Депресијата ја има искусено скоро секој само некој е поподложен на неа а некој не толку .Едно треба да сватиме таа не е нешто страшно што треба да се крие . Обично се јавува кога имаме некоја дилема и не можеме да се одлучиме што понатаму .Кога нашето решение можеби повредува некој и ние се колебаме како понатака .,Потоа ако изгубиме драга личност,или останеме одеднаш без работа .Обично работохолиците ако снемаат работа можат да паднат во депресија . По мене треба да се зборува за тоа ,со самото раскажување вие ќе го добиете одговорот и ќе знаете како да продолжите понатака , ако лошите мисли ги замените со добри и девизата дека секое зло е за некое добро исто може да се справите со неа ,излегувајте меѓу луѓе колку и да не ви се излегува потоа ќе се чувствувате убаво ,натерајте се да спортувате или во најмала рака да вежбате нешто , кога сте сами ако не можете да ги скротите мислите редите слагалица ,ова важи повеќе за работохолиците . Најважно од се е да ја сватите таа ситуација и дека таа ќе помине . МОјот свекор велеше, така требало да биде и тоа ќе помине .Многу често ја ползував кога ќе ме фатеше депресија или слична состојба ,верувајте помага.Искористете ја да навлезете повеќе во себе и да сватите што сакате или што треба да научите од неа .