ЈуријАркадиевич
Модератор
- Член од
- 10 мај 2010
- Мислења
- 1.838
- Поени од реакции
- 7.189
Паметам мириси, а некои од нив не знам од што потекнуваат. Кога ќе помислам на Чарлтон, клубот, ми доаѓа конкретен мирис кој не знам од што е. Кога ќе помислам на една девојка инстантно ми доаѓа мирис на парфемот кој го носеше порано. Кога ќе помислам на една книга што ја читав во основно чувствувам дека е есен и мирис на есен и имам визија на моето основно школо и така натаму, и така натаму. Се` ме потсетува на нешто, се` поврзувам со нешто, само проблемот е што не можам да оформам никакви врски во сегашноста, се` е неповрзано, веројатно е до мене.