Во понеделник треба да направи ова и плус уште нешто, а претходно треба да се има некаква подготовка за оваа процедура?
..
подготовка? зависи за кое лабораториско испитување се работи,
во препоставка дека направила крвна слика, а тоа „ да направи плус уште нешто“ (оти нели има симптом на анемија) ќе ги кажеме
испитувањата за анемија:
-испитување на серумско железо (7.6-31.3 μmol/L )
-да се направи десет дена пауза (wash out период) од оралниот железен препрат (Тотхема) даден како терапија!
-да не се пијат никакви витамински препарати 48ч, чаеви или сокови кои се богати со железо!
-да не се јаде месо, лубеница, диња, грав или друга храна кои се богати со железо!
-да не се пие Вит Ц,
-да не се пијат лекарства по можност за најнеопходните најмалку 12ч
-да не се јаде, пуши најмалку 12 ч пред да се даде крв,
-да нема стресна ситуација и непреспиена ноќ пред давање на крвта,
-да нема некоја акутна инфекција, доколку ја има да се направи напоредно и испитување на ЦРП,
-да се дава примерок на крв од 7-9 ч и тоа пред да се испие дневната неопходна терапија на лекови!
-испитување на феритин во серум,( ng/ml мажи 28.0 -397 жени 6.0 -159)
нема потреба од сите овие назначени подготовки и во секој случај укажува подобро на резервите на железо што го има целото тело!
-испитување на трансферитин, (2.24 -4.06g/L ) важен параметар за испитување зошто тој го пренесува железото во крвта и зависно од количината на трансферин зависи колку железо може да се врзе, односно колкав е вкупниот капацитет на врзување на железотo (TIBC)!
-испитување на TIBC, ( μmol/L 44.8 -80.6 ) негово покачување се јавува кога имаме ситуација на ниска концентрацијата на железо, заради компензаторна синтеза на трансферин и кај некроза на црниот дроб заради отпуштање на феритин!
- испитување на UIBC физиолошки, само еден дел од серумскиот трансферин е врзан за железото, а другиот е слободен, т.е. незаситен, тој дел на трансферинот кој сеуште може да врзе железо се означува како незаситен капацитет на врзување на железото,
- испитување на Фолната киселина која е непходна за нормален метаболизам, синтеза на ДНК и регенерација на црвените крвни зрнца.
- испитување на Витамин Б12 ( pmol/L 28.9 -168.9) кој е неопходен во метаболичките процеси, синтеза на ДНК и регенерација на црвени крвни зрнца.
Па и не треба. Во огромен број случаи дијабетисот лесно се контролира да не речам риврса со станување веган, слабеење и физичка активност.
... тоа ќе му кажеш на повозрасен пациент или пензионер?
или тоа ќе се каже на личност која од нерегулиран шеќер телото му е коска и кожа и одвај се движи? ...знам, најчесто такви препораки се дава!
... и со холестеролот исто, пациентот има висок холестерол, слаб коска и кожа, а добива препорака да држи диета и да се движи и физичка активност повеќе!
... или случај , пациент се јавува поради постојано кашлање, во живот не пушел има на ртг промени на белодробието и му се кажува упорно да не пуши веќе