Околу година и половина мака мачам со купување на таксени марки преку мобилен, а во 2018 година на оваа технологија срамота е таксени марки со уплатница да плаќаш. Бев пред пола година во ВИП ми кажаа дека нема никаков проблем и не можат да го решат, се јавував во контакт центарот неколку пати, ништо, па чарето беше да го пишувам името со една дуплирана буква и успеваше некое време, имам пишувано и во темата за ВИП, ама само за кратко. Од кај други луѓе пробував и исто и кај нив имаше проблем, не само со моето туку и со друго име, секогаш повратната порака беше невалиден формат на порака, иако секогаш форматот беше точно како што треба. И денеска пак ми скисна, ама отидов во другиот салон на ВИП шо ни е во градот. Никогаш не сум влегол таму, секогаш во тој поновиот одам. Го кажувам проблемот, викам абе земав и нов телефон и нова тарифа ставив, ги пробав сите можни начини, стварно немам идеја шо може да е проблемот и таа вработената ми вика нешто до телефонот е проблемот, дај пробај со друга тастатура, стандардната од телефонот. Мењам од SwiftKey на стандардната Самсунг тастатура и без проблем купив таксена марка. Толку време се замарам со ова и никогаш немаше да ми текне дека е волку банален проблемот, ти ебам и тастатура и се`. Уште не ми е јасно која е разликата во буквите што ги пишува SwiftKey во однос на стандардната тастатура, ама искрено и не ме ни интересира веќе. Господ здравје да и` даде на вработената ме спаси од нервози, од цел ВИП единствен човек шо го откри проблемот, незгодно ми беше веќе да ги замарам другите за една ебана таксена марка. А останатите од ВИП можат слободно да си ебат матер, сите по ред, не може кај нив нешто да биде како што треба и без проблем.