Кеј,
Ти ветив еден филозофски пост вчера или завчера.Небитно.Излегов на прошетка со еден близок пријател пред некој ден на прошетка низ маало.Навака натака муабет си тече и одеднаш и двајцата сфаќаме дека кога и да се видиме се се сведува на истото, пари образование и животот што го „имаме“.Во животот ние обичните граѓани имаме два избора.Или ќе работиш за 200-250 евра и ќе крпиш крај со крај, или ќе учиш за таа толку посакувана диплома и после пак ќе работиш за 200-250 евра.Суровата реалност на просечното македонче во оваа гнасна држава за младите.Уствари младоста е врвна во државава до ебани 16-7 години.Е после ти доаѓа тулата у череп со изборов од погоре.Ама после си викаш кој ве ебе сите бе еден ден ќе успеам и ќе ви се изнамочам на изборот што ми го нудите, јас сам одбирам што ќе бидам.И ја креваш главата нагоре , голташ и продолжуваш напред.Сфаќаш дека не си од тие што папучната врвца им е падната у мед и дека не ти е се наредено во живототм туку треба првин да ги најдеш коцките па после ти сам да почнеш да ги редиш.Е што ќе изградиш зависи од твојата желба и упорност.Се што треба да сториш е да не дозволиш некој да ти ги украде коцките и скрие некаде далеку.Тогаш веќе забораваш и кој си и што си , а најмалку од се знаеш што сакаш понатаму.Затоа никогаш не треба да го заборавиш детето во себе и одговорот на толку поставуваното прашање што ќе бидеш кога ќе пораснеш.Лека ноќ жолта