Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Под режим на исхрана сум од нутриционист. Прашањево ми е следно, значи, нутриционистот нишо не ми дава :( Освен сокче цедено од јаболко, цвекло и морков, еве веќе 2-ри месец го пијам, бадеми, лешници 10, бразилски ореви по две, овошје, и салати. И ручекот ми се составува од риба понекогаш, просо, киноа, хељда...
Кога сакам многу да јадам нешто, што да јадам а да не се дебелеам?!
ти јади си што сакаш ама избаци разни глупости меѓу оброци што знаеме да си земаме - бадеми, грицки, чипсови, кока коли, газирано, благо и ќе видиш одма ќе има резултати. А и не е лошо малце спортски да се активираш. Да ме видиш мене што јадам ќе повратиш ама затоа под 10 км на секои два дена не опаѓам, дали пливање дали трчање.
 
ти јади си што сакаш ама избаци разни глупости меѓу оброци што знаеме да си земаме - бадеми, грицки, чипсови, кока коли, газирано, благо и ќе видиш одма ќе има резултати. А и не е лошо малце спортски да се активираш. Да ме видиш мене што јадам ќе повратиш ама затоа под 10 км на секои два дена не опаѓам, дали пливање дали трчање.

Ништо не јадам од тоа, а само по килце слабеам, физички активна сум, пешачам само, денеска пешачев цели 6 км. И нозете сега не си ги осеќам. :) Не пливам. Не трчам, само на орбитрек и пешачење. Не бе, какво повраќање :( Сега више имуна сум, ти не знаиш ја шо јадам... Семе од коприва мешано со малтекс, па по гадно од то нема. Ти ќе повратиш :( да ме вииш...
 
Ништо не јадам од тоа, а само по килце слабеам, физички активна сум, пешачам само, денеска пешачев цели 6 км. И нозете сега не си ги осеќам. :) Не пливам. Не трчам, само на орбитрек и пешачење. Не бе, какво повраќање :( Сега више имуна сум, ти не знаиш ја шо јадам... Семе од коприва мешано со малтекс, па по гадно од то нема. Ти ќе повратиш :( да ме вииш...
Епа продолжи по таа километража што почесто и ќе има резултати. Потоа почни да трчкаш и ќе видиш како ништо не се лепи. :)
 
Малтекс не смееш да јадеш, отказ на "нутриционистот"

Можеш да јадеш не рафинирани масти кои потекнуваат од растенија, во големи дози како и зеленчук 1 тон се што содржи глокоза - не.
 
Друштво темава ја прочитав од почеток до крај и не најдов нешто слично со мојот проблем.
Имам прекумерена количина на киселини во желудникот.

Бев кај др.Ставридис во Градска каде што ми правеа Гастроскопија, па тестирав и Хеликобактер, се си е нормално, освен во Гастроскопијата каде што имаше дијагноза (воспален желудник).
Кога јадам свежа храна и мала количина најчесто немам проблеми, ама зачинето, термички обработено, шеќери и слично.... тешко мене.....
Пиев Ланзул и немав проблеми додека ги пиев што и да јадам, престанав и пак почнаа....
Гурман сум си :)

Дали оваа моја дијагноза се лечи или и доживотно ќе си внимавам?

Можеби описов е оф топик, но го пишувам како објаснување за некој кој имал сличен проблем па да ми препорача кај кој специјалист го решил истото.
Може приватно или државно.

Благодарам однапред.
Мене ми се појави истиот проблем со дигестија на храната во желудникот пред два месеци, т.е. после секој оброк ми се јавуваше чувство на надуеност во желудникот кое на моменти беше неподносливо тешко што резултираше со тотална апатија и безволност. Пропратно со надуеноста повремено ме мачеа и киселини кои ги третирав со ранитидин или пак сода бикарбона ( ова второво чисто за да проверам дали навистина функционира и дали ќе ми помогне ) и чести и невообичаено течни столици. Симптомите и нивниот интензитет ми варираа во зависност од типот на храна што ја конзумирам и најлошо ми беше кога ќе се напиев кафе, посебно нескафе со млеко или топло турско кафе, тоа беше тотално кинење за мојот желудник, зелена салата како марула, зелка, краставица истотака многу ми пречеа и ми даваа изразена симптоматологија како и пиење на вода после јадење која ја чувствував како цигла во стомакот буквално. Осеќав како храната ми стои по цел ден во желудник и не ми се вари, обично појадував насабајле и цел ден се до вечер, т.е. до вечерата кога веќе конечно ќе осетев дека сум гладен и дека можам да јадам. Ја имав истата мака пред некоја година, кога истотака пролетно време ми се јавија истите симптоми и тогаш се влечкав по лекари, се до моментот кога требаше да правам гастроскопија и се откажав поради страв. Тогаш проблемот го третирав со ланзул кој можеби го пиев скоро пола година, но сепак покрај него морав многу да внимавам што јадам. Не ми дадоа дијагноза, а мојата претпоставка беше дека се работи за некој вид на сезонски гастрит.

Е сега, по консултација и препорака со еден форумџија, имено @Psyside ( голема благодарност до него за несебичноста и времето одвоено за мене и моето здравје ), установивме дека најверојатно се работи за недоволна количина на желудочна киселина, иако јас мислев дека се работи за хиперпродукција на желудочна киселина со оглед на силните тегоби налик киселина кои ми се јавуваа после оброк. Сепак, недоволната количина на желудочна киселина е изворот на проблемот и затоа храната полека се вари и останува долго време во желудник и после извесно време почнува да скапува и веројатно оттаму и се предизвикуваат киселините.

По препорака на @Psyside, од исхрана исфрлив домати, краставици, пиперки, марула, зелка, кромид, се што содржи бел шеќер и брашно, се што е од пченица или има глутен, како и кафето ( ова ми беше и сеуште ми е најтежок предизвик и не бев баш строго дисциплиниран во однос на кафето ). Престанав да конзумирам млеко и месо ( месо на недела дена, млекото сеуште не го пијам, а не ни планирам во блиска иднина да пијам млеко зашто ептен ми смета, ама многу многу ). Избегнувам запршки и зачини, зголемив количина на јаткасти плодови - ги внесувам секојдневно за разлика од порано, гледам да јадам помали количини на оброци за да не го оптоварувам желудникот да се мачи со варење. Вода саат време пред и после јадење не пијам.

Тоа што е доста важно, и што мислам дека во мојот случај има круцијална улога, по препорака на членот си купив чај од анасон, ѓумбир, коријандер и нане. Од анасонот, коријандерот и нането ставам по една лажичка, а од ѓумбирот третина и тоа ми е една доза, која обично ја конзумирам како чај со јадење најчесто пред. После половина час веќе сум многу гладен и можам убаво да јадам. Чајот го пијам двапати дневно. Истотака си купив и дигестивни ензими, имено Дигестон од Healthaid, капсули кои се конзумираат до двапати дневно заедно со оброк. Единствено глутамин не земав.

За не повеќе од недела дена, само со овие препораки, мене проблемите и мачнината со желудникот ми се сведоа на минимум, дури би можел да кажам дека целосно се повлекоа, затоа што можам буквално се да јадам ( веќе втората недела почнав да ги кршам рестрикциите и си јадам буквално се од тоа што требаше да го исфрлам, освен млеко ).

Секако, водам сметка да не претерам со количината и обемноста на оброкот, за да не го оптоварувам непотребно желудникот.
 
Anytime, np! го имаш бројот кога и да ти треба некој совет ѕврцни :))

а ако сакаш да се "одолжиш" pay it forward- или сподели со секој кој има проблем со дигестија - токму како постов кој се надевам ќе му помогне на членот (y)
 
Малтекс не смееш да јадеш, отказ на "нутриционистот"

Можеш да јадеш не рафинирани масти кои потекнуваат од растенија, во големи дози како и зеленчук 1 тон се што содржи глокоза - не.
Што да правам, да не одам ли више?! да си терам по мое и ти нешо да ми препорачаш, јас ќе ти ги кажам мојте болести... :( и ти да ми помогнеш, може ли? проблемот уствари ми е , значи шеќерот, што ми паѓа и слично, инсулинемијата, висок притисок и мензис шо немам.
 
Осеќав како храната ми стои по цел ден во желудник и не ми се вари, обично појадував насабајле и цел ден се до вечер, т.е. до вечерата кога веќе конечно ќе осетев дека сум гладен и дека можам да јадам. Ја имав истата мака пред некоја година, кога истотака пролетно време ми се јавија истите симптоми и тогаш се влечкав по лекари, се до моментот кога требаше да правам гастроскопија и се откажав поради страв..... Сепак, недоволната количина на желудочна киселина е изворот на проблемот и затоа храната полека се вари и останува долго време во желудник и после извесно време почнува да скапува и веројатно оттаму и се предизвикуваат киселините.
... гастроскопија е дијагностичка метода кога лекарот со внес на еден оптички инструмент преку твојата уста ти ја гледа внатрешноста на горниот дел на дигестивниот тракт т.е. хранопроводот и желудникот за да види дали имаш воспаление на хранопроводот- езофагитис, воспаление на желудникот- гастритис, чир на желудникот и не дај боже канцерогени клетки, но САМО И САМО ВО ГОРНИОТ ДЕЛ на дигестивниот тракт,

standard_gastroskopi.jpg


а што се случува понатаму? нели велиш дека ,,се задржува во желудникот храната и скапе,, имаш зачестени течни столици?? проблемот е во споро варење и задржување во желудникот???? а тоа не се гледа со таква метода на гастроскопија, туку требаше да направиш последователни РТГ снимки со голтање на контрасно средство Бариум сулфат и на секој 15 мин се прави РТГ снимка и се гледа како се движи тоа контрасно средство од уста, преку желудник, црева, дебело црево и тогаш и само тогаш ќе кажеш дека храната се задржува во желудникот, ако ова средство не оди по тој пат за одредено време, а не така пушална препоставка...
 
некое чаре полесно да ги поминам сипанициве( варичела) на 21 година
 
Имам болки на десната рака во пределот на зглобот кај дланката.Болките ми се јавуваат после спиење со грчеви на дланката и тоа во внатрешниот дел на раката.Работев физичка работа нз дали е некое преоптоварување или е пак можно проблеми со циркулацијата..
 
Не спиј наслонет на раката.
 
Здраво
Треба да правам операција на нос поточно имам девиација и исто така зголемени носни ходници. Имам многу тешкотии со дишењето а исто така и со слушањето-слушам пригушено. Најдов добар доктор кој работел во болница во Бугарија па сега е повторно во МК. Пред да правам операција во странство која ја нема тука ми предложи операција на носот каде што имам девиација бидејќи од негово досегашно искуство кај многу пациенти се намалила пригушеноста во слушањето. Немам премногу висок негстовен притисок но сепак ми смета премногу така да мора да се прави нешто.

Е сега прашањето ми е дали доколку направам операција ке добијам друг облик на носот поточно доктор ми кажа да не се каам одпосле бидејќи можи носот да биде во фирма на домат. Мојот нос е перфектен од надворешена страна но внатре имам искривување, ме плаши тоа што доколку ми се смени обликот имат навистина да се каам. Не суѓ зборувал со докторот на таа тема, само закажав за операција но сепак сакам мислење доколлу некој имал искуство.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Здраво
Треба да правам операција на нос поточно имам девиација и исто така зголемени носни ходници. Имам многу тешкотии со дишењето а исто така и со слушањето-слушам пригушено. Најдов добар доктор кој работел во болница во Бугарија па сега е повторно во МК. Пред да правам операција во странство која ја нема тука ми предложи операција на носот каде што имам девиација бидејќи од негово досегашно искуство кај многу пациенти се намалила пригушеноста во слушањето. Немам премногу висок негстовен притисок но сепак ми смета премногу така да мора да се прави нешто.
Е сега прашањето ми е дали доколку направам операција ке добијам друг облик на носот поточно доктор ми кажа да не се каам одпосле бидејќи можи носот да биде во фирма на домат. Мојот нос е перфектен од надворешена страна но внатре имам искривување, ме плаши тоа што доколку ми се смени обликот имат навистина да се каам. Не суѓ зборувал со докторот на таа тема, само закажав за операција но сепак сакам мислење доколлу некој имал искуство.
Sent from my iPhone using Tapatalk

Операција на девијација на носот - Септопластика !

3.jpg


која се лечи само по хирушки пат доколку имаме клиничка слика на пореметување на респирацијата (ја имаш како пречка), затнување на носот, главоболки, пореметување на сетилото за мирис, крварење, ослабен слух и шумолење (го имаш како пречка), па се до бронхитис поради дишење преку уста.

Otezano-disanje-na-nos-1.png


Самата оперативна интервенција се состои од остранување на девијацијата на септумот т.е. преградата која е најчесто e вид на буква S, или има задебелување.


Пред операција дента се јаде до 20 ч, а до 22 ч вода, потоа ништо не се зема, треба да си избричен и операцијата се одвива под тотална анестезија, ама има случаеви и под локална анестезија зависи од девијацијата, од 30-60 минути би требало да биде све завршено, еве како би било визуелно -Septoplasty-Deviated Nasal Septum Correction !
ВНИМАВАЈ АКО НЕ МОЖЕШ ДА ГЛЕДАШ ОПЕРАЦИЈА И КРВ НЕ ГО ГЛЕДАЈ ВИДЕОТО !!!!


се одвива оперативно само во едната носница, а резот внатре во носот надворешно не се гледа, туку се носат тампони во носот до 5 дена, многу е важно да е искусен операторот и да внимава да не остранува премногу предна рскавица тогаш ослабува статиката на носот, да не се оштети слузницата и што е најважно постоперативна хигиена на носниците често менување на тампоните итн...
еве еден пример на момче највероватно како тебе, со операција на носот поради девијација промени на носот има малку, ама немаш избор затоа што имаш здравствени последици поради таа девијација како укажа самиот со дишењето и со слухот и затоа мора да го решиш ова под хитно без одлагање!

pred_operaciju05.JPG


момчето со девијација на носот пред операција,

operacija.jpg


момчето неколку часа после операцијата,

prvi_dan.jpg


после првиот ден,

drugi_dan.jpg


втор ден,

treci_dan.jpg


трет ден,
cetvrti_dan.jpg


четврти ден,

nepce04.JPG


внатрешноста на устата после неколку дена од операција на девијација на носот, исчистено веќе од крварењето.

tampon_koriscen.jpg


пети ден се отфрлува веќе делот кој се носи додека се дренира носот,

tamponi_nos.jpg


еве веќе момчето со само внатрешни тампони после 5 ден од операцијата

vadjenje_tampona.jpg


слика на момчето во амбуланта кога му ги извадиле тампоните од носниците, вака изгледал оперираниот нос после остранување на девијацијата на носот на ова момче!

... па ти посакувам све најубаво и да помине како што треба !
 
Последно уредено:
Операција на девијација на носот - Септопластика !

3.jpg


која се лечи само по хирушки пат доколку имаме клиничка слика на пореметување на респирацијата (ја имаш како пречка), затнување на носот, главоболки, пореметување на сетилото за мирис, крварење, ослабен слух и шумолење (го имаш како пречка), па се до бронхитис поради дишење преку уста.

Otezano-disanje-na-nos-1.png


Самата оперативна интервенција се состои од остранување на девијацијата на септумот т.е. преградата која е најчесто e вид на буква S, или има задебелување.

]...

Ти благодарам @bijons за брзиот и опширен одговор. Искрено само што ги видов сликите ми се преврти се во стомакот така да видеото не го гледав. Во врска со страв од операцијата општо имам страв од анестезија(доста луѓе го имаат тој страв иако не е потребен). Здрав сум тотално и со притисок 120/80, срце, крв...
Во мојов случај девиацијата не се заприметува од ниедна страна, носот ми е прав, тоа се случи одкако имав синузитис кој ми поремети доста работи, пред тоа не ми сметаше воопшто дишењето, можеби треба да правам само операција на носните ходници но докторот препорача и септопластика која како што ми се гледа колку и да е носот ке го смени обликот.
На сликите се гледа девијацијата а истотака и мала циста на десниот м. синус.
Па малце би подразмислил дали да се прави септопластика иако докторот е еден од најбараните кога станува збор за операцика на нос а и истотака добар пријател.

506f9d83ada836468d79501366a47010.jpg

daa7f22a307953e79cc6bf670944d13f.jpg

49f9b518e9bce15a70052a4960104218.jpg




Sent from my iPhone using Tapatalk[/QUOTE]
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom