Веќе година дена уназад константно ми паѓа во око кога ќе видам некој пост тука со натпис најдоле на него "sent from blabla using Tapatalk" и си викам морам да симнам и ја некогаш тоа тапаталк, чим толку го користат, сигурно е нешто ептен корисно. Мака мачев со меморијата на стариот телефон, ама ете помина некое време си зимам јас нов телефон со поголема комоција на меморијата. Симнувам секакви гачки, па секако редот му дојде и на тој Тапаталк. Се логирам се, гледам малку хаос ми е, ама си викам ај ќе се снајдам и гасам вифи. Второ уклучување како бомби, цели две минути тап тап тоа звукот за нотификации, ставам сите звукови во нервоза на мјут, ме бараат сто луѓе креваат паника зошто не се јавувам, не знаат што мака си имам. Ај некако ќе заборавам, ќе исклучам нет, после некое време пак уклучив пак нотификации еден куп без престан само тоа свири тап тап, еден игнорантен звук, шест пати позаебан од овој на фб месинџер. Ми се приоди до вц, 5 минути од вц слушам како на секоја секунда стига тоа звукот ко некоја ретардирана игра ко флепи брд, со тапкање. И толку ми требаше, сфатив зошто е крстен уствари Тапаталк, бидејќи главата тапан ми ја направи. После 24 часовен престој во мојот телефон, апликацијата беше избриша, сега имам трауми да не налетам на некое типче низ форумов со "sent from my skup telefon using tapatalk"... nevermore