Дали религијата им штети или им го сменува однесувањето на младината кон други?

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Долг наслов ама ајде нема везе. Ваше мислење?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Штетна е.

Сега, слободно можеме да ја заклучиме темава, пошо веќе е одговорено на истата...:coffee:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Секако дека е штетна, детето учи биологија, за настанокот на човекот и еволуција, попо ќе му каже дека не е точно и дека госпот најпрво ги створил евреите од кал, детето ќе учи географија за настанокот и староста на земјата и вселената, попо ќе му каже дека не е така туку дека госпот ја напраи земјата рамна плоча која нигде не мрда и дека сонцето се врти околу земја а звездите се ситни дупчиња во ќебето со кое госпот ја покрил земјата, детето ќе учи матекатика дека 1+1+1=3, попо ќе му речи дека не е така и дека 1+1+1=1, детето ќе учи хемија и физика и закони, попо ќе му речи дека нема такво нешо ни гравитации ни космички брзини и дека е се божја воља...
И тук ттаму некое дете ќе му поверува на попот и ќе стане интелектуален богаљ
 
Femme fatale

Љубената на Гаро
Член од
13 јуни 2016
Мислења
231
Поени од реакции
183
Ако личноста како индивидуа е доволно паметна нема да биде толку опседната со религија. Јас би рекла дека го менува и штети зошто таквите личности што слепо веруваат во нешто што звучи нереално, имаат ограничено размислување.
Јас се базирам на наука, а не на религија.
" With or without religion you would have good people doing good things and evil people doing evil things. But for good people to do bad things, that takes religion " - Steven Weinberg
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Јас се базирам на наука, а не на религија.
Поинаку кажано, веруваш во науката и тоа слепо, пош‘о ниту еден „научен доказ„ не ти е при рака, за да можеш лично и персонално да го провериш и потврдиш како вистинит.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Долг наслов ама ајде нема везе. Ваше мислење?
Религија е широк поим друже. Која религија? Кој дел? Дали има нешто што не го сменува однесувањето?

Генерално источните религии се „полабави“ на граница со философија и дискутабилно помалку штетни. За разлика од Лет јас мислам дека не е толку проблем што некој ти вика дека земјата е „рамна“ туку ти што веруваш во тоа.

Така да мислам дека религии кој шират едноумие и забрануваат критичко мислење дефинитивно ако не друго треба да еволуираат или да исчезнат.

П.С Религијата е само една причина за лудаците да ги оправдаат своите постапки. Дури и на некој магичен начин религијата да исчезне дотичните лудаци ќе најдат друга причина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Поинаку кажано, веруваш во науката и тоа слепо, пош‘о ниту еден „научен доказ„ не ти е при рака, за да можеш лично и персонално да го провериш и потврдиш како вистинит.
Мики, науката ти даде се она во шо ти уживаш денес, и компјутери и авиони и коли и ракети и изолации и лифтови и конзервирање и антибиотици и трансфузии и телевизија...
не ги нашле тие шеми и математики во библијата туку надвор од неа, проучувајќи го светот и се на него од поинаков аспект.
Замисли библиски да бехме, сега на папирус под светлост на свекја ќе пишеше некој текст па ќе го окачеше на врата од манастир да го читаат и лајкуваат други.
Или одиш со инфекција која полека ти разара тело и те носи во смрт а попо те прска со света вода под икона и вели дека то ти е ради то шо таткоти бил грешен и ако не се покајеш искрено - ќумриш!
 
...и ондак то...
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Поинаку кажано, веруваш во науката и тоа слепо, пош‘о ниту еден „научен доказ„ не ти е при рака, за да можеш лично и персонално да го провериш и потврдиш како вистинит.
MIKI1 господ бог или парацетамол? Ама не сеа, глава ко ќе те боли... :)
 
T

templar55

Гостин
Секој ден се поглупи и поглупи теми се отвараат.
Дали ножот е добар?
Па добар е ако сечеш леб со него, ама лош е ако сакаш на некој зло да нанесеш.
Исто и со религијата.
Ако веруваш во нејзини начела, да помогнеш на послабите, да не нанесуваш зло, да не убиваш, да почитуваш родители тогаш е ок.
Додека ги има и оние другите "религиозни" што ке стават појас на себе и ке е.м. на се околу нив.
Религијата е ок, луѓето не се.
 
hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Секој ден се поглупи и поглупи теми се отвараат.
Дали ножот е добар?
Па добар е ако сечеш леб со него, ама лош е ако сакаш на некој зло да нанесеш.
Исто и со религијата.
Ако веруваш во нејзини начела, да помогнеш на послабите, да не нанесуваш зло, да не убиваш, да почитуваш родители тогаш е ок.
Додека ги има и оние другите "религиозни" што ке стават појас на себе и ке е.м. на се околу нив.
Религијата е ок, луѓето не се.
Ама во стариот завет пишува да се убијат хомосексуалци и атеисти а тоа?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Секој ден се поглупи и поглупи теми се отвараат.
Дали ножот е добар?
Па добар е ако сечеш леб со него, ама лош е ако сакаш на некој зло да нанесеш.
Исто и со религијата.
Ако веруваш во нејзини начела, да помогнеш на послабите, да не нанесуваш зло, да не убиваш, да почитуваш родители тогаш е ок.
Додека ги има и оние другите "религиозни" што ке стават појас на себе и ке е.м. на се околу нив.
Религијата е ок, луѓето не се.
Зарем ти треба религија за да го правиш болдираното? Ако ти треба си ја утнал работата.
Некој рече, по плодовите ќе видиш дали е дрвото добро. Ако повеќе од пола плодовите скапани, до дрвото ќе да е.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Дали религијата им го сменува однесувањето на младината кон други?
Овој дел од прашањето е еквивалентен на прашањето does the bear shit in the woods.

Секоја религија, помалку или повеќе, е штетна. Ако не поради друга причина поради тоа што е зададен непроменлив збир на идеи.

Оттука како би можело да се примени моралниот код на заедниците од бронзеното доба во денешно време или во иднина? Затоа доаѓаме во глупи ситуации кај што религијата ти вика stem cell research е неморално. Да користиш кондом е неморално зошто тоа е вид на контрацепција. Ако фатиш СИДА - фатиш, јеби га божја волја.
А од друга страна имаш делови од библјата кај што ти вика ако ќерка ти е непослушна можеш да ја продадеш во ропство. За одредени постапки казната е каменување.

Ај поминале околу 1700 год од времето кога е составена библијата. Зар има смисла во 4000-та година уште да се водиме по истите правила што некој ги напишал во 300-та година?

А да не зборам за работи како: земјата е рамна и стара 6 илјади години и сите фактички работи што се погрешни во библијата.

Заклучок: ако не поради ништо друго религијата е штетна зашто е непроменлива. Да се докаже дека нешто не е во склад со библијата или ставот на црквата е криза за религијата.
Наспроти тоа да се докаже дека нешто не е точно од научните теории е всушност напредок на науката.
И како после да бидам религиозен?
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Поинаку кажано, веруваш во науката и тоа слепо, пош‘о ниту еден „научен доказ„ не ти е при рака, за да можеш лично и персонално да го провериш и потврдиш како вистинит.
Па баш во науката не можеш да веруваш слепо. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom