Дали мислите дека религијата е манипулативна алатка на човечката свест?

Член од
14 мај 2017
Мислења
3
Поени од реакции
3
Сите сме се сретнале во конфликти помеѓу нашите верувања. Би сакал да чујам дали мислите дека религијата е манипулативна алатка за човечката перцепција?

П.С
Оваа тема ја имам разговарано премногу, јас лично сум дошол до заклучок дека денешните цркви ја користат религијата како медиум за перење мозок на оние "побожните", а од друга страна и гледам дека луѓето не веруваат како порано и се е одглумено на некој начин. Што вие мислите?
:чда:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Црквите? таман работа. Џамиите? нема шанси.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Едно исто нешто може да се искористи и како оружје и како алат, и како отров и како лек... Највеке е до корисникот помалку до "продавачот".
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Член од
13 мај 2016
Мислења
83
Поени од реакции
39
Ако ги продлабочиш мислите во религијата,од првин ке мислиш дека постои вистински мир и спокој,дури можеш да се`забегаш!
Но ако добро протриеш очи,и се отрезниш од тоа "наметнато правило"ќе видиш дека веќе некој ќарел на твојата доверба во нив,но дури сфатиш дека за се е веќе касно да се каеш зошто воопшто си им верувал,тие веќе се возат со луксузните џипови и не им го знаат бројот на парите.
Абе,религијата по мене е полна вреќа ветар и ништо друго.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
... јас мислам дека постои нешто таму, нешто необјасливо, но дека постои- постои !, сакаш именувај го Господ, сакаш сила на природата и сите сме свесни за тоа кој повеќе кој помалку, верските објекти и луѓето кои се посветени таму да работаат не ја преставуваа таа сила читај Господ, кој е насекаде, секогаш и во секое време, а не само во тие храмови, почитување во себе и коректно однесување за деновите кои би требало да се празнува или пости тоа е само едно самопочитување прво кон себе па потоа кон таа Сила...



...човекот се уште не еволуира до тој степен да биде идеален како телесно така и духовно, па како има злоупотреба на нештата во било која сфера така и тука во религијата, но секој на одереден начин ќе си го ,,плати,, во одредено време,односно непочитување и богохулење секому секогаш ќе биде соодветно ,,вратено,, од таа Сила или Господ ...
...не постои човек од било која вера кој не се плаши од таа Сила, односно знае за нејзината моќ (читај Господ) а тоа го докажува со фактот на негово повикување и молење се разбира само кога е најтешко, односно кога здравјето или животот е во прашање на самиот себе или најблизок свој....сите тогаш велат, Господе те молам спаси- помогни, помогни сега! ветувајќи дека ќе пали свеќа ќе носи зејтин или ќе донира за верскиот храм!!!



... пред многу години и во убави моменти, за време на семеен ручек, во прошетка, и во било кој среќен момент во животот се повикувала таа Сила (читај Господ) заблагодарувајќи се за тие моменти, денес тоа веќе не се прави повикување на таа Сила ( Господ) се случува само во тешки моменти кога се нема решение, излез, здравје и опасност по живот...
манипулирањето со таа Сила секогаш ја има во секоја религија и најчесто насочена кон човечкиот најсилен двигател наречно Страв, човекот е тој ако знае да го претвори тој Страв во почитување тогаш не ќе биде манипулиран од никого, па ниту дури од самиот себе ... (y)
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Организираната религија во голема мера го манипулира мислењето на луѓето, како и многу други работи, медиуми, социјални мрежи, но не гледам некој да ги оцрнува нив нели, односно нема такво право да го стори тоа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сите сме се сретнале во конфликти помеѓу нашите верувања. Би сакал да чујам дали мислите дека религијата е манипулативна алатка за човечката перцепција?

П.С
Оваа тема ја имам разговарано премногу, јас лично сум дошол до заклучок дека денешните цркви ја користат религијата како медиум за перење мозок на оние "побожните", а од друга страна и гледам дека луѓето не веруваат како порано и се е одглумено на некој начин. Што вие мислите?
:чда:
Јас мислам дека си у криво.

Прашањето ти е премногу воопштено, оти и самиот поим „религија„ може да се однесува на било која религија, а доколку токму ти „откри„ дела религијата (која?...) имала за цел да „пере„ мозоци од верниците, дај самиот откриј и што е целта од тоа перење.

Просто е; и „перачите„ и „испраните„ ќе бидат покриени со слој од земја, порано или подоцна па така, која е целта од „перачите„“ во однос на „испраните„?...:icon_lol:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Јас мислам дека си у криво.

Прашањето ти е премногу воопштено, оти и самиот поим „религија„ може да се однесува на било која религија, а доколку токму ти „откри„ дела религијата (која?...) имала за цел да „пере„ мозоци од верниците, дај самиот откриј и што е целта од тоа перење.

Просто е; и „перачите„ и „испраните„ ќе бидат покриени со слој од земја, порано или подоцна па така, која е целта од „перачите„“ во однос на „испраните„?...:icon_lol:
Горе доле може да се каже истото за сите поголеми религии(Христијанство, Ислам, Јудаизам)

Вербата во бог би требало да е нешто лично што самиот го пронаоѓаш, а религиите по дифолт наметнуваат норми од раѓање и пробуваат да ти ги набутаат во грло.

Од поодамна религите се помалку за бог, а повеќе за тоа на кој му е поголем. Мене лично она што ми пречи кај организираната религија е што фанатиците т.е испраните мозоци, пошто така се индоктринирани од раѓање својата верба пробуваат да ја наметнат на трети особи иако за тоа нема докази.

Јас неам проблем некој да си го мафта п*нисот по дома ама кога ќе почне пред мене и пред моите деца да го прави тоа е тогаш имаме проблем.

П.С Религиите сами по себе не се ниту лоши ниту добри, за мене проблемот лежи во специјалниот третман што го добиваат во опшеството и што во повеќето религии имаш анти-критичка мисла.

Или со други зборови немам докази ама сигурно е вака и ако не се согласуваш ќе ти ја отсечеме главата.

Овде исклучок се некои источни религии(повеќе филозофии) како будизмот каде самиот буда рекол „немој да ми веруваш сам дојди до вистината“.[DOUBLEPOST=1494812804][/DOUBLEPOST]
Сите сме се сретнале во конфликти помеѓу нашите верувања. Би сакал да чујам дали мислите дека религијата е манипулативна алатка за човечката перцепција?

П.С
Оваа тема ја имам разговарано премногу, јас лично сум дошол до заклучок дека денешните цркви ја користат религијата како медиум за перење мозок на оние "побожните", а од друга страна и гледам дека луѓето не веруваат како порано и се е одглумено на некој начин. Што вие мислите?
:чда:
Во Македонија имаш феномен на традиционални-христијани. Значи одат двапати годишно во црква, следат некои адети од баба-прабаба и едната половина не знае дека библијата постои, а другата знае ама ја нема прочитано.

Во глобала ова е мое лично мислење во МК луѓето се „верници“ пошто така ги научиле од мали нозе, а 90% немаат појма за што се работи ниту некад упатиле искрена молитва.

Исто така имаш некој вид на peer pressure од заедницата па дури и да си атеист наместо да се замараш(претпоставувам тука и стравот е застапен кај некои) да објаснуваш ќе кажеш дека си религиозен.
 
Последно уредено:

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Да. Теистичките убедувања се такви. Спиритуалноста немора да биде, всушност може да е перспективно ослободувачка и да ти го прошири хоризонтот на перцепцијата. Но, се што се заснова само на верба бара намален видокруг во поглед на поставување прашања. Доколку религиозните организации, и општо средните-до-конзервативни теисти подржуваа критично размислување, скептицизам, и охрабруваа информирање за научниот факт, тогаш љубопитноста немало да се наоѓа на клада со векови.

Генералното глумење верник не е нова работа, ниту ендемска. Којзнае колку квази-верници постоеле низ историјата, денес е позабележливо зошто веќе не е толку голема работа. Луѓето го прават да избегнат непотребно замарање, а не смрт или мачење. Јас не глумам по принцип, но учевствувам традиционално и не му поставувам никакво значење. Културолошки.

:oftopik: Скептиците треба да потпомагаат секуларизација. Да исчезне религијата од политиката (бидејќи е 110% сјебано да има земји-светски сили кои не дозволуваат кандидатура на кандидат-атеист, а слободно може некојси George Bush да стапи на власт и во време на криза да повикува на МАСОВНА МОЛИТВА како РЕШЕНИЕ на проблемот:facepalm:); Да исчезне религијата од судството (бидејќи на оние кои се атеисти, или оние кои не се христијани не им се дрма Џони што некој се колне на библијата). И да се наметнат даноци, затоа што на Папа Франко гзот грее златен трон. За почеток.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
A znae nekoj da mi kaze sto e toa svest?
Kade se naogja kaj covekot???
Koga ke mi odgobvorite na ovie prasanja kje vi pustam i topla voda koga se banjate...a i chokoladce ke vi kupam ako ste pametni!
 
Член од
14 мај 2017
Мислења
3
Поени од реакции
3
Јас мислам дека си у криво.

Прашањето ти е премногу воопштено, оти и самиот поим „религија„ може да се однесува на било која религија, а доколку токму ти „откри„ дела религијата (која?...) имала за цел да „пере„ мозоци од верниците, дај самиот откриј и што е целта од тоа перење.

Просто е; и „перачите„ и „испраните„ ќе бидат покриени со слој од земја, порано или подоцна па така, која е целта од „перачите„“ во однос на „испраните„?...:icon_lol:
Јас Мики мислам дека без разлика која религија, секоја религија има некој скриен начин за да пере мозоци. Зошто? Верувам дека порано причината била „За да го води неучениот и несвесен народ во мир и хармонија и да го еволуира колективно“, НО ДЕНЕС, во ова модерно време таа причина е преиначена за да се добиваат материјални добра како парите и да се заблудува свесниот народ со : приказни, турски серии, споменици етц и на тој начин некој во позадина да си игра стратегиски игри со светот додека сите други се фокусирани на небитните работи.

За жал, има такви кои го вклучиле малку мозокот и сфатиле дека слободната волја на размислување е редефинирана..

Поздрав[DOUBLEPOST=1494860185][/DOUBLEPOST]
Горе доле може да се каже истото за сите поголеми религии(Христијанство, Ислам, Јудаизам)

Вербата во бог би требало да е нешто лично што самиот го пронаоѓаш, а религиите по дифолт наметнуваат норми од раѓање и пробуваат да ти ги набутаат во грло.

Од поодамна религите се помалку за бог, а повеќе за тоа на кој му е поголем. Мене лично она што ми пречи кај организираната религија е што фанатиците т.е испраните мозоци, пошто така се индоктринирани од раѓање својата верба пробуваат да ја наметнат на трети особи иако за тоа нема докази.

Јас неам проблем некој да си го мафта п*нисот по дома ама кога ќе почне пред мене и пред моите деца да го прави тоа е тогаш имаме проблем.

П.С Религиите сами по себе не се ниту лоши ниту добри, за мене проблемот лежи во специјалниот третман што го добиваат во опшеството и што во повеќето религии имаш анти-критичка мисла.

Или со други зборови немам докази ама сигурно е вака и ако не се согласуваш ќе ти ја отсечеме главата.

Овде исклучок се некои источни религии(повеќе филозофии) како будизмот каде самиот буда рекол „немој да ми веруваш сам дојди до вистината“.[DOUBLEPOST=1494812804][/DOUBLEPOST]
Во Македонија имаш феномен на традиционални-христијани. Значи одат двапати годишно во црква, следат некои адети од баба-прабаба и едната половина не знае дека библијата постои, а другата знае ама ја нема прочитано.

Во глобала ова е мое лично мислење во МК луѓето се „верници“ пошто така ги научиле од мали нозе, а 90% немаат појма за што се работи ниту некад упатиле искрена молитва.

Исто така имаш некој вид на peer pressure од заедницата па дури и да си атеист наместо да се замараш(претпоставувам тука и стравот е застапен кај некои) да објаснуваш ќе кажеш дека си религиозен.
Не можеше подобро да го кажи ова никој со толку концизни и убави примери. Браво!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom