Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Оние што биле млади и имале по дваесетина години кога постоела Југославија подобро живееле, како што и денес живеат младите во Македонија. 
Навидум гледано, животот во бивша Југославија изгледал подобар затоа што народот имал некаква планирана матерјална сигурност, а перцепцијата, и слободата на мислење и гледање на работите била покриена и ограничена толку колку што било потребно за поголемиот дел од народот да вика: „Добро е! Супер е“, а зад сето тоа вешто се криела вистинската ситуација која на крајот од толку доброто живеење и големото братство и единство, се случи една разделбата која беше крвава и тоа многу. Од друга страна пак по осамостојувањето на Македонија границата на перцепцијата и слободата на мислење беа неограничени, но за таа цел пак нештата со кои граѓаните требаше да ги осетат придобивките и да уживаат во повисок стандард на новото време беа недофатни од фактот што неможеа поголемиот број на граѓани да си ги дозволат. Така се случи ситуација „полни очи празни раце“. Сето тоа укажува дека за да се даде конечна одлука во кое време подобро се живееше или живее треба и појдовните позиции да тргнуваат од исто ниво. Се работи за два система со спротивни појдовни постулати на своето постоење па споредбата не е реална.