Која мизерија сме бе од народ страшна работа... Одиш на пазар, гледаш се ценкаат со луѓе кои цел ден мрзнат на минус температури само да продадат нешто, а прашање е и дали нешто ќе продадат тој ден, ги малтретираат тие луѓе за 10,20 или 50 денари да се исценкаат. Се ценкаат со стари баби/дедовци кои место да уживаат во пензионерските денови и да одмараат, тие мрзнат цел ден, пошто мизерија ни е државата и платите/пензиите во неа, се ценкаат со млади луѓе кои ни криви ни должни живеат во оваа вукојебина и немале ксмет како некој да наследат пари од мама и тато, па мора во стари алишта да седат на тезги да заработат за храна и сметки. Истите тие луѓе што се ценкаа, кога ќе излезат од пазарот се качуваат во спортско џипче и правец во СЦМ да чмаат по цели денови, таму како бакшиш да се направат џек пред другарите остават и многу повеќе од тие 20 денари, за кој претходно душата им ја извадиле на луѓето што мрзнат по цели денови на пазар. Државата ја прави народот што живее во неа, не кажувам на што сме паднати, бидејќи за да паднеме прво треба да сме биле на некое рамниште, ние со главите од нулта точка не мрднавме, за жалење сме, туга и јад.
И само уште нешто да додадам, парите ќе ви отидат, денес ги имате утре ги немате, тој посран карактер ќе ви остане.