Само мене ме вади од такт некој кога ќе ми пише со "š" или има и други што мислат така? Мислам, при наша кирилица, при латиница на тастатурите некој ми пишува на српски или што и да е ова гомно од буква. Безвезно е ама ете ме живцира.
У задње време скоро секој ден сонувам некои вознемирувачки сонови, еве ноќеска на пример се степав со еден муштерија, му се раздрав на газдата по телефон, две работи што во реален живот никогаш не се случиле и нема да се случат. Башка што во реалност немам ама баш никаков проблем на работа, се си е океј без притисок и без караници.
Пред некој ден сонував како сум испукал некој пред зграда кај мене, и тоа цела рамка сум ја испразнил во човекот што го утепав...
Не знам кој ми е курот ама ниту сум се степал некогаш ниту сум насилен по природа.
Имам една комшика, во другиот влез живее, со никого не збори и се гледа од километар дека е забегана. Одам да им однесам нешо на комшиите што живеат до неа, ѕвонам јас и овие дека стари луѓе им треба време додека да дојдат до влезна врата, да отклучат, да отворат а у..., и слушам звуци од кај таа чудната комшика што не збори со никого. И се сконцентрирав накај неа за да чујам што вика и одеднаш слушам: ОТРООООООООООООООООООООООВ, ОТРоооооооооооооов, само отрооооооооооооооов, копилеееееееееееееее едно само отров, и ова го повторуваше едно добри 20-30 секунди и си викам чек да ставам уво на врата за подобро да чујам, се гледа жената не е нешто во ред и одеднаш кога акна со тупаница во вратата абе од петни жили ме извади, мислам дека во живот се немам толку исплашено. Кревам поглед гледам горе во ќошот камера.
![Гик :гик: :гик:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/geek.png)
И нормално повторно викаше отров отров, викам Стефане тргај се оваа да не искочи со некој нож или некое друго оружје и да ти ебе матер. Во меѓувреме отворија луѓево и ме гледаат таков збунет, и таа жената ми вика тоа е Стефче, секој ден го трпиме истото не знаеме што да се прави веќе.
Исто има навика од прозор да плука по секој што ќе поминува, не знам стварно зашто не ја пријават да ја соберат службиве. И викам на мајка ми оваа ќе направи беља у скоро време гарант, кога и да пројдеш покрај неа на улица стега тупаници, почнува да се тресе и мрмља нешто во себе, како да добива панични напади на агресија.
Забегав ај, идам да го испијам утринското кафе и да го напраам секако недобитниот тикет за денес. Воздрич
![Кајгана :kajgana: :kajgana:](/styles/default/xenforo/emot/kajg.gif)