Утре е Бадник.Не ми се верува колку брзо ми летна годинава, како вчера да беше кога ја напуштив мк и дојдов да цртам за приемен,а пред само неколку месеци ги фрливме капчињата и есенва дојдов на магистар.Толку и тоа помина,помина и летото со фестот во Толмин, помина качувањето на Триглав,купот од концерти низ континентов,останаа само новите пријателства со кој што пак ќе го имаме најубавото лето, успеав да го засакам и летото дури
Едвај чекам да заврши годинава, не памтам волку обврски дека сум имала некогаш.
Иако сум атеист, порано онака ради реда славевме на 24ти и 25ти Божиќ.
Овој период ми е интересен,да бев во мк сега гарант ќе пиев турско, ќе идевме со екипата во седмица и ројал, ќе се прејадев со македонска храна, поготово празнична ммм...
Утре ќе импровизираме, нема да правиме ритуали, ама имаме време заедно да вечераме, почна одморот, и најверојатно ќе се забавуваме во кујна со мк храна, знам дека ми е интерсно заедно кога готвиме.
Ми фалат многу луѓе.Сите се иселивме усвет од мк, иако ми беше многу непријатно, пак имаше убави случки.
Седењето кај мене на тераса со огромна милка и нескафе, муабетењето по цели ноќи, и уште куп авантури, ех колку ми фали.
Вие што утре ќе славите, ви посакувам само најубави работи да ви се случуваат, да си ги остварите сите желби и цели, и весели празници.