Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.734
Поени од реакции
9.802
Првиот поголем фудбалски настан што го гледав беше Франција '98. Имав неколку омилени играчи кои во тоа време настапуваа за Барса, а подоцна дојде и Клајверт од Милан. Со тек на времето дознавав се повеќе за историјата на клубот итн. и ми остана како прв и единствен клуб за кој сум навивал и сеуште навивам.
 

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
2004 негде, знам прв пат глеав тогаш Шпанско првенство пред тоа само Англиско следев за Арсенал бев мање битно тоа и сеа глеам Реал - Барса, тепа Барса 2-1 за Барса Клајверт и Чави ги дадоа головите и што знам си мислев ќе прават овие лом во иднина дефинитивно. Мислењето не ме излажа. :P А за Напредок од кога сум роден нормално клуб од мојот град, уште ко мал сум идел на натпревари со татко ми и тое. :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Од 2002 почнав да навивам за Реал. До тогаш јас не пратев многу фудбал и ги знаев само Јувентус,Реал Мадрид и Милан. А татко ми е голем љубител на фудбалот и секогаш кога тој ќе гледаше натпревар и јас седнував демек ќе гледам. За финалето Баер Леверкузен-Реал Мадрид татко ми ми рече дека играат моите омилени играчи (Карлос,Зидан и Раул) па си реков мора да ги гледам моите идоли. Кога Раул го постигна првиот погодок знам дека рипав од среќа и во тој момент почуствува нешто посебно. Но најдоброто следуваше по одличниот гол на МАЈСТОРОТ ЗИНЕДИН ЗИДАН кога ја реши утакмицата и им ја донесе 9-тата титула на Реал во ЛШ. По натпреварот плачев од среќа и од тој ден навака јас навивам само за РЕАЛ МАДРИД.
 
П

Паспарту

Гостин
Не се сеќавам како сум станал, ама многу добро се сеќавам дека плачев секогаш кога како мало дете татко ми не беше во можност да ме однесе на стадион. Бегав од часови, се бутав помеѓу шипки на вратите од стадионот, се качував на рефлектори и што ли уште не правев само за да го гледам Вардар. Додека играв фудбал со децата од маало секогаш биравме кои играчи ќе бидеме од Вардар, нешто што никој не го прави денес. Денес ретко кој го следи македонскиот фудбал, не па идол да најде во некој играч од првенството, за жал...

Љубовта која се чувствува кон некој клуб од својот град или пак од своето маало не може да биде иста со онаа вештачката што се чувствува кон некој странски клуб, таа е поголема и почувствителна, оние кои навиваат за македонски тимови го знаат тоа.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Најголемиот дел од вас немаат автенитични приказни за тоа како станале фанови на некој клуб. Станав фан на Вардар кога за прв пат ме однесоа на Градски на свои 5-6 години (во мојата поширока фамилија уште од роѓење ти е предодредено да бидеш вардарец), во првото коло од последното првенство на екс-Југославија, со тогаш актуелниот победник на КЕШ на чело со нашите Даре и Илија. Вардар тепаше со 1-0 со голот на Бабунски од пенал. Утакмицава се одигра пред добри 20 години (има и клип на YouTube со инсерти) и oттогаш наваму се е историја. За мене Вардар е единствениот спортски клуб што ќе евоцира посебни спомени во мене уште од најраното детство. Немам точен податок колку утакмици на Вардар сум изгледал во живо, ама сигурно се преку 200-300.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
592
Поени од реакции
79
Stanav fan na Shkendija koga za prv pat otidov so mojot tatko na Gradski . Igraja SHKENDIJA so Borec mislam , ne znam kade e toj klub sea :S i taka ;)

Isto taka fan na Juventus od 1997 :S koga za prv pat go gledav Juventus 3-1 izgubivme od Dortmund :S :S :mad: !
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Не знам како си заклучил дека Барса биле појаки, али баш тој период од 2000 година до некаде 2005 година е најсушниот период за Барса во последните 20 години. :)
99 ја освоија последната тој период,Ривалдо кога беше во најдобри години..
после дојдоа Нуњез,па Гашпарт и од 2000 до доаѓањето на лапорта барса немаше освоена титула,кога во тимот беа играчи како зенден,кристанвал,патрик андерсон,рочембак и слични.
 
М

Мартин`

Гостин
Stanav fan na Shkendija koga za prv pat otidov so mojot tatko na Gradski . Igraja SHKENDIJA so Borec mislam , ne znam kade e toj klub sea :S i taka ;)

Isto taka fan na Juventus od 1997 :S koga za prv pat go gledav Juventus 3-1 izgubivme od Dortmund :S :S :mad: !
3-та лига се Борец мислам, од Велес се.. ама потенцијал скоро и да нема никаков за жал немаме фудбалски тим во градов :mad:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.980
Нормално како скопско дете одсекогаш го симпатизирав вардар, но како мал не одев на утакмици од проста причина што стадинот ми е далеку:) Кога прв пат бев на Вардар-Легија, едноставно се заљубив :wub: Од тогаш редовен на југ а некоја година потоа уште поредовен на западот :vardar:
Од странскиве екипи станав фан на депортиво после утакмицата Депортиво-Барселона 99 ми се чини кога Депор победи со пресврт 3-2 со прекрасниот гол на Џалмиња:back:
Да се самоцитирам и да се поправам :D
За разлика од другиве, сум немал некој во фамилија кој бил запален по фудбал па да ме носи на утакмици на Вардар, како што почнува приказната на скоро секој кој и денес е активен на трибина :D
Оддалечен на 7-8 километри од Градскиот стадион, како и што кажав ни на крај на памет не им било на моиве да ме пуштат да идам на утакмица сам :D
Првиот меч гледан во живо на Градски (меч на Вардар) ми беше кога Комити славеа 15 години. Полн стадион и меч меѓу ѕвездите на Вардар и екс Ју ѕвездите...
Потоа Вардар-Легијам, па чат-пат по некој првенствен меч кога бев седмо одделение, па легендарните мечеви со ЦСКА и Спарта и лудилото си започна...
Како што кажаа и пред мене тие што симопатизираат странски клубови нема никогаш да го имаат ова чувство.
Да се биде Комита не значи само да навиваш на утакмици, туку групата ни е баш како институција:D КОМИТА 24/7/365...
Се будиш со песни за Вардар, во денот барем 100 пати помислуваш на Вардар, си потпевнуваш цел ден, шеташ надвор и незабележливо за другите припогледнуваш дали ќе помине некој член на друга навивачка група со реквизит, дали е ишкртан некој графит по ѕидовите, дали има нов графит...:D
Којзнае колку би ми бил досаден животов да не постоеше Вардар.
Да не помислите дека сум некој лудак, си имам социјален живот и се тоа остало, ама Вардар има посебен дел во мојот живот.
Искрено се чудам што прават во слободно време оние кои воопшто не гледаат фудбал... Од друга страна најголем хејт им мавам на оние кои спијат по кладилници, а стадионите ни зјаат празни...

Втора спортска љубов, маалскиот тим Славија.
Како Пржинско дете израснав на игралиштето. Покрај стадиончето има и цементирано игралиште, како мини комплексче е. Од кога знам за мене следам утакмици на Славија (екс ЈСП). Од сите категории...
Сум бегал и од школо за да гледам мечеви од трета лига (за Вардар да не правиме муабет:D). Ете ќе кажам активен фан од сезоната 98/99 од мечот ЈСП-Дрита :D
Игралиштето ми беше прв дом (не втор, туку ПРВ). Доаѓам од школо, право на игралиште да следам тренинзи. Уште од 4 одделение иста приказна...
Сигурно имам гледано преку 250 мечеви само од третата лига...
Приврзаноста не е само кон клубот, колку што е голема љубовта кон населбата, и значењето на игралиштето. Не е класично игралиште туку место за рекреација за младите од тука... Први љубави ми се случувале таму, дружба до максимум...
И сега на 22 години ја имам истата традиција, а и помаливе сеуште навечер се собираат таму, а и преку ден е полно скоро секогаш особено во лето :D

Трета спортска симпатија, Лакоруњски Депортиво, приказната ја имам горе...

ВАРДАР пред се, многу подоле другиве....
 

MunichBastards

Red Scouser
Член од
9 август 2011
Мислења
154
Поени од реакции
78
Навивам скоро 11 години за Ливерпул, поточно од сезона 2000/2001. Тогаш се сеќавам имав 6 години и го гледав Ливерпул на телевизија со татко ми, поточно во меч со Манчестер Јунајтед. Во составот тогаш беа фудбалери како Маркус Бабел, Гери МекАлистер , Хаман, Овен, Џејми Карагер, Шмицер, Хески, Жерард Улие како тренер и нормално .. капитенот.



Заради него највеќе го засакав Ливерпул, поточно заради овој гол на мечов ... Кога го постигна, одма се заљубив во тимов и нормално, редовно си ги мразам Манчестер уште од тогаш. :icon_mrgr:

 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.784
Поени од реакции
14.098
Од по одамна,бев некаде 5-6 години ми се допаѓаше бојата на дресовите и името на тимот играчи незнаев тогаш освен бекам.Исто така како и секое дете навива за тие што водат/победуваат и ми беше причина плус да ги засакам уште повеќе.
А за Партизан фамилијарно тоа од прадедо па до мене,и натака :D
 
Член од
11 август 2011
Мислења
322
Поени од реакции
446
Fan na Barca sum od 1996 god sezonata koga Ronaldo cepase mrezi i pravese partali po terenot . Pocnav da gledam pokraj tatko mi , toj e isto taka fan na Barcelona . Istata godina mi kupi tatko mi dres i od togas pa do den denes ne postoi drug klub za mene
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Фан на милан сум уше од 2002 година ... ! знам татко ми има дрес на милан и тоа уше од старите со спонзор OPEL .. ! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom