По за прв пат посетување на Кајгана во период од неколку седмици, ова се накусо моите први впечатоци:
1., напишан пред околу десет дена
Голем број на коментарите ми предизвикуваат доживување на вистинско ОТКРОВЕНИЕ.
Наоѓам ... : сме имале исти мисли и исти чувства.
Живот и разум сеуште постојат не само кај некои си ексцентрици туку во многумина, и восхитувачки е да тоа се види како на дланка, на екран.
Кога би бил искрен, на секој трети коментар би ставил „Ми се допаѓа“.
Можам да речам, добар дел од коментарите се подобри од тие на странски форуми.
Тоа беше 1.
2. Гледам, еден напишал добар коментар. Друг се надоврзува со коментар кој е исто така доста добар. Првиот и вториот воглавно се сложуваат. Потоа следува ништо.
Како ,ништо’?
Па, Ништо. Крај. Кога ѕидар ѕида, става една цигла, друга покрај неа, и над нив трета. Тука е без трета. Нема синтеза. Се’ се одвива без градење.
Држава ја проголтаа Langoliers, и ние се најдовме во ситуација како она девојче во земјата Оз. Златни плочки што и ние гледаме е јалово – тие се тука и таму, без нивна меѓусебна поврзаност во пат кој би не’ избавил оттука.
Форумски коментари минуваат како вејки на ветрот, оставајќи оваков или онаков впечаток, пред да бидат однесени и поклопени од матната река на времето.
Додека под 1. зборував за блискост, ова одсуство на схема и план ми е ТУЃО.
И заканувачко.
Тоа е број 2, напишан пред недела дена. Одлагав да него и 1 ги објавам, заради 3. Имав роблеми да најдам зборови за третиот впечаток. И ги имам и сега.
3. Гледам, пак еден напишал добар коментар, друг се надоврзува со коментар кој е исто добар, и ја зафаќа темата од друг агол. Првиот и вториот си упатуваат реплики полни со сарказам, и како резултат едниот губи нерви, употребува погрдно име ... на тоа реципрочно му се возвраќа ... И тоа оди без крај ... Во бесконечност се редат физиолошки функции, гадости, псовки, по број и честота далеку повеќе него на било кој форум, било кое место за дискусија
- кое е паметно. Паметноста која ја опишав под 1. наеднаш се гледа како погрешен опис , посебно откако изби најновиот политички скандал.
Очекувам реакција од типот: Зар е можно да во 21. век ви се замера и брани да се изразите слободно макар на интернет. Имате
ПРАВО да се изразите како сакате. Автентично. Искрено. Пишувате онака како што народски се зборува - без малограѓанска самоцензура. Изразувате свој револт, и имате
многу добри причини за него. Случувањата го прегазуваат човек. Никој не те ферма.
Мој одговор: Се’ што објавите на интернет добива пристојно внимание. И денес, и во иднина. Државни агенции во светот го архивираат, некои и го читаат. Историјата е полна со луѓе револтирани и со бунтовници, и ретко кој од нив оставил зад себеси страници и страници на текст зачинет со пцуење. Странец кој ве опсервира и се двоуми дали сте народ или да верува на оние кои ве нарекуваат багра, веројатно би тежнеел кон одговорот „багра“
. Врз база на на сопствени фактички опсервации. Вашите потомци веројатно ќе можат да од архиви читаат се’ што сте пишувале, сосе вашите гадости празни во аргументациска вредност и одбивни за секое битие со чоештина.
Човечки суштества кои ги цените, нпр. Словенците кои завчера викаа и се довикуваа на моја улица како да нема никој околу нив, со нивните огромни меови, ... Јапонците кои, возрасни, се
буткаат и тепаат за детски колачиња и имаат
правно-полициски систем хорор ... - Дали тие се на повисоко културно ниво од Македонците, е прашање чиј одговор бара попрефинети психометриски и други научни истражувања од денешните.
Деновиве студирам навраќајќи се на
овие правила, и ова, и овие: упатства чие следење е тешко како да е висока техничка вештина. Совладување на вештини на дневен живот е такмичење со самиот себеси, и без крај.