Драга кајгана ,
Back to reality
Бев 2 недели во Македонија на одмор и празнично (Велигден). Па да ти кажам убаво си поминав во Мк, не беше лошо , направив 4 третмани за слабеење во Силуете, се шишав , бев на заболекар (да де, ефтино е здравството во Мк ), се видов со тие што треба , дома ставивме нова влезна врата и ги сменивме прозорците , мајка ми нејкела да слуша галама од надвор.
А ако те интересираше дали се смував со некој - НЕ !
Не знам дали ти имам кажано ама секогаш кога се возам со македонци во авион си поминувам супер оти сме мирна нација , добро де имаме озборувачки менталитет, ама генерално сме мирни .
А да, заборавив да ти кажам, си купив и 4 книги на македонски да читам во слободно време.
Ај сега да седнам и да те читам што сум пропуштила низ темите тука.