Кајганке
Мала ретроспектива од викендов
Притисок 300, пулс 100, грло volume max, мили и драги соседи од срце Ви се извинувам за нарушувањето на јавниот ред и мир до доцни часови.
Ми се допаѓа споредбата со Давид и Голијат, како малиот и голорак Давид ја добива битката против моќниот Голијат. Ми се допаѓа што секогаш не сметаат за аутсајдер и баш како за инает од никаде никако ќе им ги помрсиме сметките и ете не на пиедесталот. Ми се допаѓа кога знаеме да се вратиме од отпишаните и да му покажеме на светот дека парата не секогаш е доволна за загарантиран успех. Баш кога немаме што да изгубиме, со крв и пот, знаеме како до посакуваната цел.
Момци, секоја чест.
Наклон за храброста, за пожртвуваноста, за посветеноста.
П.С. Ве молам да ја оставите Дунавка да се слика на раат со пехарот, заедно со Бокита