Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.484
Поени од реакции
9.909
Мене не ми ставаа вакцини :icon_lol: навивам од многу мал за Вардар, татко ми често ме носеше на Вардар, на јужната трибина, кога Вардар играше во Скопје. Кога почнав да идам со Комити, го следев Вардар и надвор од Скопје и љубовта кон овој клуб стана се поголема:)
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
464
Поени од реакции
285
Фан на Јувентус од 1997 - имав 5 години , се сеќавам кога изгубивме од Дортмунд во финале на Лигата на Шампиони , и од тогаш мојата лубов спрема ЈУВЕНТУС се зголеми дупло!

Фан на Шкендија - не се сеќавам која година , бев многу мал и играја Шкендија против Борец , дресите им беа Бело со Плави така некако , победи Шкендија 3-0 :D

А да не ја заборавам и К.Ф. Пирок , наскоро ќе се вратиме на најниските наши лиги , каде секогаш сме биле .. повеќе ( 2 лига ) поради финсански проблеми не се може :(
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
se sekavam koga mojot klub igrase protiv teteks...

Sum bil negde 5-6 godini i otidnav so dedo mi da go gledam Shkendija i nikogas nema da go zabraem kakva atmosfera imase togas.
A nadvor od stadionot neredi tepacki iskrsheni koli policia kaos vo Tetovo.

Istata prikazna prodolzuva i deneska.
 
C

cige

Гостин
Ми купија дрес од Гигс, и така станав навивач на Манчестер, еве веќе 14-15 години, дресот уште си го чувам.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.305
Поени од реакции
10.314
Да се самоцитирам и да се поправам :D
За разлика од другиве, сум немал некој во фамилија кој бил запален по фудбал па да ме носи на утакмици на Вардар, како што почнува приказната на скоро секој кој и денес е активен на трибина :D
Оддалечен на 7-8 километри од Градскиот стадион, како и што кажав ни на крај на памет не им било на моиве да ме пуштат да идам на утакмица сам :D
Првиот меч гледан во живо на Градски (меч на Вардар) ми беше кога Комити славеа 15 години. Полн стадион и меч меѓу ѕвездите на Вардар и екс Ју ѕвездите...
Потоа Вардар-Легијам, па чат-пат по некој првенствен меч кога бев седмо одделение, па легендарните мечеви со ЦСКА и Спарта и лудилото си започна...
Како што кажаа и пред мене тие што симопатизираат странски клубови нема никогаш да го имаат ова чувство.
Да се биде Комита не значи само да навиваш на утакмици, туку групата ни е баш како институција:D КОМИТА 24/7/365...
Се будиш со песни за Вардар, во денот барем 100 пати помислуваш на Вардар, си потпевнуваш цел ден, шеташ надвор и незабележливо за другите припогледнуваш дали ќе помине некој член на друга навивачка група со реквизит, дали е ишкртан некој графит по ѕидовите, дали има нов графит...:D
Којзнае колку би ми бил досаден животов да не постоеше Вардар.
Да не помислите дека сум некој лудак, си имам социјален живот и се тоа остало, ама Вардар има посебен дел во мојот живот.
Искрено се чудам што прават во слободно време оние кои воопшто не гледаат фудбал... Од друга страна најголем хејт им мавам на оние кои спијат по кладилници, а стадионите ни зјаат празни...

Втора спортска љубов, маалскиот тим Славија.
Како Пржинско дете израснав на игралиштето. Покрај стадиончето има и цементирано игралиште, како мини комплексче е. Од кога знам за мене следам утакмици на Славија (екс ЈСП). Од сите категории...
Сум бегал и од школо за да гледам мечеви од трета лига (за Вардар да не правиме муабет:D). Ете ќе кажам активен фан од сезоната 98/99 од мечот ЈСП-Дрита :D
Игралиштето ми беше прв дом (не втор, туку ПРВ). Доаѓам од школо, право на игралиште да следам тренинзи. Уште од 4 одделение иста приказна...
Сигурно имам гледано преку 250 мечеви само од третата лига...
Приврзаноста не е само кон клубот, колку што е голема љубовта кон населбата, и значењето на игралиштето. Не е класично игралиште туку место за рекреација за младите од тука... Први љубави ми се случувале таму, дружба до максимум...
И сега на 22 години ја имам истата традиција, а и помаливе сеуште навечер се собираат таму, а и преку ден е полно скоро секогаш особено во лето :D

Трета спортска симпатија, Лакоруњски Депортиво, приказната ја имам горе...

ВАРДАР пред се, многу подоле другиве....


Го заборави МЗТ , твојата кошаркарска љубов кажи си не се плаши :))
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.315
Поени од реакции
261
Гледав фудбал ко мал и тој период требаше да ми купат дрес само да изберам од кого,и го дадоа Роналдињо како му даваат црвен и од него купив и така...
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Гледав премиер лига на а1 на времето и ми беа интересни овие од Челзи, и си ги засакав.......до ден денеска.....Потоа си купив дрес од Тери....
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Први утакмици кои се сеќавам се од светското 1998ма.1/2 мечеви-Бразил-холандија и франција - хрватска.Најјак играч на планетата? Роналдо.... Тоа го дознав од постарите деца од улицата што си мислеа дека се роналдо додека игравме фудбал :D Се сеќавам дека бев излезен со моите,кафичи преполни,бразил губи 3-0.ТАГА.Зошто да изгубат тие од каде што игра роналдо??? (иако финалето не играше )
Помина одредено време не се ни сеќавам најдобро колку.Роналдо после повредата се враќа на терените.Прва утакмица што е думам од интер е токму таа.Знам дека Роналдо влезе покасно во игра и утакмицата заврши 0-0 мислам.Од тој период ги следев интер кога ги даваа на Тера ТВ.
Се сеќавам како цела сезона 2001/02 мислам беше следев активно секој меч на Интер што го даваа на Тв и на крајот го лапнавме од лацио.Титулата замина.Плачки :place: Па дома те тешат ајде вгодина ќе освојат циу миу... Јас мислев само едно....Кој ќе чека една годинаа??? За да е земеме титулата ...
Замина феноменот во реал.Покрај интер почнав да ги следам и реал мадрид.Почнав дури и повеќе од интер да ги следам.Но тогаш,Се појави тој...Леит риберо АДРИАНО.
Единствениот играч кој сум го сакал.Тоа со роналдо било само опсесија...Од тој момент па се до крај-ИНТЕР.
 
W

Werther

Гостин
Јас на Интер станав фан во 1999 на 6 години прво почнав да ги гледам редовно на Телма после 1 месец 2 ми купија дрес од Виери и ден денес го чувам тој дрес и навивам единствено за Интер и никогаш не би се откажал од нив па дури и во Ц2 да играат.
Први утакмици кои се сеќавам се од светското 1998ма.1/2 мечеви-Бразил-холандија и франција - хрватска.Најјак играч на планетата? Роналдо.... Тоа го дознав од постарите деца од улицата што си мислеа дека се роналдо додека игравме фудбал :D Се сеќавам дека бев излезен со моите,кафичи преполни,бразил губи 3-0.ТАГА.Зошто да изгубат тие од каде што игра роналдо??? (иако финалето не играше )
Помина одредено време не се ни сеќавам најдобро колку.Роналдо после повредата се враќа на терените.Прва утакмица што е думам од интер е токму таа.Знам дека Роналдо влезе покасно во игра и утакмицата заврши 0-0 мислам.Од тој период ги следев интер кога ги даваа на Тера ТВ.
Се сеќавам како цела сезона 2001/02 мислам беше следев активно секој меч на Интер што го даваа на Тв и на крајот го лапнавме од лацио.Титулата замина.Плачки :place: Па дома те тешат ајде вгодина ќе освојат циу миу... Јас мислев само едно....Кој ќе чека една годинаа??? За да е земеме титулата ...
Замина феноменот во реал.Покрај интер почнав да ги следам и реал мадрид.Почнав дури и повеќе од интер да ги следам.Но тогаш,Се појави тој...Леит риберо АДРИАНО.
Единствениот играч кој сум го сакал.Тоа со роналдо било само опсесија...Од тој момент па се до крај-ИНТЕР.
И јас многу добро се сеќавам на таа сезона кога се врати Роналдо по повредата на истиот натпревар се врати и Виери кои имаше повреда и одма при влегувањето во игра имаше шанса за гол со глава,но ја погоди пречката,а последниот натпревар го загубивме со 4-2 колку што се сеќавам од Лацио:place:
 
Член од
26 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
177
Во 1997 Кога јувентус беше актуелен Европски Шампион, тогаш имав 7 години и ми се појавиа првите симпатии кон Јувентус. Од тогаш почнав да навивам за јуве. А во финалето во 2003 (кога Јувентус изгуби од Милан) само се зајакнаа моите чуства за Јувентус. Од тогаш па навака се повеќе и повеќе се внесувам во Јувентус. Мислам и дека забегав.
И незнам како сум успеал да станам Јуве фан, бидејќи татко ми е голем обожавател на Милан, и ми купуваше дресови, шалови, капи од Милан, Ама јас абер сум немал. Сега сум среќен и горд Фан на Јувентус.
Една изрека постои која ја украдоа многу, за сите се навива , јуве се сака. сторија ди гранде аморееее. Ги обожавам пошто сум болен италијанец. Сепак Челзи од 1999 од натпреварот со Барселона , Зола сам кога ги тепаше иако имам симпатии кон Јуве, сепак Челзи, но едно знам, имаат многу слични филозофии.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Oд преголема љубов за мојата населба Аеродром уште од мал навивам за МЗТ како аеродромски клуб,многу едноставно.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
1999/2000 година, таа сезона почнав да навивам за Челзи...не бев до тогаш многу по фудбалот ама ми се свиѓаа сините дресови ептен....and the rest is history :)
 
N

Nicky Santoro

Гостин
1999/2000 година, таа сезона почнав да навивам за Челзи...не бев до тогаш многу по фудбалот ама ми се свиѓаа сините дресови ептен....and the rest is history :)
Јас за сити навивам од74та , ми се бендисаја светло сините дресови (y)
Кога ќе се правите вака наивни фановиве на челзи,како ние да не знаеме дека сте од абрамович па наваму подржувачи на челзи.И не сум за сити она горе како пример го дадов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom