Депресија, меланхолија... Тажен сум - ми се плаче!

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Тешко е да се доближи до многу луѓе што е вистинскиот корен на проблемите, затоа што не знаат дека работите може да функционираат поинаку. Зошто мора да е ваква трка, нечесна, без правила, без старт од исто место, без заслуги?
Секој е горд со некаков свој ментален капацитет и интелигенција и мисли дека може да биде некој и нешто и го заслужува тоа. Ај не капитализмот, кое и да е уредување, нема место за сите во канцеларија, некој мора да р'мба, за да може животот да ни е така "лагоден". Моите претци, добар дел од нив се некое граѓанство, школувани и во невремиња и работеле претежно трговија исл. Ете некои 4-5 генерации пред мене и сите пред нив морале да си го создадат сами лебот, сигурно орале, чувале животни. Јас седам во канцеларија и кликам, куцам на тастатура. Опкружен сум со други психози, туѓи нервози, за разонода гледам надреални, лудачки вести од политика или story и пост на некој шо ме заболе к***т за него по сите параметри, по улица гледам нервозни, агресивни, гадни луѓе шо смрдат и фрлаат ѓубре секаде и чекам да имам здрава психа.
Да бидам искрен, тоа шо малку имам шанса да прошетам пар пути у годината, го гледам и на страна. Ај нема таму политика може и прљавштини, ама има конфекција - се оди на одмор ко да мора, се чека у некои редови, се праат работи шо ни издрогиран не би ги праел. Зошто? За да имам шо да кажам дека сум бил негде, да не сум ко шугав. Притисокот е огромен и не се работи за нечија лабилност или слабост. Како риба да извадиш на суво и да викаш ебати слабото суштество...и бела ајкула - машина убиец, на суво е ништо. Да не зборам за сексуалниот живот кој е целосно сведен на "имаш-ебеш, немаш-дркаш"...може Кант и Хегел да ги пееш и да си убав и да не можеш да припариш до женско.
Јас си признавам дека имам често проблеми. Moodswings. Често се будам рано сабајле, пред алармот у безвезно време и сум загрижен до крв, со тресење. Преувеличувам некои ситуации. Во сред ден ми доаѓа да затворам врата од канцеларија и да не пуштам никого. Од време на време доаѓам до некои информации дека одредени видови храна ти праат опасна каша со рецепторите, па ај ќе редуцирам - што е па еден друг аспект кој исто има врска со капитализмот - буташ хемиски супстанци, само дека некој некаде мора да си го одржи производот да му трае 2 месеци, да сјае, да биде ултра-црн...тоа го плаќаш со сопственото здравје.
Има многу да се пишува...мене лично периодов ми се насобрани толку работи, што некој друг би си пресудил многу брзо. И тоа, воопшто или многу малку сум имал влијание да се случат. Ме толчат. Дури и мислам дека самово пишување на форумов ми е дел од тој overthinking, тоа што ми ја ствара таа психоза, анксиозност, депресија јебем ли га што е....ваљда физичка активност, престој у природа, дружење со луѓе, јадење поскромно и почисто, откачуење социјални срања (мрежи) се некакви акции со кои би се редуцирало срањето, а за целосно ослободување, веројатно е потребна некаква ментална револуција, што е нереално да се очекува да ја дигнат вакви бројлери у шо сме претворени.
 
Член од
10 јануари 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво.Дали некој има искуство од псиxијатар Моме Петковски?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom