N
NikolaMKD91
Гостин
Во денешно време, религијата многу често е посочувана како корен на војните и конфликтите. Но замислете се, што се ни има дадено религијата и вербата. Таа е родното место на училиштата и универзитетите, болниците, долго време претставувала помагач на развојот на науката, и ако човештвото се стреми кон осовршување на веќе она што го имаме, зошто таа некому му пречи?
Како резултат на модерните влијанија на западот, кои се почесто и со зголемен интензитет ги присвојуваме и ние европејците, се повеќе се’ соочуваме со ‘проблемот’ наречен Атеизам. Кои се атеистите, дали атеизмот претставува вера или мода која не прави да изгледаме ‘фенси’ во очите на опкружувањето. Јас гарантирам дека 80% од т.н. атеисти не знаат што всушност тоа значи.Тоа се индивидуи кои пласираат демек издржани тези дека религијата не чини за човештвото. Посебно е невкусно, кога тоа го прават со доза на потсмев кон верниците, не сметајќи дека претставува навреда за нешто највредно, што тие никогаш нема да го имаат.
„Религијата имаше шанса да управува со светот, тој период е наречен ‘Темните векови’“. – Ова е еден од атеистичките цитати кои можат да се сретнат денес. Тоа го велат луѓе, кои многу тешко прават дистинкција од теологијата и религијата. Теолозите се тие што креираат догми врз грбот на религијата за да постигнат лични цели и интереси. Да, јас избирам да бидам религиозен, но избирам дали и од кого ќе слушам проповеди, а секогаш тоа суштинското сум доволно разумен да го разберам и сам. Секој е способен сам да извлече поука од Светото Писмо. Толку јасно и недвосмислено не’ учи на доброто кое треба сите да го правиме. Не, ние сме луѓе и неможеме да се потпреме на методот на елиминација, посилните преживуваат а послабите мора да го дадат тоа што им е побарано, пред БОГА СМЕ СИТЕ ЕДНАКВИ!
Науката НЕ МОЖЕ, да ни докаже зошто сме овде! Кое е објаснувањето што било кога ни е дадено како настанал светот, зошто се случил Биг Бенг, зошто настанала транзиција од нежива во жива материја, науката е ЗАМОЛЧЕНА. Во секое време постои решение за речиси сите научни проблеми, но проблемите на животот остануваат недопрени. Тоа е тоа што религијата значи. Лично јас не ја гледам како материјал од кој е изграден универзумот, туку како хармонија која придонесува тој универзум да функционира.
Потрагата по биолошка основа за религијата дојде до високо ниво и наеднаш беше прекината. Со бројните експеримент со мозочни скенирања, кои беа спроведувани после 2000-та година, научниците објаснија дека постои регион во мозокот кој ги предизвиккува религиозните верувања. Во 2004 година откриениот ген VMAT2, беше прогласен за одговорен за религиозноста и беше наречен „Господов ген“, но, резултатите од понатамошните истражувања кои го поддржуваат ова тврдење никогаш не беа објавени.
Ниедна книга напишана од психолози нема да влијае врз вас, на начин кој што ќе влијае Библијата. Единствено таа е што може да промени човек кон подобро во секоја смисла. Факт е дека луѓето кои кои читаат филозовска и духовна литература се склони кон правење ДОБРО. Црквите се домовите кои ни овозможуваат духовно да се храниме, да ја зголемиме вербата и сопствената самодоверба. Секако, некој ќе ми каже дека за тоа постојат стручни лица, да, но тие неможат да ми простат и да ме вратат на местото каде сум ја направил грешката за да можам сам да продолжам по вистинскиот пат, без да ме прогонува мислата дека сум грешник.
За да можеме да сватиме од каде потекнуваат тие наши вредности, мораме да се вратиме малку назад во времето. Интересен факт е дека пред христијанството да дојде во Рим, 40% од луѓето биле робови, мажи и жени биле каменувани до смрт, жените немале никакви права, благородните семејства не секале женски деца, но сето тоа било подоцна сменето, токму под влијанието на верата. Таа била пресудна за аболицирање на робувањето, еманципирањето на жената и почетокот на рамноправноста во општеството.
ИЗВОР : http://www.bezpardon.mk/ateizam-vs-religija/