Thrown down. Од Fleetwood Mac. Стиви Никс. Не ја знаев до пред една година, ја открив од причини на кои сега не сакам да се навраќам.
Многу важен момент во животот е да не си ги поврзувате сите песни со одредени периоди од вашите животи. Оваа ја слушав кога се гледав со оној, кога раскинав со овој се утепав од слушање на оваа, а оваа ја слушав кога дипломирав. Оваа ја слушав кога се прибирав накај дома од кога овој ме истури од ебење, а онаа не престанав да ја слушам од кога го запознав.
Така само се уништуваат песните. Песните се за постојано уживање или боледување од нив, а не за привремено. Има една, се вика Dreams.
Thunder only happens when it`s raining
Players only love you when they playing
Поточни стихови сум слушнала, ама не во скоро време.
И така. Годинава успешна, ако се пожалам не сум човек. Ќе сум многу неблагодарна и ќе ми биде резервирано местото во пеколот. Оно и сега е, ама ќе се официјализира. Чекам да видам дали ќе ми следува уште едно изненадување.
И ми се муабети и не ми се, и ми се пие и не. Многу саботата на слабо уклучена.