња се наполнија пари на празни црпки и мрзи.
Полесно е да веруваш дека постои некое магично решение неголи на жешково да земеш да вежбаш и да се потиш, не дека не ми е јасно мене тоа. Али пукам од смеа кога ќе видам дека се сликаат и се шетаат со модринки, ејјјј со модринки, па и напрчени во пози во кои ќе си ја скршат кичмата, горди на модринките. :pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Човекот си оди од светов што е сосема нормална работа ама спомените што ти тежат и ти надоаѓаат без прекин болат многу и не ми личи тоа на нормално. Многу се лутам што не почека барем уште еден месец да се изнарадуваш на малиот. Почивај во мир, ќе ми фалиш...
 
D

dobramuzika

Гостин
нозете болат од трчање, а и ќе болат, оваа килажа не е играчка, туку, да ве почастам со една рап трака.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Skoro mesec dena so nekoja nastinka ne se trpi u pm.Ama uvek baram nesto pozitivno, taka da ova sto mi e zatnat nosot mi ide prilog.Barem ne moram na rabota da gi trpam nehigienskite naviki i smrdeaata so ja sirat odredeni moj kolegi.Znaci 21vi vek a tolku da ne se vodi racun ne znam

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.129
Поени од реакции
13.243
Најверојатно не станува збор за карми и чуда, една обична коинциденција, но сепак интересно да споделам. Пред минатото лето ја имав во животот најдено вкупно 3 парички, ако и толку, а имав изгубено сугурно дупло од тоа, и си викав туу не сум ја таа среќа пари да наоѓам. И летово на Плоче плажата во Будва, еден човек се исече нешто и отиде во тушот на плажата да се измие, па од таму во соблекувална да се среди и на излагање многу ситни пари му паднаа, пола на видливо, пола на невидливо позади завесата од соблекувалната скриени, јас ги гледав од мојата пониска положба седечка ама тој не можеше да ги види ако не се навалеше на земјата или да му текнеше да влезе пак во соблекувалната. Собра неколку што можеше да ги види, и тргна да си оди, мене малку ме фати дилема дали да станам и да викнам по него дека уште пари му беа останати или само да си ги земам и да се почестам нешто. Не ми личеше на човек што нема и му се битни тие пари, ама сепак внатрешното во мене беше појако од разумот, и викнав по него, му кажав дека пари има уште паднати, и истрчав да ги соберам и му ги дадов во рака. Ми рече само нешто од типот брате ја ова во животот немам видено, србин или црногорец беше, толку заврши тој муабет. Доаѓам Скопје и еве во помалку од една година јас имам најдено преку 20 пати парички, од монети до банкноти, од мала пара до посериозна пара, денари, центи, лека дури и монета од УАЕ. Пред некој ден беше врвот кога во една вечер најдов два пати паричка, на тотално две различни страни од градот. И така си ги чистам парите после дека дел се оштетени црни од монетите, па ги гланцам со тоа за садови рѓосани. Не ми е битно колку е вредноста, убаво е чувството кога колку и да сте души, континуирано само ти воочуваш пара на земја. :noze:
 
Последно уредено:
Член од
13 октомври 2014
Мислења
57
Поени од реакции
7
Тудеј'с деј:
Под број еден: Па добро бре луѓе, отварајте тоа прозорите у јсп од време на време. Сигурно нема да испоцркате од проветрување, осим ако не ви е боље да се угушите од устоен воздух помешан со клима што дува директ у глава и испарена туѓа пот што ви се лепи на кожа. Иу!

Под број два: Да се врати краснопис како задолжителен предмет во училиштата!!!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.176
Кајгич :love:

Најбогат човек на светот бил основачот на Амазон, Џеф Безос и дотичниов тежел околу 150 милијарди $.

Е што ќе му се 150 милијарди $ бе Кајгич?

Се си мислам дека му е досадно на чоечево, секој месец да нема грижи како да го помине месецот, сметки, храна, дополнителни предвидени и непредвидени трошоци.
Крајно вознемирувачко да не сонуваш каде да го поминеш летниот одмор, да си листаш booking на раат, price (lowest first).
Па секое лето бе Кајгич, како мрави, се некој одлучува да скокне во брачните води, да се тресеш дали ќе те поканат на уште некоја свадба, па поклони, па „што ли ќе облечам“, па „море онаа пак во истиот фустан“.
Си купив тостер, реакцијата на радост и достигнување ми беше како да сум си купила вселенски брод:icon_mrgr:, ама барем му се израдував како мало дете, овој Џеф Безос 150.000 тостери да си купи нема така да се израдува.
Па да си мечтаеш дека еден ден ќе бидеш дел од публиката на Гармиш - Патенкирхен или Виенскиот новогодишен концерт, па ич не би имала проблем да ја следам Големата награда на Малезија на пример де, ете и Бахреин прифаќам, не е проблем :pipi:.

Се на се, сума сумарум го жалам Џеф Безос, гарантирам дека и нему му е досадно.

П.С. Математичка задача: Јас и Џеф вкупно имаме 150 милијарди $ и 1560 денари. Колку денари имам јас:icon_mrgr:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Конечно ми пукна филмот, изненадувачки издржав долго време пред да отворам уста и да станам трн во око по илјадити пат. Си го отежнав животот оти не знам да ќутам. Некој ќе рече оти е доблест да се збори вистината. Можеби е во право, ако збори за некое друго место, но не тука. Ме тапшаа по рамо оние мекотели околу мене кои што го мислеа истото, само беа презафатени во градењето на живеалиште во аналните регии на оние самопрогласени авторитети од кои што толку многу се плашат изминативе неколку месеци.

Ми се повраќа од нив, ми се повраќа од ова место. Не сум го видел светот а веќе ме плаши помислата дека светот е ваков, оти ова место и овие луѓе ќе ме следат насекаде, дека станале мнозинство, дека живеам во умствена утопија и дека моите убедувања не кореспондираат веќе со реалната ситуација, дека терам погрешна животна филозофија, се фрлам самиот во оган.
Од утре се ќе биде по старо, не променив ништо, полтроните ќе продолжат да ги хранат самопрогласените авторитети а јас ќе продолжам да живеам на маргините и да го набљудувам со гадење тој растечки хабитат на безрбетници. Ова општество ги затвори сите свои пори низ кои што младиот свет може да го канализира своето незадоволство, ја уби секоја критичка мисла. Работи за кои што до вчера не постоеше никаква дилема дека се погрешни, денес слободно флуктуираат низ општествениот простор како нешто нормално.
Заедничко за умрениот и глупавиот е што ни едниот знае дека е умрен ни другиот дека е глуп. Ме фаќа страв оти релативно паметни луѓе одлучуваат да молчат. Верувам дека насила да се правиш глупав е поголема трагедија од тоа природно да си глупав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom