Го копирам текстот од другата тема:
Ми се јавија некои здравствени проблеми, по пиењето на утринскиот шејк (веј протеин, ленено семе, лешник, кокосово масло и замрзната малина) почнаа да се јавуваат симптоми (вртоглавица, сува уста, потреба за често мокрење, а тешко т.е мора да напнеш за да мочаш и замаглен вид од блиску). Тоа почна од средата... петок пиев само протеин и бев добар, сабота пак правев шејк и истите симптоми се јавија како ланчана реакција, а од недела наваму го немам правено и сум добар.
Крвната слика добра, освен покачена уреа, очите добри. Имуноглобулинот Е е 4 пати поголем од границата, што значи организмот ми се бори против нешто.
Врвен кардиохирург во земјата сумња дека се работи за преголем внес на протеини што доведува до проблеми со бубрезите и бара да направам диференцијална крвна слика, посебно да се испитат уреа и креатинин и да се испита мокрача. Чудно некако пошто продолжив јас со висок внес на протеини, само без шејкот и ги немам симптомите.
Јас ќе одам ќе испитам нормално, него ме занимаат мислења од форумџиските доктори и искуства од луѓе кои имале слични проблеми.