Иако сум недоволно компетентен (во однос на годините и тоа што не сум живеел во СФРЈ), ќе пробам да одговорам на прашањево.
1. Да се живеело подобро (по кажувања на "очевидци"), во смисла на подобра економска и социјална сигурност, повисок стандард и дигнитет.
2. Не, не се живеело подобро (пак по кажувања на "очевидци"), во смисла на политичка слобода и можност јавно да се изрази револтот од некои работи како и потребата да се искаже или наметне индивидуалното мислење.
3. Одговорот лежи помеѓу првата и втората точка, во зависност од тоа од кој аспект ги дефинирате работите, односно дали од економска или од политичка гледна точка. Од тоа дали сметате дека југословенскиот социјализам бил подобар од македонската плурална демократија.