Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.734
- Поени од реакции
- 35.561
Кајгич
Недај боже драга, да треба да тргнеш да завршиш некоја работа по шалтериве на нашава “ефикасна администрација“.
После 10 минути по автоматизам во мозокот ти се појавуваат сите возможни и невозможни пцовки, све по списку и целата низа од роднинското стебло, притисокот ти се крева до плафон и едноставно се чудиш, гледаш, ама не ти се верува.
Утрово без моја волја и желба, морав да посетам едно министерство, т.е. подрачна единица во едно од нашите министерства “што секогаш е во служба на граѓаните“.
Во канцеларијава напикани 72359747 луѓе (вработени кои утрински пијат кафе), а “смртнициве“ што им текнало уште од рани зори да доаѓаат по документи и слични глупости нека почекаат де.
Работното време пишува дека почнува во 8:30, ама нашава администрација кафето си го пие на раат, лека полека, кроце покроце, лекум лекум. Човек од месечина да падне ќе се одмори, а не пак од дома да дојде на работно место.
Откако во ходникот се створи гужва, “нашава ефикасна администрација“ реши да се фати за работа, се отвори шалтерот. На шалтеров седнува една госпоЖа, накитена како новогодишна елка во полн сјај и почнува со работа, ги предадов потребните документи и си чекам. Таман кога помислив дека на агонијава и дојде крајот и дека ќе завршам работа за брзо, со брзина на светлината бев демантирана. На коконава и звони мобилниот телефон.
Фино лепо си се јавува и разговоров се одвива отприлика вака:
- Мамееее, кромидот го лупиш, го миеш, го сечеш на ситни коцки и ќе го ставиш да се пржи.
(30 секунди тишина затоа што слуша што и зборуваат од другава страна).
- Мамеее за да не ми ти лути кога ќе го пржиш кромидот, запали свеќа во близина и нема да ти солзат очите, свеќата ја собира лутината
, (аманннннн мориииии што изнакажааааааа).
,,,,,,, Дотичнава кокона, административка, додека го раскажува, прераскажува фамозниов рецепт за посна манџа со компири, нормално не работи, (нека почекаат луѓето де), кај чекале толку, што ако почекаат уште малку. Ручек се спрема или што, кога ќе се врати административкава дома, да игра лажица.
Агонијава траеше цели 20 минути, (требаше до најситни детали да се објасни де рецептов, од тоа колку сол, до тоа колку време да се вари манџава, па колку пипер и сл.), ама луѓево чекаат во ред, ама им се брза, ама ичччччч уво не и слуша, важно ручекот да се спреми.
....................................
Поминува шефот, луѓево му се жалат, вака и вака, вработенава си зборува на телефон, ние си чекаме, а шефчево ни одговара со шепот “ е ако де причекајте уште малку, таа е на тој и тој внука од сестра на вујна му на тој и тој, сега нова вработена е“.
Да ти се плукнам и во администрација, да ти се плукнам во вработување по партиски клуч, да ви се плукнам на вработувањата по роднинска врска, додека кадарни, вредни, школувани ни седат дома, вакви неписмени со немање основна култура за однесување на работно место ќе ги плаќаме од нашиот грб.