Terapija za zeludnik so Emanera I Eglonil 2 meseca, a domperidon 1 mesec.... Dobra Terapija ili.... Cisto onaka prasuvam informativno..
Esomeprazole - Emanera - инхибитори на протонска пумпа кои ја потиснуваат секрецијата на хлороводородна киселина во желудникот,
- се зема на индивидуална основа, во зависност од дијагнозата, во гастроезофагеална рефлуксна болест, времетраењето на третманот е 4 недели, се зема 40 mg езомепразол секој ден.
- за третман на пептичен чир предизвикан од Helicobacter pylori, лекот "Emanera" се комбинира со антибактериски лекови, во овој случај, дозата не треба да надминува 20 mg дневно, третман - 7 дена.
- да се намали производството на хлороводородна киселина во чир на желудник, предизвикано од продолжено лекување со НСАИЛ, треба да се земе капсули во рок од еден месец, дозирање - 40 mg еднаш на ден.
Supirid - Eglonyl
- со умерена неуролептична активност со антидепресивни ефект, делува на централниот нервен систем со блокирање на допаминергични рецептори, во мали дози сулпирид дополнително се администрира во лекувањето на психосоматски заболувања,
- ефикасен во намалувањето на негативните ефекти на гастричен улкус, синдром нервозно дебело црево, намалување на интензитетот на болки во стомакот.
- во ниски дози Supirid - Eglonyl (50-300 mg) ја елиминира и вртоглавица,
Domperidone - Motilium
- има антиеметски ефект, против повраќање, може да елиминира гадење и смирување на икање и блокада на централно допаминските рецептори, како последица на тоа со инхибиторен ефект на допаминот врз функцијата на гастроинтестиналниот тракт, дневната доза не треба да надминува 80 mg, (3-4 mg по килограм телесна тежина),
издолжен и спуштен желудник полн со желудачна киселина често е причина од долг постојан стрес!
инаку според мое мислење два месеци ова терапија е многу (месец дена и контрола), ако се подобрува после 3,4 дена се исфрлува Domperidone, исто и еглонилот, па да се замени со диазепам или лексилиум, а не да се тера со него,
ова е мое мислење,
инаку требале да те тестираат за Хеликобактер пилори,
проблемот што после прекинување на терапија не значи дека пак нема да ти се појават тегоби, треба да јадеш почесто и помалку, после јадење никогаш да не легнеш, навечер да не вечераш, луто, газирано и многу мрсно да избегаваш, и све што има зелена кора или е зелено, како брокула, краставица, зелена пиперка, никогаш да не носиш нешто што те стега околу струк да го притиска желудникот,
сите сме такви и имаме слични проблеми, па по потреба пиеме омепразол ако ептен имаме болка и киселина, или Гастрогард или Рупурут ќе се излиже некоја таблетка против кислелина, а и нешто за смирување уз тоа, дали лексилиум, диазепам, или ако си анксиозен нешто како асентра!
еглонилот не требаше толку долго, па ниту другиот лек што се дава против повраќање, али тоа е мое мислење, немој да се базираш, туку сам размисли од што би можел да ти биде така желудникот и пак ќе кажам задолжително да се направи хеликобактери пилори тестот!