Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Од сите "Убедувања" темава дефинитивно и убедливо е Христоцентрична...:oleee::misticen:

,,Кој има очи и уши, нека гледа и слуша...:popce:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.124
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
И јас не знам со која умисла дојде на подфорумов. Ништо не кажа за твојот духовен пат,
Ме донесе/префрли овде @Ipsissimus па мислев опуштено може да си правиме ментални гимнастики. Чероки е само стремеж, метафора, во свет кој оди кон трансхуманизам, технократија, полова збунетост да не се заборави на хармоничен однос со природата и можеби преиспита што е човечката состојба. Тоа лично за мене, секој со својот пат но со почит кон добронамерни луѓе, оние што сакаат да градат не да рушат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.124
Ме донесе/префрли овде @Ipsissimus па мислев опуштено може да си правиме ментални гимнастики. Чероки е само стремеж, метафора, во свет кој оди кон трансхуманизам, технократија, полова збунетост да не се заборави на хармоничен однос со природата и можеби преиспита што е човечката состојба. Тоа лично за мене, секој со својот пат но со почит кон добронамерни луѓе, оние што сакаат да градат не да рушат.
Мислам дека тука има се - само не опуштени дискусии што мене лично и не ми смета се додека нема навреди. Посебно порано немаше опуштени дискусии помеѓу христијани и муслимани. Тоа беше хаос... па и јас како Телемит им влетав со мои муабети - Рим пред распаѓање беше подфорумов, не се знаеше кој на кому што и зошто :)

Не ни може да се има опуштена дискусија кога ќе се судрат старите религии меѓу себе заради нивните дијагонално спротивни учења... а пак додади ги тука и сега учењата кои низ вековите биле во „илегала“ заради истите тие религии ...

Не сакав некој од старите религии да ми проповеда во стилот: иако некој не е дел од неговата религија, нема ништо со нивниот концепт на божественост и патека - ти го лепат нивното учење (реално е верување ама ајде учење нека биде да не се лутат) и ти ги наметнуваат тие чудни идеи дека ќе бил казнет сепак секој од нивниот бог во кој само тие веруваат или ти накалемуваат етикети како грешник, неверник, сатанист итн итн покажувајќи ни нам како само нивното е исправно, бидејќи Македонецот мора да е христијанин и тоа православен... онака вековно било тоа, татково огниште и слични муабети измешани со сешто :)

Како мислиш опуштено да се дискутира? Тоа е незамисливо... и недопустливо :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не сакав некој од старите религии да ми проповеда во стилот: иако некој не е дел од неговата религија, нема ништо со нивниот концепт на божественост и патека - ти го лепат нивното учење (реално е верување ама ајде учење нека биде да не се лутат) и ти ги наметнуваат тие чудни идеи дека ќе бил казнет сепак секој од нивниот бог во кој само тие веруваат или ти накалемуваат етикети како грешник, неверник, сатанист итн итн покажувајќи ни нам како само нивното е исправно, бидејќи Македонецот мора да е христијанин и тоа православен... онака вековно било тоа, татково огниште и слични муабети измешани со сешто
Го разбирам тоа но иднината се повеќе оди во доброволен избор наместо присилување па мислам дека со таа еманципација човек се повеќе би се ориентирал кон духовните аспекти на било која религија давајќи им помалку значење на механизмите кои порано биле потребни за одржување одредена култура. Е сега за тебе Исламот е закана и имаш некој страв дека ќе преплави екстремниот тука но тогаш бори се за појака закоравена христијанска доктрина за да има кој да ги тепа :)

Атеизмот е недостаток на вера
Атеизмот е верување само во обратна насока, доколку си реален би бил агностик бидејќи сеуште не постојат научни докази нити за постоење или непостоење на кодер. Твојот избор дека не постои евидентно е воден од одбивност.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056

Јас сум 100/100 атеист кога е во прашање Јехове и Исус дури и антитеист. Финтата што под термин "Бог" многу луѓе сакаат да го подметнат Јехове. Има разлика меѓу терминот Бог и Јахве/Исус/... За кодер, деистички бог и слични концепти сум агностик. Тука е проблемот има разлика од Кодер и Јахве и бог неопределено. Кодер неможе да се докаже, Јахве може а Бог е неопределено и незначи ништо и неможе да се има став.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
дури и антитеист.
Тоа, ти си антитеист, имаш одбивност кон тој концепт бидејќи не ти се допаѓа што не нудат геј бракови. Но во исто време си екстремист, мислиш дека знаеш што е добро за мене па сакаш да ме присилиш на вакцина повикувајќи се на заедницата и нејзиното добро иако токму против тоа се бориш кога станува збор за религија, односно си истиот мајндсет само од друга политичка партија. Јахове е само име, моите го викаат The One Who Lives Above.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
бидејќи Македонецот мора да е христијанин и тоа православен... онака вековно било тоа, татково огниште и слични муабети измешани со сешто :)
Македонецот како и било кој граѓанин на планетава, треба ( не мора, нема ништо насилно, едноставно треба да има смисла) да биде автентичен т.е. да се познава себеси за да може да се препознае во некое друго убедување, и за да биде веродостоен во она што се претставува..., во дадениов случај Телемит, токму затоа си суспектен, претворен во негатор, плукач на сопствениот етос што се коси со елементарна култура..., а со кој резон аналогно очекуваш да го слуша некој твоето убедување, кое по автоматизам си го дерогираш.

Ќе наведам пример од порано, за да ти бидам појасен како изгледа култура на убедувања, религии..., што е и да е, како низ личен дијалог(а така треба да изгледа и секој разговор меѓу здраворазумни, вистинобарателни личности) на компаративно искуство се прави паралела зошто сакаш да прифатиш извесно убедување, вистина..., кое во случајов е Православно, Христијанско но, секако може да биде било кое.

Автоматски споено мислење:

Не е праведно да сметаш дека некој кој само не верува дека Исус воскреснал и правел чуда да биде вечно горен жив и варен во катран. Секој кој верува во ова треба да оди пеколот тој самиот а не другиот ако е исправно учењето, а не е. Христијанството е неморално учење поради ова. И многу други работи.
Јас сум по дефиниција атеист. За Атеизмот нема што да се каже зошто ништо не кажува. Па морам да зборува за христијанството зошто би требало само да молчам. Христијанството најдобро го познавам и најголем дел на форумов верници се христијани. Така да најсоодветно е да зборувам за христијанството. За други вери слабо знам а и нема да ги интересира толку луѓето.
Од изложеното, твоето познавање за Христијанството е на ниво на детска фолклористика, со која некој "лош чичко" сакал да те подучи да не лажеш, крадеш...
Така да, како за Атеизмот што си молчиш паметно е и за Христијанството да молчиш додека повеќе го запознаеш, за да евентуално го критикуваш.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Тоа, ти си антитеист, имаш одбивност кон тој концепт бидејќи не ти се допаѓа што не нудат геј бракови. Но во исто време си екстремист, мислиш дека знаеш што е добро за мене па сакаш да ме присилиш на вакцина повикувајќи се на заедницата и нејзиното добро иако токму против тоа се бориш кога станува збор за религија, односно си истиот мајндсет само од друга политичка партија. Јахове е само име, моите го викаат The One Who Lives Above.
Геј бракови се најмал проблем во христијанството имам многу други лоши концепти на пример Рај и Пекол како што опишав погоре. Има многу конфликти помеѓу она што е исправно и морално и христијанството.
Автоматски споено мислење:

Викај го како сакаш знам на што мислиш. Затоа и зборувам за тоа а не Кодер или вонземјани или што и ја знам што. Дури и по дефиниција не е исто Бог на муслиманите, христијаните и евреите. За различни концепти, настани и дејание се работи така да од ако се држиш цврсто за верата се работи за различни богови. Затоа треба да се каже за кој се работи зошто ги има многу и монотеистички а и политеистички,
Автоматски споено мислење:

Македонецот како и било кој граѓанин на планетава, треба ( не мора, нема ништо насилно, едноставно треба да има смисла) да биде автентичен т.е. да се познава себеси за да може да се препознае во некое друго убедување, и за да биде веродостоен во она што се претставува..., во дадениов случај Телемит, токму затоа си суспектен, претворен во негатор, плукач на сопствениот етос што се коси со елементарна култура..., а со кој резон аналогно очекуваш да го слуша некој твоето убедување, кое по автоматизам си го дерогираш.

Ќе наведам пример од порано, за да ти бидам појасен како изгледа култура на убедувања, религии..., што е и да е, како низ личен дијалог(а така треба да изгледа и секој разговор меѓу здраворазумни, вистинобарателни личности) на компаративно искуство се прави паралела зошто сакаш да прифатиш извесно убедување, вистина..., кое во случајов е Православно, Христијанско но, секако може да биде било кое.

Автоматски споено мислење:

Од изложеното, твоето познавање за Христијанството е на ниво на детска фолклористика, со која некој "лош чичко" сакал да те подучи да не лажеш, крадеш...
Така да, како за Атеизмот што си молчиш паметно е и за Христијанството да молчиш додека повеќе го запознаеш, за да евентуално го критикуваш.
Добро де кажи директно не ти се допаѓа што кажувам...немора глуп си незнаеш ништо итн. На темата...јас сум глуп си признавам. Тоа е христијанско да се каже или не е? Сврти го другиот образ освен ако си Јахве тој гори, коље, мачи и убива и нема трпение за ништо а тек сврти го другиот образ...тоа е права дефиниција за двојни стандарди. И после христијански морал...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.124
Премногу христијански и пробуваш одвисоко да ми расправаш за религиите. Не може да ја оправдаш својата религија и тоа што го содржи денес пред новите генерации на луѓе кои имаат допир со светот околу нив.

Доста со национализам покриен со духовност. Како може да судиш за некој дека е против неговиот народ само затоа што критикува религија?
Дали си нормален? Тоа го зборувам наназад со години и ти ете ми потврдуваш дека да, ако се зборува негативно за православието во Македонија, попот ќе смета дека ти не си Македонец... полека попе, земи воздух...

Ако можеш... биди малку христијанин дури и кога некој негативно зборува за твојата религија. Ништо страшно... или страв од тоа дека може да се загубат луѓе кои би можеле да бидат дел од црквата? Исто како партија кога се плаши да не изгуби гласачи?

За култура на убедување: јас не сум тука да те убедувам тебе или некој друг да биде тоа што сум јас. Тоа е масло и пракса на старите религии за прибирање луѓе за да се бројат. Јас не сакам броење луѓе... јас низ годините само зборувам за нештата, колку можам и сакам - не премногу.
Би избрал и да сум во грешка ако мислам дека доволно е кажано за работите...

А и света книга на која се повикувам постојано, не препорачува да се преобратуваат луѓе во Телемити - бидејќи тоа не е крштевка, пасивност... не оди така работата, да се убедуваат луѓе.

„Јас сум Ра-Хоор-Куит; и моќен сум да го заштитам мојот служител.
Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Liber AL vel Legis svb figura CCXX - - A.'.A.'. Издание во Класа А

Не сакам никој да ме слуша што зборувам и да биде убеден дека нештата се како што јас зборувам - туку да се сомневаат во сите проповеди, сите вистини и дека не им треба духовни отци за нивниот внатрешен пат. Да истражуваат ритуали, учења, пракси, философии... и секоја будала што ќе им проповеда дека богот ги гледа како неверници и грешници и ќе бидат казнетеи, да ги одминат таквите луѓе без да се заморуваат премногу.

Добро е така нели? Не велам ништо лошо.
 
Имам во предвид дека ти правам онтолошки потреси, но тоа е начинот, фазата која треба да ја поминеме, иако се работи за поодмината возраст, духовната анафилактична реакција е природна и ќе даде плод, патот на спознанието е преку другиот со почит на сопството кое не си го спознал, сакај го ближниот како себе си..., а тоа неможе без благодарност и почит кон родителите, предците, тука и те јаде совеста.
Нема во тоа национализам, напротив филантропија и почит кон секого и се' што е создадено.

Обидот да се претставиш како Кроулиев продукт на убедување е обична новотарија од почетокот на 20век со синкрет на минатото, ново–стара заблуда на паганинот Богобарател, промисли малку како се претставуваш а што зборуваш, контрадикција par excellence, а овде дома ти е сервирано на готово преку Крштението да се родиш токму за Новото време во Вечноста. Треба да се избере со отворени очи и респект.

Уште еднаш ќе потенцирам, темава е супер за препознавање, воочување на Вистината по пат на споделување искуства и знаења по принцип на елементарна култура и почит кон другиот.

Бидејќи сме во Македонија упорно ќе инсистирам на почит на Македонецот Христијанин, Муслиман, Атеист, Богомил, Паганин..., на сето она што го поминува и почитувал низ историјата, како основа за комуникација на секое ниво. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.124
Телема е ново учење кој вели не? :) Се плашиш од нови работи?
Многу од нештата што денес се јавни беа тајни заради вашите религии и власта што ја имавте заедно со државата. Бевте испреплетени со земските закони како цревата во стомакот! Но денес, е друга сказна.

Ах да имаше претходно христијанин кој што велеше нова лага која ја убедила Ева да гризне до забранетото овојше :)
Кои глупости и кои идеи им доаѓаат на луѓето бидејќи некој ја критикува нивната религија, која пак истата се обидуваат да ја прошверцуваат како апсолутна вистина и реалност за сите, а основата им е верување.

Кој рече дека се нема почит кон луѓето без разлика на религија? Се додека не го сатанизира некој мојот начин на живот - немам јас проблем со личноста!
Како не разбираш дека догмата што стои зад религиите е проблемот, не човекот во суштина. Верникот што се занел по својот пат да мисли дека верувањето е искуство и тој е избран да проповеда и го крева прстот кон другите и да ги осудува е проблемот.
Тој треба да се приземји... да научи за светот малку подобро.

Јас со тебе немам проблем, имам проблем со твојата идеја да наметнуваш твојата религија која содржи Вистина на база на верување (многу е битно да е напишано со голема буква) да важи за сите, дали сум или не сум дел од твојата религија ти си убеден и проповедаш дека муслиманот ќе биде казнет по христијански правила, јас ќе бидам казнет ни крив ни должен бидејќи барате да сте единствени и никој друг.

Не може. Не може да убедуваш луѓе дека „бедни по дух“ ќе добијат било што. Духот има методи се зајакнува. Не може да убедуваш луѓе дека ќе им се суди, дека имаат наследен грев, да се заборава историјата на една религија - е еднакво на убиство! :)

Реков дека не убедувам никој во ништо јас, дека зборувам само како вие сте зло и постојано ги омаловажувате другите, да зборувам. ГО немате правото да зборувате за другите какви се... и сега кога тоа го прави некој друг во однос на вас, ми бараш култура и не знам што друго, демократија... да се почитуваме!
Кога твоите свештеници од туѓите учења нема да ги сведуваат на зло и сатанизам - тогаш ќе добиеш друг третман, сега си само волк во овча кожа и се обидуваш да се преставиш како нешто што не си... ти се познава по писанијата дека ме мразиш и сите други што не се христијани.

Тие што се кај вас, критикувајте ги, проповедајте им но за другите - молчете бидејќи создавате омраза со вашата потреба да бидете екслузивни во однос на внатрешниот пат на еден човек.

Како може некој да има почит што не е дел од твојата религија кога ти го осудуваш на база на верување? За тебе ние сме зло и тоа не може да го одрекнеш... читај си ги мислите што ги споделуваш. Бараш демократија а не дозволуваш другиот да верува во што сака и како сака, да ја критикува твојата религија како сака и кога сака... не дозволуваш некој да каже дека Христос е еврејска идеја и сеуште во фаза на мистика.

За исламот пак да не зборуваме тие на нож одат ако им кажеш дека не оди баш така во светот во однос на духовните учења, но уште се млади, го одат истиот чекор со христијанската религија, се разводенува полека и тоа чудо од философија.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.293
Зошто твојот пат го преставуваш како пат со ридови и ендеци, а мојот само право? :)
Како знаеш каков е туѓиот пат?

И ова е некоја христијанска мудрост сигурно: ако не си на мојот пат, трнлив и мачен (мора да е таков нели), тогаш си на широкиот пат кон пеколот.
Сеуште истите проповеди...

И не сте како муслиманите. Затоа имате додавки во името на црквите. Затоа и сте поделени бидјеќи и црквата е поврзана со нацијата... затоа постои зборот „расколничка црква“, нели.
Не го измисливме ние или некој друг тој збор - ами самите свештеници од разните национални цркви.
Затоа јас велам: подалеку од романтизмот на обичниот верник - тој не знае ништо за играта што се игра позади затворените двери каде што нема пристап самиот!
Тоа што има додавки и национален префикс (а нациите се политички конструкти) е затоа што Луци или Самаелчо умешал прсти со единствена цел да направи раздор/да раздели да нема единство...Ако некогаш го сретнеш во животот (не дај Боже) не ти мислам лошо немам задни намери,да му кажеш ако иде во теретана да вежба грб наместо бицепси пошто ќе биде камшикуван кога ќе му дојде ред така вика татко му...ми кажа да му пренесам... :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.124
Ако тоа ти е симбол за патријарсите кои седат на чело на секоја црква - има логика! Тие се криви што МПЦ е расколничка. Тие се криви што се држат да бидат грци, срби, руси, украинци... тие се причина за разделба, што јас не велам дека е лошо тоа :)

Самаел и Луцифер од кои учења доаѓаат? Каде се среќаваат? Знаеш воопшто што зборуваш?

Сигурно е битна шегата што ја напиша :) Ете се насмеавме.
Јас упорно зборувам дека не постои бог што ќе те камшикува, посебно ако не си прифатил да си дел од сето тоа, ти пак упорно раскажуваш иста приказна.
Несвесно сте собрале купишта приказни од различни учења и сте создале некоја мешавина од идеи.

Ова е дуалистичко гледање на нештата, како во македонските народни приказни кои се богомилски сказни. :)
Ако богот од старите религии е семоќен и сезнаен - не би дозволил било кој да се меша во неговата Црква и да ја рамни со земски ствари!
Знаеш што е Црквата?
 
:) Немам претстава...намерно те провоцирам да ти го отворам патот да стегнеш од твоите писанија длабински и во ширина...:)
Мене целта ми беше денеска да те насмејам и успеав во тоа...:);)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom