Депресија, меланхолија... Тажен сум - ми се плаче!

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ме фаќаат вакви кризи,се обидувма да ги согледам проблемите или на некого да се доверам...понекогаш една гушка може многу да ми помогне
Исто и мене, само да не сум сама во вакви моменти, иако баш тогаш не сакам никого да гледам.

Среќа се ретки ваквите кризи, зошто тешко ги преживувам.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.136
Поени од реакции
25.669
Депресија и меланхонија се еквивалентни на немоќ, неуспех, незадоволени аспирации, размавнување на бело знаме. Во 90% од случаевите вашите постапки дирекно влијаат на резултатот. Можеш да седиш дома и да цмиздриш зошто морало така да биде или можеш да се издигнеш и да смениш нешто. Кога има волја има и начин.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
да ми доаѓа некогаш така тешко да ми е на душава и од се преку глава да ми е... лошо чувство!
 

**The Beauty**

and the beast
Член од
4 февруари 2007
Мислења
552
Поени од реакции
11
Мене ми се дешава тоа најчесто ден пред да добијам. Можам да седам и да плачам 3 саати, а во нормални денови :) мн ретко ми се дешаваат такви испади.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Мене ми се дешава ама не често..си плачам и несакам никого да видам во тој момент кога сум таква, пошто знам дека ке ги закашкам работите со кој и да е било до мене, ке се искарам и иако никој не е крив некој ке го јаде калапот. Во тие моменти сите ми се криви. Плачам сама а после си преспивам и ко нова сум :smir:
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Охохооо па дали знаев да бидам депресивна, обично ме фаќаше таму негде октомври - ноември и си држеше до пролет, февруари ми беше најкритичен месец ако има нешто под под down..... епа таму бев! Вегетираш низ дома, "одгледуеш" црни мисли у глава, немаш волја за живот едноставно не глеаш смисла у ништо и само чекаш да ти помине, па доаѓа и еден период коа ти е сеедно дали ќе ти помине или не..... Шо е најтрагично упорно се спротивставуеш на цела ситуација, си викаш не бе не плачам, и да заплачеш само ќе се наапеш од себеси, зорле праиш работи шо не ги сакаш и у периодот ти се буквално само малтретажа и измачување као демек ќе те расположеле, пред другите не си нај нај ама ок си "нели" ти се спие или не ти е периодот, ама не бе "ништо не ти е".....

Штета шо ми требаше долго време за да сфатам дека уствари било потребно само знаеш да го гледаш убавото во лошото, да уживаш во депресивните периоди, да си дозволиш да те обземат таквите чувства, и кога во целост ќе ја почувствуваш сета таа мизерија да можеш да се "одделиш" и да тргнеш понатаму! Лани зимото пробав вака и стварно помага, отогаш ме фати само неколку пати некоја блага депресија ама не држеше повеќе од 2-3 дена. Битно е и да не чуваш во себе, дозволи им на луѓето да допрат до тебе! Ако ми се плаче плачам дока не се уморам, после се чувствувам ко преродена, испразнета од секакви емоции, почнав да ја сакам депресијата само за тие 5 мин. после плачење коа освен чувството на празнина и лебдење ни мислиш на нешто ни па чувствуваш :icon_bigg

......ииии така :icon_bigg сеа среќно си живеам :pos:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Меланхолија ме има дрмнато деновиве (од саботата). Ми се појавија црни мисли иако не ги нагласувам надвор од мене. Но секогаш се краткотрајни. Ги трган со тоа што разбивам монотонија - се занимаам со многу работи низ дома.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Многу често ме фаќаат такви периоди на депресија , меланхолија и тогаш неам буквално желба за ништо и само плачам , седам затворена во соба и не сакам да разговарам со никој...пред неколку месеци поминав низ стварно лош период ..депресивна бев максимално и стигнав и до степен на самоповредување..сега велам дека тоа е позади мене и не сакам да се повтори..ама со мене никогаш не се знае..склона сум на депресија & stuff...:nesum:
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
не сум имал некоја посебна депресија, ама од тоа малку шо сум го имал, сум видел барем по малку како е, не сакам да видам повеќе, па затоа се забавувам максимално
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Меланхонија знае понекогаш да ме фати и депресија знае да ме фати...али брзо поминува...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, често ми се случува да ми се спојат некои жички и да ме фати некоја депресивност и ми се плаче. Без разика дали сум со некој или сум сама, поради тоа што сум емотивна, кога ќе ми се деси ваков спој, плачам. Не сакам во тие моменти да ми викаат а бе не се секирај ќе ти биде подобро, не се нервирај... сакам само да ме сослушаат, да ме остават да се исплачам. Некогаш ми треба некој да ме гушне онака најцврсто и да не ме пушти подолго време и ништо да не ми збори. Си имам и јас мои леви моменти де:wink:. Баш прееска, пред околу 30 минути имав спој и ми се плачеше и ми се насолзија очите, ама помина брзо. Ме држи уште, ама не е како што беше прееска. Сум имала многу гадни периоди, али проаѓале. Сум наоѓала начин да се расположам и да преминам преку тоа.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
До таа мера да ми се плаче не ми се случувало ама имало денови кога не ми се правело ништо и само сум лежел и сум размислувал за секакви глупости и сум бил тотално нерасположен.Како и да е брзо ми поминува.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
пффф ... можам на прсти да избројам кога сум имал онака супер денови , се другите ми се тапа и глупости , како да ги шиткам сите денови за џабе , се лажам дека ми е супер , и никогаш не покажувам како ми е вистински пред други луѓе , секад сум расположен и весел , ама кога сум сам паѓам у тешка "депонија"...посебно деновиве ...
 

cinderella_

In love with you...
Член од
27 јануари 2007
Мислења
852
Поени од реакции
5
denovive sum nekako tazna,ne sum bas u najbolje raspolozenie...niso ne mi ide od raka,niso ne e kako so sakam da bide,sve e za nikade.............nesakam vaka da se osekjam.go mrazam ova cuvstvo na neispolnetost,na praznina vo dusata........:icon_frow:(:(
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
додека не бев заљубен никогаш немав паднато во депресија или меланхолија, ама од кога се заубив почнав да паѓам затоа што си се оделив од мојата сакана на 6 месеци и поселдниов месец најгрдо ми беше, сега малце ми подпомина ама сепак ме држи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom