Периодов ми е хаос, шпартам наваму натаму, сакам да завршам сто обврски наеднаш, треба да магистрирам за брзо, ама затоа што магистерските ми беа 3 години ќе ми дојде и како уште еден факултет, а тоа значи дупло промашен факултет и дупло невработен. Важно секој месец одам во бироно да се чекирам ко барател на работа, во овие три години ми се јави само едно бате и ми рече „абе имам понуда за работа најлесно е си седиш на стол и со клинци коиш гајби за јаболка“ и мислев дека е скриена камера ама за жал беше сериозен.
Плус, во меѓувреме средувам една гарсоњера што ја имам за издавање за летово на аирбнб некакви филмови ме пукнаа ќе терам работа да го извадам летово, а станарот на кој што му го имав издадено една година (колега ми е) имаше толку трева испушено внатре што морав одново да варосам, па ај прво од тоа го викнав Ашим комшијава, молер е, и ај ко и секој молер курој пички такви муабети, онака секојдневно, па ми раскажа дека некој другар негов отворил лажен профил на фб и напишал дека курот му е 24 сантими па од Охрид му пишале вкупно 4 жени и 30 мажи и нешто продолжи со абе све е педерлана вака така, ама се на се на крајот од денот убо си вароса чоекот, со се негови материјали, па не мораше да одам по продавници.
После тоа другиот ден ај да викнам чистачка да го средам ко шо е редот, најдов една, живее подолу од мене исто така чисти само кај луѓе што ги знае, и ај атер мој ќе дојдела и ми спушти на цена, ама ко го виде станот во каква состојба е, не шо ми ја спушти туку обратно ја накачи и првичната цена, џупска работа али ајде нема врска не замерувам дури и бурек и купив. Натопи женава со авакс цел стан ми вика Абе си одам јас утре ќе дојдам во 7, и велам еве клучов јас во 7 не планирам да станам за да ти отворам, и ајде ми рече ама дојди денски да ти гледам на кафе, гледала на кафе луѓе со редици чекале да им гледа, и ај си реков верувал не верувал во тоа, нека ми гледа барем ќе и го напрам кејфот ќе ми го исчисти станот поубаво.
И ојдов со Браво кафе, ме враќа назад ми вика Абе будала еден само со Пела кафе се гледат убо на кафе, оди земи такво, и ај се вратив... одам пак, ми кажа ко шо е редот, успех, бројка седмица гледам, имаш душман, некој ти прајт работи позади грб, еве една змија ама не е порасната, грижи имаш (пошо ова е ретко кај човек да се сретне), па после она стандардното - ќе добијаш убав абер од некоја со црна коса, ја гледам буквата А (зошто шо како не се разјасни), ќе одиш на долг пат, а у и ајде и се напрај ќејфот, и на крај ми вели - ама ова гледањево на кафе е за во рок од еден месец, пошо знаеш оваа како мајка ми се постави, ме исшколува ме израсти па сега уште месецов да го изгураме остана.
И ај го средив и тоа, си одам дома после 3-4 дена средување со луѓе, си реков таман ќе ја завршам тезата, ќе пуштам некое филмче, кога оп кај мене нашколо го гледам точакот што му го украдоа на татко ми пред 3-4 месеци, одам како шериф деца играа фудбал, чив е точаков, од овај е, ми излезе едно бате 10 годишно ама една глава повисок од мене, асли џуптин ама дипломатски речник држеше, ме бендиса си реков можда не е мојот точак, ама беше префарбан на пола, сменато колце, кочница, класична џупска естетика, мораше да е мојот. И ај се запознавам со батево, му велам вака и вака, тој го викна татко му, леле реков којзнае што татко има ќе ми ја учука една ни точак ќе видам ни ништо плус зијан ќе сум некој заб или конец, и доаѓа татко му Роберт исто учтив џуптин да се разбериш ко чоек, абе ми вика вака и вака го купив од тој и тој ако се испоставит дека е украден, ќе одиме заедно кај него јас ќе го претепам и ќе си ги земам парите а ти земи го точакот. И ми остаде бројче контакт се, уште визит картичка шо не ми даде, отидов во полиција пријавив шо како, ги искодошив џупциве ко Леонардо Дикаприо во филмон од Скорсезе, и ај нема врска, чекам сега да видам кога ќе одиме да го тепаме тој за точакот.
Хаос е се, ама на крајот на краиштата мислам дека во ова општество само со џуптин можеш да се разбериш и да си завршиш работа, така ми испаѓаат математикиве.