Операција на девијација на носот - Септопластика !
која се лечи само по хирушки пат доколку имаме клиничка слика на пореметување на респирацијата (ја имаш како пречка), затнување на носот, главоболки, пореметување на сетилото за мирис, крварење, ослабен слух и шумолење (го имаш како пречка), па се до бронхитис поради дишење преку уста.
Самата оперативна интервенција се состои од остранување на девијацијата на септумот т.е. преградата која е најчесто e вид на буква S, или има задебелување.
Пред операција дента се јаде до 20 ч, а до 22 ч вода, потоа ништо не се зема, треба да си избричен и операцијата се одвива под тотална анестезија, ама има случаеви и под локална анестезија зависи од девијацијата, од 30-60 минути би требало да биде све завршено, еве како би било визуелно -Septoplasty-Deviated Nasal Septum Correction !
ВНИМАВАЈ АКО НЕ МОЖЕШ ДА ГЛЕДАШ ОПЕРАЦИЈА И КРВ НЕ ГО ГЛЕДАЈ ВИДЕОТО !!!!
се одвива оперативно само во едната носница, а резот внатре во носот надворешно не се гледа, туку се носат тампони во носот до 5 дена, многу е важно да е искусен операторот и да внимава да не остранува премногу предна рскавица тогаш ослабува статиката на носот, да не се оштети слузницата и што е најважно постоперативна хигиена на носниците често менување на тампоните итн...
еве еден пример на момче највероватно како тебе, со операција на носот поради девијација промени на носот има малку, ама немаш избор затоа што имаш здравствени последици поради таа девијација како укажа самиот со дишењето и со слухот и затоа мора да го решиш ова под хитно без одлагање!
момчето со девијација на носот пред операција,
момчето неколку часа после операцијата,
после првиот ден,
втор ден,
трет ден,
четврти ден,
внатрешноста на устата после неколку дена од операција на девијација на носот, исчистено веќе од крварењето.
пети ден се отфрлува веќе делот кој се носи додека се дренира носот,
еве веќе момчето со само внатрешни тампони после 5 ден од операцијата
слика на момчето во амбуланта кога му ги извадиле тампоните од носниците, вака изгледал оперираниот нос после остранување на девијацијата на носот на ова момче!
... па ти посакувам све најубаво и да помине како што треба !