- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 2.202
- Поени од реакции
- 1.943
Драга, отсекојпат кога сум гледала на филм како некој се онесвестува кога нешто непријатно се случува, ми изгледало тоа невозможно, како демек така се паѓа во несвест...
Е пред некој ден јас имав еден вид несвестица, онаа кога си свесен, но се чувствуваш дека се губиш.И ми се чини дека беше првпат таква во мојот живот. Не дека се немав онесвестено досега, и тоа вистински онесвестено но заради некои луди диети мои од порано. Но ова некни беше баш како на филм.
Ме разбуди татко ми со викање на моето име и бидејќи спијам на горниот спрат викаше слегни побргу, слегни побргу само не се плаши. Кога слегнав што да видам -мајка ми на умивалникот се обидува да ја извади заглавената вилица под јазикот.Татко ми не успеал да и помогне, а познавајќи го каков паничар е, и да може да и помогне - од паника нема да може. Јас пробав - не бива, пробав пак - пак не бива.Немаше како да ја завртам за да се одглави.А крв тече и тече. Да беше мајка ми од другата страна како медицинско лице што работи на хирургија најверојатно лесно ќе ја извадеше.Јас не се испаничив, но глетката беше доста непријатна и додека се обидував се плашев да не направам некоја рана и да не се влоши ситуацијата, па после да мора да се шие. Наеднаш почувствував дека се губам, ги потргнав моите и седнав на фотелја.
Татко ми жалниот не знаеше кого попрво да погледне.Мајка ми што цела крв се направи или мене што почнав да се губам.Прашувајќи ме што ми е веднаш ми подготви чаша вода со шеќер, од која ми се поврати видот и ми исече еден лимон. Мајка ми за тоа време се пресоблече и тргнаа веднаш во болница, кај нејзиниот колега кој со инструмент-пинцета за неколку секунди и ја извадил.
Ако некогаш помислував дека ќе беше подобро да учев медицина, сега сфатив дека сепак немаше да биде...И дека во несвест се паѓа и така - навидум лесно.