...малку ме буниш, ама ај да почнеме од нешто па да одговориме малку посоодветно, ај одговори:
- зашто пред 2 години си направил лабораториска анализа на јетрени ензими т.е. на АЛТ?
- антидепресивот, Еscitalopram (Алицеа) од кога пиеш?
- дали пиеш други лекови, наведи ги!
- дали си прележал жолтица (hepatit ? A ? B ?)
- дали си пиеш по малку алкохол, да речеме секој втор ден дома или еднаш неделно со другари?
- дали одиш во теретана т.е. применуваш нешто околу тоа? суплименти, стероиди? наведи што!
- за секој случај да прашам дали имаш над 18 год?
- за да кажеме нешто за јетрата треба лабораториско испитување на комплет тест анализи на АЛТ, АСТ, Билирубин, Албумин, Протромбинско време и резултатите се гледаат како вкупен резултат, а не само АЛТ, доколку ги имаш направено кажи ги вредностите!
- дали имаш телесна тежина повеќе од нормалната т.е. дали си дебел, кои вредности имаш на липиден статус конкретно кажи за триглицериди и ХДЛ холестерол (добриот) и дали имаш проблем со шеќер во крвта?
- дали имаш камен во жолчка?
-целијакија?
-дали пиеш некои витамини или некои други хербални препарати?
-дали испитувањето на АЛТ во лабораторија го направи после некој ден кога си имал некоја физичка активност- теретана, подолго пешачење, настинка?
...одговори, па да се преслушаме малку!