Драга Кајгана (виртуелен дневник)

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Јака е фотографијата на Вори.Ех,кога и јас би го имала тој чекан...,како што ме нервираат некои луѓе...
Изгледа Џеј Џеј уште си се занесува.....
Еј,што е животов за никаде,Кајгано...........
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.942
Поени од реакции
25.416
Си споделив пикчр на фејс, ми ја споделиле во група со 21К членови и отпосле ме прашаа дали е океј. Викам нема врска, whatever... Сега се прибирам дома, гледам подетално и оди смири ме, ме утепа социјална фобија, не можам да дишам правилно цели 10 минути.

Ете, после Каролина Гочева и Бетмен Велит, имате уште еден селебрити на форумов. Ние сме тие.

#jabicupoznata
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга Кајги,

Ако има тука од мајка роден некој шо оди на релација Скопје - Неготино, Кавадарци утре, нека пише. И немојте со шегите автобусот на екстра оде, помина 2009 одамна.

Како Диоген се обидувам да најдам човек кој ќе си оди од Скопје накај Неготино или Кавадарци утре накај четири, четири и пол попладне.
Луѓево ги мрзи да ретвитнат, не па да се најде некој.
А јас па една граѓанска иницијатива имам за да помагам и друга невладина сакам да праам. За кој бе? За овој ли народ?
Нека гнијат како сос од патлиџани шо мувлосува ако не го јадиш, пичка им материна.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
Драга, најдолгиот тест при кој човечкото тело успеало без дишење бил забележан во 2012-та година, кога данскиот нуркач Стиг Северинсен го задржал здивот под вода цели 22 минути. Ко сме веќе на темата...



Кај и да е некој битолчанец ќе го турни рекордот, да ме верваш.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

По неколку години активен органски менаџмент со ретвитни оброк, сфаќам дека во оваа земја недостигот од воспитување, едукација и она внатрешно компасче што треба да ти го стават со жиг родителите, прави од нас колектив што спие, се претвора во големо зомби, себејадач, самоуништувач. И не, глетката не е само од набљудување, ами и разговор со луѓе, со живи мртовци, со лажни и препотентни парајлии што ги боли курац за иднината - ним им е важно газот да им е стоплен и да им течат низ ногавици скапи мевца, патувања у Аргентина, децата да им учат во добри школи, а да бидат емотивни и социјални инвалиди.

Светот не е добар, но ние го правиме уште полош. Вербата си ја крепам со кревки и луѓе малку на број. И мојата наивност во комбинација со презир, периодов ме направи уште поневидлива. Ме замараат атерисувања, не одам на места кај што има вампири (особено лажни „уметнички“ збиднувања, кај што секој со секого се мрази, небаре Сохо сме) и гледам да си го следам хоризонтот.
Во меѓувреме, либето ме побара и му реков да. Во сета оваа агонија на човечки вандализам, јас и тој ќе си почнеме живот. Со многу хаос, но и љубов. Од тоа нема поважно. Цинични се оние што плукаат на основниот мир да се биде со некого што ти прави раат и можеш во пижами да гледаш Симпсонови.

Да, редно време е да се превоспитам.

М.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Надреално, мај дарлинг....а истовремено и реално.
Фантастична игра на зборови на турбо-фолкерот Веки....нееее, не е тоа градежнички шлем, на некоја несреќа што јаде четврт леб со месни нарезак, туку тоа е рударски шлем, на оние што секојдневно си ја ставаат главата во тoрба пред да влезат во јамата, за џепарац.
Е - на тие им украде вагон злато, а со овие несреќи само ги пере издрпаните пари...
Да не е жално, би било многу смешно.


26046949_10210761091727383_2011280835357279305_n.jpg
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Среќна Нова Година, најреална бајка, накрај девојчето умира и баба и ја носи во рајот, само таму маките нејзини не се нејзини.

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
https://www.google.com/amp/s/amp.theguardian.com/us-news/2017/dec/27/flight-from-la-to-tokyo-turns-around-after-four-hours-due-to-unauthorised-person

Велат некој патник во Лос Анџелес се качил на авион за Токио со јапонска компанија.
Еее...Ама имал карта за Јунајтед Ерлајнс и друг град.Како влегол во авион е мистерија.Да не случајно имаш информација дали работат Македонци или Балканци кај жолтиве?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Може некогаш и ќе почнат да ве избираат за спортисти на годината ама пред тоа барем да почнете уста да отварате кога се свири химната не мора да ја пеете и да ја сакате само да почнете да ја почитувате.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... еве ти апдејт за 2017 ако случајно ти е гајле:

- дипломирав
- се преселив
- запишав мастер
- се вработив
- прекинав да слушам турбо-фолк
- се уште чекам да се врати Врчак на сцената.

Па ваљда се глеаме догодина ова време за 2018 апдејт, ако не ми текне порано да свратам :D

Much love & kisses, уште те сакам :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom