Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Песнава ми е буквално soundtrack на последните 5-6 дена. Да не звучам како тинејџер, ама стварно 90 посто од текстов ко за мене да е пишуван. Освен што не „заминувам“ никаде, барем не сега.


Помислувам да ти се јавам, ама јбг, знам оти ништо добро нема да излезе од тоа...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ги сакам оној тип на луѓе кои кога групно треба да се оди некаде тие се први и не прашуваат ни каде ќе се оди ни со што. Важно се оди некаде.

За разлика од нив некои имаат пари и слободно време, а не знаат како да уживаат. Ни виделе нешто убаво и поразлично од дома, а ни плачат за да видат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Драга,

Она знаењето од факултет го користам моментално само за да му ги објаснувам сметките и изводите од банка на дедо ми. Бар човекот мене ме чека само, на никој друг не му ги дава. :LOL: Човекот не е мирен кога ќе види салдо долгува, па му треба уверување дека не должи. :D Како и да е, 4 години изгубени баш во цутот на младоста, кога видот ти е подобар, кичмата не те боли, не те мрзи да се дотераш, да излезеш, не те тераат да се мажиш, не си во мид 20ти кога по сите стандарди си требал да си го решиш животот. Да, дека ова е слагалица, па ќе си сложуваме како ние сакаме и кога сакаме, ок.
Не дека скроз ја фрлив дипломата, може ќе се најде за понатака, сега засега е забаталена. Има многу полиња во кои можеш донекаде да си се пронаоѓаш, ако не си фатен за ебаната диплома. Ако не го користиш мозокот за учење понекогаш на нешто ново, што ќе ти е?

Не дека се жалам, напротив, имам работи кои знам дека не ги заслужувам целосно, или не возвраќам она што ми се дава реципрочно. Или обратно. Се е тоа во ред, балансот е битен.

Нова работа што сакам е бирото. Пола соба е долго, не се радувам толку за повеќе простор за работа, колку за тоа дека конечно имам простор за слагалиците од 1000 парчиња. Имам 3-4 купено, не дека сум имала можност тогаш да ги склопувам, туку сум ги земала зашто ги планирам за во иднина, а ако не ги купиш, може нареден пат ќе ги нема. :D
Стандард тупење за женски пол е дека врска си немаме од штрафови, жици, ориентација ... При склопување на бирово некни, моето решение при проблемот вроди со плод и затоа сега е склопено и вредно во практична смисла. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Дали ако ти имаш проблеми дома треба се да им кажуваш на другите и да ги замараш со тоа? Што е со луѓево, се нешто тие напнати, нервозни. Дно луѓе!

Успат замисли вака како што иде лето (до душа мене ми е веќе дојдено) да си живееш понастрана од комшии негде на планина, во убава куќичка, и во дворот си лежиш на лежалка, се клатиш лево десно, гледаш нагоре кон дрвата, те дувнува ветар и ги слушаш птиците како пеат:love: Само што мислам се релаксирам:D
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
The three most harmful addictions are heroin, carbohydrates, and a monthly salary.”

Квотава ме потсети кога работев во банка пред неколку години и како 100% е вистина посебно денот кога треба плата да се пушти сите во еуфорија се и на 2мин провери дали пуштиле плата е муабетот.
После тоа ме потсети како ризикував се и ја напуштив стабилната работа од 8 до 5 плус 3 саати од кој 1.30мин прекувремено и 1.30мин превоз.
Мојот алл ин потег беше катастрофален неуспех поради регулаторно административно бирократски срања и беше тежок удар за мене.
И како после тоа чекор по чекор по чекор, и така 3 чекори напред два назад секој ден со еуфорични победи и катастрофални порази и силна мотивација да бидам подобар стигнав до мојата цел за финансиска независнот преку она што го сакам, само немав храброст да тргнам по неа порано.
На крајот од денот едно е сигурно месечната плата ја намалува амбицијата, убива креативноста и желбата континуирано да бидеш подобар и подобар.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.138
Поени од реакции
8.229
Јас сум ако пропадне и овој обид со Република Крушевска Македонија, да пробаме повторно со наш предлог, со нешто од типот Македонијаа, Македониј_а, Mакедонија2 (на анг. Macedoniaa, Macedoni_a, Macedonia2). Како во случајот кога регистрираш нов мејл, ама зафатен е, па бараш најблиска алтернатива. Пример се викаш Трпе, ама зафатено е и пробуваш со Трпе1, Трп_е, Трпее итн.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да чади или не, прашањето е сега, не е проблем ќе ги направам да чади ама 6 многу се ќе се угушиме :icon_lol:.
 
D

dobramuzika

Гостин
јас - пиво и кикиритки, татко ми - млеко и колачиња. :)
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Баталете Заев,Груевски и останати политичари без интегритет и свое мислење.Има еден батка во Хрватска докажува како е да бидиш политичар со чест и достоинство.Политичар со свое мислење и со мозок :cuc::cuc: Еден ваков во Македонија барем да се појавеше.

https://www.facebook.com/pernari/
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Кајги, страв ми е од летање, и се пичкам многу... ама никад не сум направил ко денес... толку многу страв да ми е што си отидов пред бординг... налет и шетање и парите и све у курац... него муабетот е до кога така м ? ... ништо сеа 3500 км со кола ... ваууууу
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Периодов ми е хаос, шпартам наваму натаму, сакам да завршам сто обврски наеднаш, треба да магистрирам за брзо, ама затоа што магистерските ми беа 3 години ќе ми дојде и како уште еден факултет, а тоа значи дупло промашен факултет и дупло невработен. Важно секој месец одам во бироно да се чекирам ко барател на работа, во овие три години ми се јави само едно бате и ми рече „абе имам понуда за работа најлесно е си седиш на стол и со клинци коиш гајби за јаболка“ и мислев дека е скриена камера ама за жал беше сериозен.

Плус, во меѓувреме средувам една гарсоњера што ја имам за издавање за летово на аирбнб некакви филмови ме пукнаа ќе терам работа да го извадам летово, а станарот на кој што му го имав издадено една година (колега ми е) имаше толку трева испушено внатре што морав одново да варосам, па ај прво од тоа го викнав Ашим комшијава, молер е, и ај ко и секој молер курој пички такви муабети, онака секојдневно, па ми раскажа дека некој другар негов отворил лажен профил на фб и напишал дека курот му е 24 сантими па од Охрид му пишале вкупно 4 жени и 30 мажи и нешто продолжи со абе све е педерлана вака така, ама се на се на крајот од денот убо си вароса чоекот, со се негови материјали, па не мораше да одам по продавници.

После тоа другиот ден ај да викнам чистачка да го средам ко шо е редот, најдов една, живее подолу од мене исто така чисти само кај луѓе што ги знае, и ај атер мој ќе дојдела и ми спушти на цена, ама ко го виде станот во каква состојба е, не шо ми ја спушти туку обратно ја накачи и првичната цена, џупска работа али ајде нема врска не замерувам дури и бурек и купив. Натопи женава со авакс цел стан ми вика Абе си одам јас утре ќе дојдам во 7, и велам еве клучов јас во 7 не планирам да станам за да ти отворам, и ајде ми рече ама дојди денски да ти гледам на кафе, гледала на кафе луѓе со редици чекале да им гледа, и ај си реков верувал не верувал во тоа, нека ми гледа барем ќе и го напрам кејфот ќе ми го исчисти станот поубаво.

И ојдов со Браво кафе, ме враќа назад ми вика Абе будала еден само со Пела кафе се гледат убо на кафе, оди земи такво, и ај се вратив... одам пак, ми кажа ко шо е редот, успех, бројка седмица гледам, имаш душман, некој ти прајт работи позади грб, еве една змија ама не е порасната, грижи имаш (пошо ова е ретко кај човек да се сретне), па после она стандардното - ќе добијаш убав абер од некоја со црна коса, ја гледам буквата А (зошто шо како не се разјасни), ќе одиш на долг пат, а у и ајде и се напрај ќејфот, и на крај ми вели - ама ова гледањево на кафе е за во рок од еден месец, пошо знаеш оваа како мајка ми се постави, ме исшколува ме израсти па сега уште месецов да го изгураме остана.

И ај го средив и тоа, си одам дома после 3-4 дена средување со луѓе, си реков таман ќе ја завршам тезата, ќе пуштам некое филмче, кога оп кај мене нашколо го гледам точакот што му го украдоа на татко ми пред 3-4 месеци, одам како шериф деца играа фудбал, чив е точаков, од овај е, ми излезе едно бате 10 годишно ама една глава повисок од мене, асли џуптин ама дипломатски речник држеше, ме бендиса си реков можда не е мојот точак, ама беше префарбан на пола, сменато колце, кочница, класична џупска естетика, мораше да е мојот. И ај се запознавам со батево, му велам вака и вака, тој го викна татко му, леле реков којзнае што татко има ќе ми ја учука една ни точак ќе видам ни ништо плус зијан ќе сум некој заб или конец, и доаѓа татко му Роберт исто учтив џуптин да се разбериш ко чоек, абе ми вика вака и вака го купив од тој и тој ако се испоставит дека е украден, ќе одиме заедно кај него јас ќе го претепам и ќе си ги земам парите а ти земи го точакот. И ми остаде бројче контакт се, уште визит картичка шо не ми даде, отидов во полиција пријавив шо како, ги искодошив џупциве ко Леонардо Дикаприо во филмон од Скорсезе, и ај нема врска, чекам сега да видам кога ќе одиме да го тепаме тој за точакот.
Хаос е се, ама на крајот на краиштата мислам дека во ова општество само со џуптин можеш да се разбериш и да си завршиш работа, така ми испаѓаат математикиве.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Дојдоа од некоја фирма да праат тестирање на вода и дрн дрн водата била канцерогена ваква таква трети степен загадена флашираната била уствари обична па хидролиза абе животот ми го згадија со таа хидролизата па кога ми кажаа петсто евра викам дечки фала да размислам ама тоа да ти било само денес цената петсто евра дека било акција и тогаш ми го прекршија и се покајав што изгубив време демек ај фин да бидам а они улични фори продавале. Се ок си отидоа а мене ми текна отпосле да го прашам експертот зошто кога го понудив со нешто нарача само обична вода и ја испи е баш криво ми беше сакав да видам како ќе се снајде, а баш аматери беа у продажба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom