Дежурна Ординација! #2

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.189
Поени од реакции
181.341
не, ама уринира и нема доволно кој да му пружи нега
Ако се води хигиена (а под хигиена не мислам на пет минути бањање), нема никаква опасност. Фрлање на пелените, бањање, редовно проветрување и нема опасност. Нешто слично како што треба да се одржува хигиена и во ВЦ.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
240
Поени од реакции
53

затоа и стравувам, човеков е жив труп, тешко можеме да го вртиме, не можеме да го бањаме, сакаме но не можеме да пружиме добра хигиена
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.552
Поени од реакции
9.376
Малку оф топик, у која болница се подобри условите за престојување (лол зборов) Државна или Воена (8-ми Септември)?
Кој оддел? Мислам дека во државна има подобри услови и скоро сите оддели се реновирани. Но секако важно е за што се работи, операција или само хоспитализација, доктор кој ќе води и слично. Трауматологија во државна би ја заобиколил без размислување.[DOUBLEPOST=1544039439][/DOUBLEPOST]
затоа и стравувам, човеков е жив труп, тешко можеме да го вртиме, не можеме да го бањаме, сакаме но не можеме да пружиме добра хигиена
Човекот треба да му одржувате хигиена и секојдневна тоалета, а имајте на ум и превенција од декубитус, зашто верувај не сакате уште декубитални рани да ви отвори.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.245
Поени од реакции
36.121
За да не им отвори такви рани мора на два саати да му ја менуваат положбата, да му прават масажи, телото секогаш да му е суво и почесто да се менува постелнината. Под него да има посебен душек, а тој како што пиша тешко можат да го поместат, а не пак да ги прават сите овие работи.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Не сакам да звучам дрско, но не се согласувам дека не можат да го поместуваат и мислам дека се лажги со опашки и оправдувања. Крајно нехумано е да го оставиш човека во сопствениот измет и живи рани да си замине од светов, па кој сака нека е. Верувам и нив би им било проблем да му се појави декубит и да почне да смрди по станот. На крајот има физиотерапевти кои можат да го одржуваат, сепак е терминална фаза. Дури и да има финансиски проблем, лесно се учи техника за поместување на коматозен болен, не е научна фантастика. Бањањето може да биде со пребришување на крпа во вода и сапун, не е никаква филозофија, на пример. Ама треба желба и волја за да се помогне.[DOUBLEPOST=1544044227][/DOUBLEPOST]
не, ама уринира и нема доволно кој да му пружи нега
А кој според тебе треба да му пружи? Мислиш некој да дојде на врата и да се понуди да пружи нега?
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
369
Поени од реакции
122
Одредувањето на хепаталните проби има многу важна дијагностичка вредност кај сите видови на хепатит, кај цироза на црниот дроб, кај жолтица, болестите на жолчните патишта, најчести параметри за одредување на хепаталните проби се: одредувањето на билирубинот во крвта (вкупниот и директниот) и вредностите на ензимите: трансаминази – AST (аспартат аминотрансфераза), ALT (аланин аминотрансфераза), GGT (гама глутамилтрансфераза) и AP (алкална фосфатаза), мислам дека малку покачена вредност од нормалата на АЛТ укажува можеби од примена на некои лекови што си ги користел пред да дадеш крв за анализа од тип на нестероидни анти-инфламаторни лекови диклофенак, може од аспирин, антибиотик, често пати ова вредност знае да биде малку покачена и од некои билни препарати и од некои диететски суплименти, а најчесто при мускулно воспалување или повреда на мускул, да не си претерал нешто со вежбање, па тоа ти е од воспаление ? инаку немој да се грижиш да имаш нешто со јетрата од тип на цироза, акутен хепатит или оштетување вредоста треба да биде повисока 10 х па до 15 х од нормалната, а за хроничен хепатит барем 2 х повисок - дуплиран ;)
п.с
уринарниот статус не ти е испитан немаш никакви вредности, не знам од каде сега ти е тоа „крв во мокрача“!
Пред 2 години имав ALT 90, успеав со Силимарин да го симнам на 40 за неколку месеци, потоа ми се качи на 50-60 и еве веќе 2 години не можам да го симнам, иако пијам Силимарин.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.515
Поени од реакции
9.452
Пред 2 години имав ALT 90, успеав со Силимарин да го симнам на 40 за неколку месеци, потоа ми се качи на 50-60 и еве веќе 2 години не можам да го симнам, иако пијам Силимарин.
...малку ме буниш, ама ај да почнеме од нешто па да одговориме малку посоодветно, ај одговори:
- зашто пред 2 години си направил лабораториска анализа на јетрени ензими т.е. на АЛТ?
- антидепресивот, Еscitalopram (Алицеа) од кога пиеш?
- дали пиеш други лекови, наведи ги!
- дали си прележал жолтица (hepatit ? A ? B ?)
- дали си пиеш по малку алкохол, да речеме секој втор ден дома или еднаш неделно со другари?
- дали одиш во теретана т.е. применуваш нешто околу тоа? суплименти, стероиди? наведи што!
- за секој случај да прашам дали имаш над 18 год?
- за да кажеме нешто за јетрата треба лабораториско испитување на комплет тест анализи на АЛТ, АСТ, Билирубин, Албумин, Протромбинско време и резултатите се гледаат како вкупен резултат, а не само АЛТ, доколку ги имаш направено кажи ги вредностите!
- дали имаш телесна тежина повеќе од нормалната т.е. дали си дебел, кои вредности имаш на липиден статус конкретно кажи за триглицериди и ХДЛ холестерол (добриот) и дали имаш проблем со шеќер во крвта?
- дали имаш камен во жолчка?
-целијакија?
-дали пиеш некои витамини или некои други хербални препарати?
-дали испитувањето на АЛТ во лабораторија го направи после некој ден кога си имал некоја физичка активност- теретана, подолго пешачење, настинка?
...одговори, па да се преслушаме малку! :)
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
52
Поени од реакции
0
Бев на систематски преглед од работа и на резултатите од компјутерското мерење на видот пишува до SPH диоптријата и CYL на едното -1,00 и на другото -0,75, а досега никогаш не ми е утврден цилиндар и немам такви стакла. Некој упатен да ми каже дали ова значи дека имам цилиндар и ми требаат стакла со цилиндар (освен тоа, имам мал проблем со фузијата, така ми рекоа порано на еден преглед).
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.250
Поени од реакции
7.204
После пломбирање заби со локална анестезија, осетив мала вртоглавица, губење на рамнотежа и тотално сува уста, баш како надрогиран. Кога си отидов дома легнав да одморам еден саат отприлика, а кога станав освен гореспоменатите симптоми ми се појави уште позагрижувачки, не можам да фокусирам со очите од блиско, на пример кога отварам инстаграм, фејсбук, кога читам некој документ само на почетокот гледам што пишува и како читам повеќе, толку повеќе буквите стануваат како некакви симболи и матно ми е се. Моментално пишувам со очилата на татко ми, пошто без нив којзнае како ќе излезеше текстот :D

Утре одам да правам крвна слика тука во Струмица, па после одам до Систина на преглед кај очен и ако има услови и до неврологија. Некој да не имал слично искуство?
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
369
Поени од реакции
122
...малку ме буниш, ама ај да почнеме од нешто па да одговориме малку посоодветно, ај одговори:
- зашто пред 2 години си направил лабораториска анализа на јетрени ензими т.е. на АЛТ?
- антидепресивот, Еscitalopram (Алицеа) од кога пиеш?
- дали пиеш други лекови, наведи ги!
- дали си прележал жолтица (hepatit ? A ? B ?)
- дали си пиеш по малку алкохол, да речеме секој втор ден дома или еднаш неделно со другари?
- дали одиш во теретана т.е. применуваш нешто околу тоа? суплименти, стероиди? наведи што!
- за секој случај да прашам дали имаш над 18 год?
- за да кажеме нешто за јетрата треба лабораториско испитување на комплет тест анализи на АЛТ, АСТ, Билирубин, Албумин, Протромбинско време и резултатите се гледаат како вкупен резултат, а не само АЛТ, доколку ги имаш направено кажи ги вредностите!
- дали имаш телесна тежина повеќе од нормалната т.е. дали си дебел, кои вредности имаш на липиден статус конкретно кажи за триглицериди и ХДЛ холестерол (добриот) и дали имаш проблем со шеќер во крвта?
- дали имаш камен во жолчка?
-целијакија?
-дали пиеш некои витамини или некои други хербални препарати?
-дали испитувањето на АЛТ во лабораторија го направи после некој ден кога си имал некоја физичка активност- теретана, подолго пешачење, настинка?
...одговори, па да се преслушаме малку! :)
Пред 2 години направив лабораториска анализа на АЛТ по препорака на матичната лекарка затоа што имав покачен притисок, блавоболка и бев зимото здебелен (секој ден на работа јадев сендвичи, пици, мајонези....)
Еscitalopram пијам веќе 5-6 недели по 15mg (првите 2 недели 10mg)
Пијам Алопуринол, имав Гихт пред една година.
Сум немал жолтица.
Алкохол пијам умерено, еднаш во 2-3 викенди, најчесто 1-2 пива.
Кога е топло возам велосипед, зимно време понекогаш одам во теретана. Суплементи не пијам.
Имам над 18 години.
АСТ ми е во границите.
Бев дебел последните 5-6 години, сега сум просечен.
Секогаш кога проверувам АЛТ, проверувам и АСТ, шеќер и холестерол. Дсега не ми излегле од границите.
Понекогаш пијам Магнезиум400, кога ме боли глава, или сум изморен.
Немам проблеми со жолчката.
Што е тоа целијакија?
Испитувам АЛТ на секои 1-2 месеци, безразлика дали сум имал физичка активност или настинка.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
679
Поени од реакции
1.229

Нe е страшно 50-60 U/L ALT. Уживај. :D
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.250
Поени од реакции
7.204
Колку кошта ако однесеш во приватна лабораторија да ти испитаат само одреден имуноглобулин?
Некни земав крв во државна болница, ми го чуваат серумот во фрижидер, значи нема потреба пак да земаат крв.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
6.716
Поени од реакции
684
Знам дека не ја погодив баш темата, ама поврзано е со здравје. :D

Сакам да порачам дигителен апарат за мерење на притисок од ebay ili aliexpress па дали имате некој искуство со тоа, дали се точни или џабе ке го купувам?

Имаше и кај нас некои онлајн продавници околу 1000-1500 ги подаваа, истите на aliexpress се 7-10 долари.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
369
Поени од реакции
122
Колку кошта ако однесеш во приватна лабораторија да ти испитаат само одреден имуноглобулин?
Некни земав крв во државна болница, ми го чуваат серумот во фрижидер, значи нема потреба пак да земаат крв.
Во Авицена 100 денари. Ама наново ќе те буцнат.
 
На врв Bottom