Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
ДК, играв фудбал за првпат во последните 5 години, дали сум нормален?

Во сабота идеме појако на вештачка трева, надвор (y).
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

пркнува пролет, и во мене надеж.

Вчера вапцав јајца и пиев ракија. Како секоја самосвесна женка :LOL:
Утрово, на работа, секако. Што знае капитализмот за воскресение нечие?
Го сакам ГТЦ. Го сакам градов кога се празни.
Цутат магнолии. Ми цути и мене, паметот.
IMG_20150410_095056.jpg


М.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.320
Поени од реакции
10.357
Џонтра,

Фатив калаш на CS GO, играм цела вечер ебате очиве ласерки ми се направија.Се потсетив кога бевме 7мо и газевме се на 1.6.Ама пиштол ни таму ни ваму не знам да баратам.Али затоа калашот и мката газииииииииии бабиииииииииииииииииииииии. Ова е бетер од дрога сум кажал у повеќе наврати.Испушив 2 пакли глаава џонтра ми е.Идам да си напраам едно кафе зошо у шокои сум само пуцњеви слушам од сегде.За џонтра нека е.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Црн петок, патување до Етно Село и назад, послем партија карти со другарите и возење точак до блискиот поток кој има неверојатно глетки, се фаќаш да сликаш, гледаш телефонот дома си го заборавил, одиш дома, на сестра ти и паднал од рака, го вклучуваш, пишуваш пин и гледаш оти се се избришало, слики, контакти, апликации, се изнервируваш и ти го треснуваш уше еднаш.. Ај отидов алва да јадам.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
„Сите верници на Сител телевизија“
Само што го кажа ова на Сител , некој поп. Среќа гледав Сител у моментов, сега сум благословен.
Нем везе, прекрасен ден е денес надвор. Не би знаел, у дневна сум.
Сите што ги знам се зафатени. Нема везе, ќе идам да трчам на кеј.

Тоа е. Животе сладок си, а за мене малку скара.
А и не ми е јасно како луѓе после манастир викаат дека супер си поминале.
Храмопроводници.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Драга одењето во црква кај нас за жал станува мода.Нашминакни (забрането е во црвка) со високи штикли како да се на модна писта.Се губи правата верба во бога.Затоа оваа година веднаш отидов уште рано сабајле на црква и ми се исполни срцето.Млади брачни парови со своите деца , милина да одиш во црква и да се помолиш на бога.Ова што го видов утрово ми го исполни срцето.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Драга ваков ден се чекаше, не памтам кога последен пат вака ме има утепано сонцето. Што убаво си го искористив денов се осеќам ко нов човек сега.
Него кажи ми драга што е со цениве за зелен картон? Цел Балкан плаќа 20 евра за зелен картон ние плаќаме по 100 евра.Сега сваќам зошто никој не искачал со кола надвор од државата. Со тие 100 евра ја ќе можам да напунам гориво за до Хрватска и назад. На секој можен начин се гледа да му се украде платата на Македонче.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom