Драга Кајгана (виртуелен дневник)

D

Daedalus

Гостин
Да им се лутиш и да се нервираш со таквите како @Brutus @bitushanec @dzonyb и сличните, е како да се нервираш со расипана лента.
Расипаната лента нема свест, не резонира, расипаната лента работи на едноставен принцип, а тоа е тригер, лентата потоа прави одредени акции. Толку.
На нив тоа им е работа. Комуницирање со нив, е комуницирање со ова.
Едноставна сугестија кон сите, а тоа најверојатно е најефективното решение што може да се изведе против вакви ботови.
Сите стиснете „игнорирај“ на нивниот профил.
Толку. Нека си прават монолози.
Ама сите што ќе го прочитаат ова, нека го направат тоа веднаш.
Само модераторите да ги пазат за ако почнат да спамаат да бидат банирани.
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Драга Кајгана,

Дружењето со тебе беше кратко. Но еве повторно се вратив. И скроз заборавив се од форумов.. Проштевај ако правам грешки ..

П.С. Како да го сменам nickname-от?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Драга,

Ај еден поклон за оние што мислат дека буквално секоја нова особа што ја запознаваат во животот било како и каде - им се пушта, ги свиѓа, им се додворува и не може без нив! :cuc:
Стварно е за чудење, од толку различни луѓе кои различно гледаат на лепота и карактер, стварно се чудам како некои можат да си мислат дека се онака, универзално убави или пак тоа нивните феромони се најпривлечни. :pipi:
Мене пак ми е глупо да им кажам - абе не ти се пушта, само досаден е знајш. Или пак културен е дечкото, ти прави муабет ко човек. Или пак тоа му е начинот на комуникација едноставно.

Но не Драга, за нив е битно дека секој им се пушта. Нема поинакво размислување и тумачење.
Им се пушта! :facepalm:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И јас го направив тестот.:oops:
Ти си ракче-богомолка!

Мистериозна и убава, не се плашиш да ги употребиш моќните канџи за да го нападнеш, зашеметиш и растргнеш пленот...

:pipi::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Инаку април ми е најпрекрасно меланхоличен месец. Го обожавам. Омилен месец ми е. Едноставно има нешто... Ме прави меланхолична, ама и мирна.

И да, деновиве ја убив од слушање од песнава, не можам да престанам::place::place::place::place::place::place:
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Ти си влакнест мамут!
Толку си единствена што практично си изумрена, но светла страна во сето тоа е што научниците се надеваат дека еден ден ќе успеат да те клонираат!

А цело време си мислам дека сум зачната од предсемена течност,од пола свршка или од сутлијаш,пошо во се сум ''половична'' и ништо до крај не завршувам (или се е во последен момент) така да ги замолувам научниците да не ме клонираат,само нека ми го најдат the missing part... Еднаш во живот да се почуствувам целосно па макар и како влакнест мамут :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
- Хххххх.. и велам прееска на жената „ не мора да одиш на работа повеќе“
- Е како, вели таа.
- Слушај и велам јас,колку имаш до пензија.
- Па уште три-четири години,ми вели таа.
- Ете видиш, и велам јас,сега треба малку математика.
- Ај кажи ми вели таа.
- Не си слушнала, 15 месеци породилно,земаш 2 пати по 15 месеци,некој месец и боледување и ете ти пензија потоа.
( и велам јас и ја влечам кон креветот и и шепкам на увце МНОГУ ТЕ САКАМ:)
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Ти си џиновска лигња!
Може да добиеш сѐ што ќе намислиш и/или напипаш.

yeah, right... :rolleyes:


Драгиња, држи среќа утре да не ми се погоди лошата од студентски... да завршам работа ко што треба. :coffee:
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
дикеј како арна си ми поим неам што се дешава у државава вести не сум седнал да глеам едно месец дена мозда
окупирале полициска станица ако
војна не ми се верува дека ке има пак али ајде бар ке бидам пораат од извршителите и ЕВН ако има случајно
ајде биди ми поздравена ........
и знаеш што ке биде најтрагично од безработицаа и мизеријава што сме тие што се најзаглавени и најзагрозни ке идат у војна а дзандариве што изиграваат каубоци и рокаат казни први ке бегаат од војна ајде биди ми поздравена.....
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Ти си медоносна пчела!
По природа си вреден работник, па сѐ уште наоѓаш време да застанеш и да ги опрашиш цвеќињата.

I see what you did there :cautious:
:cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom