Глеам многу рејџ последниве страни па морам да искоментирам.
Океј, срање ни е државата, менталитетот, народецов наш е никаков, не иритираат милиони работи од нашето политичко општествено секојдневие, сите се селат некаде, неаме пари, се мачиме, вип-мип-евн, институции, банки, факултети. Been there. И океј е што си ги споделувате приказните на кои сите сме биле изложени. Еве, на пример... не зборам за сите, ама голем дел од вас кои што мрчите (и ја мрчам, да, си признавам дека припаѓам у таа група општо, не само на форумов) ништо не преземате со работите за кои што промрчувате (myself included). И тука лежи зајакот, тука јас полека сфаќам дека ако мрчам само ќе се нервирам повеќе мислејќи на дадената ситуација, притоа без НИШТО АМА БАШ НИШТО да не преземам во вид на акција/дејствие за да го подобрам и level up-изирам македонското гомнастично секојдневие. И затоа веќе мојата тенденција за замарање се намалува опасно под 1%.
Прашањето е, дали вие сте се запрашале самите, дека во барем неколку ситуации неделно и вие "хејтери на македонските медиокритети" (меѓу кои што и ја се вбројувам, последен пат потенцирам!) сте припадници на "стадото" со некои ваши навики или дејствија. И тоа го тврдам, бидејќи и ја припаѓам у таа група. Нема перфектен, нема идеално совесен граѓанин никаде во светот, разберете го тоа.
И вие сигурно не сте идеални, сигурно си имате вродени "македонски маани" ко сите што имаме, и вие правите некои глупи ситници кои се одраз на вашата/нашата македонска крв баш како ликовите што ги опишуваме. И многу пати ваши некои навики се примитивни, медиокритетски или едноставно кажано "македонски".
Патем, често пати, проблемите не се толку ситни и површни ко што ги претставувате/претставуваме, туку многу подлабоки и поинхерентни и неможете така едноставно да бидат сведени на голи случки.
Многу збориме, не се глеаме себеси, а ако се погледнеме себе си подлабоко ќе сфатиме дека сме едно (само едно!) ниво погоре од неандерталциве кои ги хејтаме, бидејќи ние само го препознаваме лошото дејство, а притоа не преземаме ништо контра истото и со тоа истото однесување поминува т.е се простува на некој начин. Да не зборам да потегнеме допполнителна еволуција и развој на македонската граѓанска свест откако првично ќе се избориме за целосна трансформација и подобрување на истите навики на ниво на колектив. Така да, на некој чуден начин ние само сме неми посматрачи и хејтери на сите гомнарии кои се случуваат во нашето секојдневие, истите оние гомнарии кои ради нашите "големи посматрачки нагони" се чини дека се мултуплицираат на ненормален начин а притоа со нашето "недејствување" како луѓе кои препознаваат канцер ние самите не сме прееволуирани во споредба со самите опишани неандерталци кои ги хејтаме.
И, at the end of the day, ништо не преземаме за истите говнарии и едноставно ги трпиме тие работи и утеха наоѓаме во празнење преку статуси/твитови/постови или што и да е, без притоа суштински да мрднеме макар со прст.