Еве ги вредностите што денес ги добив. Имав една незгодна ситуација да матичната не сакаше да ми даде повторно упат за крвната слика, а најмалку за тие димери.Таа беше нервозна зошто димери да се испита кога не е во прашање тромбоза туку спротивно крварење. Толку се наљутив што отиднав во приватна лабораторија и да ти кажам дека ти имаше право, тие димери биле покачени, другото беше во ред....одговор ти е даден, ама ај да допишеме уште нешто!
... тие ситни црвени точки се наречени Петехии ако се малку покрупни се вика Пурпуреа, а најкрупните веќе како флеки се наречени Ехимозии и тоа не е ништо друго туку поткожно микрокрварење, може да имаш еден тип или комбинација од двата или трите зависно од големината!
штом комплет крвната слика ти е во ред (посебно тромбоцитите, намалени тромбоцитопенија) тоа е добар знак дека не е нешто страшно, тогаш ќе се свртиме кон друга причина пример дали си испитал Хелико бактер пилори, дали имаш испитано еден параметар наречено „ димери“ и дали пиеш било што од протеини или суплименти (нели тренираш во теретана), или дали пиеше било кој лек тогаш, пред - после (настинат,некоја инекција, заб, мускулни болки) ?
...дали ти течело на пример тие денови крв од нос или од гингива - непца и дали имаш проблеми со бубрезите да речеме покачена уреа, и дали си склон кон алергии од било кој агенс (причинител на алергијата) ? и дали дента кога си вежбал и ти се појавиле такви црвени точки си пиел нешто алкохол, сок, чај... било што - наведи! ..па да видиме, горе доле насока кон причината!
...инаку тие за некој ден ќе добијат кафеава боја, па жолта и на крај исчезнуваат слично како модрица, арно ама ако предизвикувачот е тука, капиларното крварење пак ќе се појави, затоа е пожелно да се најде причината, до тогаш можеш само ладни облоги и витамин Ц, грам дневно!
Тромбоцити 180
Хелико б.пилори 0,9
Димери 520
Уреа 6,5
Не пијам протеини, суплименти понекогаш ама сега не, крв од нос не ми истече ниту од непце, не сум настинат, единствено поради болки на грбот пијам магнезиум и наклофен. Алкохол не пијам, по препорака пијам брусница, увин чај. Матичната сакаше да препише лек за смирување, а јас одбив. Проблемот сакам да ми се реши, а не да се смирам. Смирен сум.