Затоа ли Македонците на референдумот 1991 гласаа со 95% „ЗА“ независна Македонија? За сега да ги лажат со анкети? А тие што гласаа „ЗА“ независност демек беа несвесни што прават и заблудени? Или многу убаво знаеја каков им е животот? Или им беше многу убав заедничкиот живот во една држава на чии пасоши ама баш никаде не пишуваше Македонец? Можеби затоа се шетаа слободно по светот? Ај од постарите побарајте ги пасошите од СФРЈ и најдете каде таму е напишан барем некој од зборовите Македонија, Македонец/Македонка, македонско, македонски... Или, оние што „плачат“ за Тито и партија, што, денеска као немаме култ на личноста, или тогаш беше подобро зашто беше само еден, за разлика од денеска кога се XY. И тогаш за да се вработиш ти требаше партиска книшка, и денеска е исто. И тогаш имаше црвена буржоазија која беше најгласна за потреба од постепена „транзиција“ и „враќање“ во капитализмот. Па забраната за религиозни слободи, секако, не можеше да имаш и партиска книшка и да си верник, а без книшка - нема кариера. Задолжителен марксизам како сурогат за религија, култ кон личноста, секогаш директиви „од горе“, одбрана на нестручноста со лојалност спрема партија. Што, многу од тие работи ги има и денес? Па, се сменија ли луѓето што го правеа тоа? Не. Истите фаци се вртат во круг, од една на друга позиција, час повеќе јавно, час помалку. Уште поубаво, нивните наследници брзо влегуваат во шемата и така си тера. Она што беше големо разочарување за луѓето, беше идејата со помош на ЕУ да се средат таквите девијации, кога види чудо, и таму било истото.