Кајгана, ќе простиш што тебе нема да ти се обратам денес, ама имам нешто побитно за пишување.
Драг човеку кој си ме косоздал заедно со мајка ми. Никогаш не ми беше родител бидејќи никогаш не беше доволно емоционално присутен за да те доживеам како таков. Мислеше дека да ми дадеш пари е најголемата родителска грижа која можеш да ја направиш.
Од тебе драг мој родителу имам скршено ребра на два пати. Лузна до окото од шестата година. Којзнае колку удари низ цело тело примив од тебе. Навреди од „чудак“, „неприфатен“ па до „болно пиле“, „изолиран“, „забеган“.
Цело детство го поминав, родителу, плашејќи се дека ќе се самоубиеш. Цел живот се закануваше дека од твоето пошироко семејство се самоубиле 9-мина, а ти ќе си десеттиот. И во гради се чукаше гордо со тоа. Ама не се самоуби. Се затвораше во купатило со отров за глувци, ќе го пуштеше во тоалет, ама битно ќе направеше сцена. Ќе фрлеше 20 анти-депресанти низ прозор и ќе направеше драма дека ги имаш испиено. Имав 13 кога најдов писмо под на мајка ми перница во кое се простуваш од нас. Ама ни тогаш не се самоуби. Детството го поминав спиејќи лесно за ако чујам како твоја врата се отвора, да излезам да те молам да не се обесиш или отруеш. Ама ниту се обеси, ниту се отру.
Си заминавме пред 5 години, знаеше дека не сме финансиски стабилни и дека ќе ти се вратиме.
Ама пред 10 дена кога заминавме, со стабилни приходи оние кои те напуштивме, знаеше дека нема да те молиме да ти се вратиме дома пак. И идиотот кој беше, прати писмо до мајка ми со листа кој да се покани на погреб, и заблагодари неа дека те трпела 3 децении, и кажа на сестра ми дека ја сакаш, а мене ме нарече себично копиље. И испи пестицид. И ебено умре после една недела.
Не е фино последните зборови кои ќе ги чуеш од родител да бидат дека те гледал како себично копиље. Можеби и бев себичен. Пошто ти се секирав за среќата и те однесов кај 5 психијатри, двајца терапевти, а кај неколку други ти закажав, но ти никогаш не се појави. Можеби бев себичен поради тоа што ти кажував дека немаш причина за несреќа и само имаш ненаситно око и сакаш да се нервираш за џабе.
Не ми е жал за тебе, ти беше некој кој во идеален систем ќе го поминеше животот во бела кошула, во психијатриска установа. Криво ми е што прокоцка живот бидејќи те воспитале лошо, а ти не сакаше со прст да мрднеш да поработиш на себе. Е тоа ми е мака.
Не можам да ти кажам да почиваш во мир. Не можам бидејќи уште ме болат ребрата, мајка ми има пост трауматско стресно растројство, сестра ми комплекси, јас бев анксиозен цела ебена деценија, не можам бидејќи швалерка ти седеше до тебе на чело на маси додека мајка ми беше кетеринг служба, не можам бидејќи никогаш нема да ги заборавам модрите очи на мајка ми од тепање, никогаш нема да ги заборавам скршените прозорци само пошто тебе не ти бил денот, не можам да ги заборавам маваните чаши по сите нас поради тоа што си сакал да не убиеш ради онака.
Се надевам еден ден ќе ти простам. А да почиваш во мир - нема. Ќе гниеш, родителу, ќе гниеш, и тоа е твојата казна за тоа што ние живи гниевме четврт век.
Со мајка ми зборевме прееска после погреб. Не ни се верува дека го нема повеќе човекот кој мене ме суди дека им помагам на романтични партнерки со готвење, кој ја алиенизира мајка ми од нејзините си роднини, кој сопствената мајка ја нарекува курва, кој сопствената ќерка ја нарекува дебела свиња која парите си ги дава за некој да ја ебе.
Епа гниј, гнидо, гниј.
Извинете за преголемата омраза во постот. Ми дојде.