Еј драга, драга....
Регионален собир нумеро куатро у Монтенегро, Котор. Куцно је час, кренули смо некаде после полноќ, веќе 25и април. Како што е редот, пред поаѓање, паркираш на бенЅинска, проверуваш притисок на гуми, полниш резервар до врф, да клокоти, да се израдува фиќулето мое, переш аутото и тргаш, тргаш на провод кој знаеш дека ќе биде нешто незаборавно, како и сите 3 предходни.
Ги збираме Веки и Изди по пут, и возакаме накај КосовА граница. Уште не си кажавме ни „среќен пат“, ете ти фиромјанска полиција, прета со палката на Качанички Пат. Хорско пцуење на сфе фиромјанско, од грујо до бранко, до јанкуловска, до сФе што ни дојде. Застанувам, отварам прозор, сите тифки. Добро вечер, документи, му подавам на господинот и ми вика, ајде отвори багажник. Претоварени внатре 5 души и ми вика. Имаш опрема. Да, се’ имам. Аааа имаш се’? Сигурно? Да проверувам?
Имаш сијалици? - Имам. Дај да видам. Повели....
Имаш елек? - Имам. Дај да видам. Еве...
Имаш сајла? - Имам. Дај да видам. Еве...
Имаш резервна гума? - Имам. Дај да видам. Еве повелете господине... Ама, ова ти е само гума, немаш бандаж (пошто ранецот беше ставен во средина не се гледа). Му викам. Има и бандаж, не се гледа, треба да вадам се’ за да видите. Ајде вади.....извадив. Добро....
Имаш трокут? - Имам. Дај да видам. Еве....
Имаш прва помош? - Имам. Дај да видам. Еве...
Ме гледа бледо 10 секунди, ќути и ми вика. „Браво бе Филип, па ти се’ си имал. Али времево ама ве заеба за Котор, ви врне #hehe“. Пу матер ти....
После ова, знаеф дека ќе биде дрско патувањето, знаеф дека ќе има мн лајна
Тргаме конАчно, влагаме во Косово и цариникот „како то да одите 4 мушка и 1 девојка? Како она сама #hehe“. Се смееме нешто со него, она нас сречан пут, ние него добра нојч и тоа е тоа. Некаде во Косова, пред Призрен некој побара во тоалет, па застанувам на бензинска насловена Ибрахим Петрол и викам, дај да достаам плинче што сум потрошил. Доаѓаат двајца младиќи и му викам, ауто газ фул 10 литарс. Он ме гледа, става, нешто коментираат и ми се врти со најјакото прашање EVER (пошто имам лоша голема брада).
Are you muslim?
Почнувам да се смеам, почнува и он да се смее, сфати ваљда дека ме праша глупост, се поздравивме, и опет на пут.
Косово полека го проаѓаме, влагаме во Албанија, длабоко во ноќта веќе 4 часот, се возакаме, кој спие, кој блада, кој малтретира со глупи теории али битно имаше некаков муабет. Едно време почнавме да ги кажуваме репликите од „Кад порастем бичу кенгур“, како на пример „удри брацо, кидај брацо“, „Брацо, алфа сељачино“, „Љубице, си породила веч тај еспресо“, „какву сам пичку возио, брука еј“ „скроман дечко, све паре шаље кеви“ и се смееме до солзи, пошто филмот е легендарен. Стигаме до Шкодер, на 15тина километри од црногорска граница, веќе се разденува, 5 и нешто, тој што спиел почнува да се буди, бара за јадење, водичка ова она. Стигаме на граница, некоја ситна гужва, чекаме да пројдеме и „не знам“ на кој му текне за мемиња со просечне сербенде, џим баја, кладионичаре и слично
Во рок од 20тина минути, направивме едно 50 мемиња, се дупнавме од смеење, што ни помогна и да се рассониме што би се рекло, па да се упатиме накај Котор. Граница до Котор, лабаво возење, пука сонце, што покрај море, што на планина. Ги оставам пред Олд Таун, вртам 11 круга низ градот, за да најдам гага паркинг пошто не ми се плаќа евро од саат и коначно, после некое време си најдовНе. Паркензи бите, враќање пред Стариот Град, влагаме внатре, си го наоѓаме хостелчето, фини луѓе. Оставаме пасоши, унапред си плативме и дечкото на рецепција вика, ајде за добро ни дојдовте, по еден вињак. Удривме вињак, се качивме у соба и на дремење, да одмориме.
Дојдоа во меѓувреме момциве од Котор, само да не поздрават и да ни кажат дека не чекаат да пивнеме после одмор и тоа е тоа. Накај 11 и нешто станавме, се тушнавме и правац во бар, на пиво. Доаѓаме, поздрав уште еднаш, гушкање, мување со организатори, наши драги пријатели можам да кажам, разменување подароци што си носиме, кој ракија, кој маици кој беџови и Бранко, еден од организаторите ни дава инфо дека Сергеј ФАКИНГ Трифуновиќ (УДРИ БРАЦО; КИДАЈ БРАЦО), Брацо кој го дупнафме од зборење по пат и кој е навивач на Ливерпул ќе присуствува на собирот, само не е сигурен кога ќе пристигне поради некои ангажмани кои ги имал. Курци палци и дај по едно пиво, хемиску и билтен, да го крунисаме ко шо треба доаѓањето. Прва утакмица, Ливерпул.
Чиста двојка, два у два, два у два и 3плус, два у два у два у два у два. Буткање, СИТЕ, нормално. Ливерпул е тоа. Знаевме ама ај, да се дешава нешто
Како се ближи време за текма, ете ги Босанците, нашите стари познаници, иницијаторите на првиот регионален собир. Изудин, Дачо, Ада, сите се тука. Исто, мување, гушкање, разменување подароци ракии срања, уште гушкање, смеење. Додека се случува тоа се убацуваат и Словенците, на чело со Шерив. Нив прв пат лично ги запознаваме ама знаевме дека ќе дојдат, нивни прв регионален собир.
Почнува утакмицата, сите внатре, певамо брате разбијамон ошли да гледају утакмици, напили се ко стоке, нису дочекали почетак утакмице. Ливерпул, мизерија али кој кур, алкохол, дружба, смеење, сфе на нивоу. Полувреме, надвор официјално си доделуваме благодарници, подоле слика од чинот. Дачо ни подели на сите, нашата му се изгубила па ја земавме пред камера демек наша а уствари на хрватите, пошто тие не дојдоа
Рече ќе ја прател по пошта али кој кур, битна е намерата...
Почнува фторо полувреме, влагаме сите внатре. Ливерпул мизерија, кој кур, си излегов надвор, си играф фудбал или што и да беше со 5-6 клинци, да не се нервирам. Си пијам пиво, трчам, се борам со нив и оддеднаш глеам дека пола кафич излегол надвор. Утакмица. Шукурац бајо мој, како Ливерпул каке пичке материне, дај се мало зезамо са клинцима.
Оддеднаш сфаќаш дека има повеќе луѓе надвор и го рогаат фудбалот на сите страни и се заебаваат, него во кафич да гледаат текма
Да го поздравам и Сале, лик кој после тоа разбрав дека е вокал на еден од најдобрите хардкор бендови на балканот, Hobson's choice, со кој се утепавме од смеење на рандом теми, се дупнавме од пеење песни, на крај и се сликавме за дуго сечавање и успомене итн итн...
Завршува мизерната утакмица, мртви пијани, мртво уморни цурик у хостел на спавање, да одмориме за вечер. Експресно заспивање, се будиме после пар сати, јас мртов, убиен од алкохол, убиен од сонце, убиен од пут, не знам кај се наоѓам. Тушинг, парче пица и назад на жур бур ева бујрум, забава луда до максимуН.
Игица наш се отвори поштено, другите си бевме попримерни, поготово јас, пошто шофер, сутрадан се врачаме а не сакав да ја правам грешката од вториот собир, цел пат пијан да возам и се воздржав. Завршува забава во Хавана накај 1, се крцаме у соба у хостел и кога мислиш дека сите сме мртви, се вади Тиквешка ракија, се вади Сараевско пиво, се вади Крушевачки вињак и лец гет дис парти стартет.
Муабет, смеење, срби, црногорци, словенци, босанци и македонци во една соба. Балкан у мало. Балкан у ептен маааааало маало. Кога мислиш дека вечерта ја достигнала кулминацијата, тропа некој на врата. Отвара Дачо врата и слушам „I wanna party with cool people and you are cool people, are you?“ 50 годишен лик од Канада сам си праи јуротрип, си игра курташак. Влага во соба и прво што си реков беше „ау брат, како се заеба што влезе“. Знаев дека тука ќе проработи формар југослав кај сите бифши републики. Он дојде за забава а он ни стана нас забава. Еден му праи муабет а сите го дупиме на мајчин јазик. Ние се смееме за него, он се смее, не знае зошто а уствари ни стана тема за ремет. Му праевме мемиња до 101 и назад
4 наутро, полека, еден по еден се откажува, време е за спиење.
Се будиме околу 10, до 11 и нешто треба да напуштиме соба, прво одат Словенци, треба да палат рано, па Босанци и ние задњи. Туш, веце ова она и во кафиЌ на кафе, демек да се освестиме. Влагаме во кафиќ и таму кој друг ако не Сергеј ФАКИНГ Трифуновиќ. Ја промаши утакмицата али со дојде. Брацо, јел може слика. Наравно да може...
Неколку слики испратени со „удри брацо, кидај брацо“. Фала многу, чао пријатно, сфе најдобро и тоа е тоа...
Рано е за тргање, скоро 1, си викаме ајде ќе го искачуваме стариот град на Котор, до горе околу пола саат. Си платифме 3 еуриќа за улаз и нагоре. 2ца се откажаа, јас Маја и Ведран4о си продолживме до горе. Успат мал милион слики, мал милион мемиња, мал милион солзи исплакани од смеење...Во прилог мемето на кое се смеевме 10 минути со солзи, без престан
Се симнуваме надоле, пекол, испотени, препотени и решивме (јес да имаше и пред тоа муабет ама ништо не прецизиравме) да се окупамо мало. За жал, не работеа градските тушеви и немаше каде да се тушнеме а немав намера солен да возам назад, ќе се чешам ко луд 7 саати у кола. Ништо од купање али ноЅите си ги брцнафме, чисто да се каже дека сме се посолиле.
На море у април, пошто у јули е премногу меинстрим.
Ништо од купање, полека се икрцаваме, на бензинска, да провериме притисок на гуми, да наполниме резервоар, навигацијата си ја местиме до Шкуп и палиме накај дома. За враќање, нема нешто посебно да се спомне освен тоа што кога јадевме сладолед во Бар од супермаркет, мислевме дека Ведран доби стан, па добри 10 секунди се радувавме. После тоа дознавме дека не бил стан пошто требало на корнетот и од другата страна да имало стан а имало телефон и демек разочарани и натажени си влегофме у ауто и правац кучи
За назад пар патроли со калаши низ Албанија, Косово мирно, си застанавме пак на Ибрахим Петрол (are you muslim бензинската), да напуниме некој литар, да се потсетиме и према Скопје. Дома, мртви уморни се искрцаваме полека, прво Изди, па Ведран, па Маја и Иги. Јас последен, буљаши. Дома околу 1 пополноќ.
Луди и незаборавно, како и секој регионален собир со фамилијата. Да ни беше клубот јак, колку што сме ние јаки, не знам каде ќе ни беше крајот
Следна сезона, да сме живи и здрави одиме во Љубљана или Марибор, зависи каде ќе решат браќата од Словенија. Како и да е, минимум 2000км вожња. Верува ќе се смислат едно 500 мемиња
П.С. Ме прогласија за Емре Џан на регионалниот собир