Да се самоцитирам и да се поправам
За разлика од другиве, сум немал некој во фамилија кој бил запален по фудбал па да ме носи на утакмици на Вардар, како што почнува приказната на скоро секој кој и денес е активен на трибина
Оддалечен на 7-8 километри од Градскиот стадион, како и што кажав ни на крај на памет не им било на моиве да ме пуштат да идам на утакмица сам
Првиот меч гледан во живо на Градски (меч на Вардар) ми беше кога Комити славеа 15 години. Полн стадион и меч меѓу ѕвездите на Вардар и екс Ју ѕвездите...
Потоа Вардар-Легијам, па чат-пат по некој првенствен меч кога бев седмо одделение, па легендарните мечеви со ЦСКА и Спарта и лудилото си започна...
Како што кажаа и пред мене тие што симопатизираат странски клубови нема никогаш да го имаат ова чувство.
Да се биде Комита не значи само да навиваш на утакмици, туку групата ни е баш како институција
КОМИТА 24/7/365...
Се будиш со песни за Вардар, во денот барем 100 пати помислуваш на Вардар, си потпевнуваш цел ден, шеташ надвор и незабележливо за другите припогледнуваш дали ќе помине некој член на друга навивачка група со реквизит, дали е ишкртан некој графит по ѕидовите, дали има нов графит...
Којзнае колку би ми бил досаден животов да не постоеше Вардар.
Да не помислите дека сум некој лудак, си имам социјален живот и се тоа остало, ама Вардар има посебен дел во мојот живот.
Искрено се чудам што прават во слободно време оние кои воопшто не гледаат фудбал... Од друга страна најголем хејт им мавам на оние кои спијат по кладилници, а стадионите ни зјаат празни...
Втора спортска љубов, маалскиот тим Славија.
Како Пржинско дете израснав на игралиштето. Покрај стадиончето има и цементирано игралиште, како мини комплексче е. Од кога знам за мене следам утакмици на Славија (екс ЈСП). Од сите категории...
Сум бегал и од школо за да гледам мечеви од трета лига (за Вардар да не правиме муабет
). Ете ќе кажам активен фан од сезоната 98/99 од мечот ЈСП-Дрита
Игралиштето ми беше прв дом (не втор, туку ПРВ). Доаѓам од школо, право на игралиште да следам тренинзи. Уште од 4 одделение иста приказна...
Сигурно имам гледано преку 250 мечеви само од третата лига...
Приврзаноста не е само кон клубот, колку што е голема љубовта кон населбата, и значењето на игралиштето. Не е класично игралиште туку место за рекреација за младите од тука... Први љубави ми се случувале таму, дружба до максимум...
И сега на 22 години ја имам истата традиција, а и помаливе сеуште навечер се собираат таму, а и преку ден е полно скоро секогаш особено во лето
Трета спортска симпатија, Лакоруњски Депортиво, приказната ја имам горе...
ВАРДАР пред се, многу подоле другиве....