Би било убаво кога секој би имал иста плата. Волку голема класна поделба и разлики во плати само допринесува до тоа што повеќе луѓе да работат некоја работа против нивна желба, работат нешто само дека чуле дека се бара за да не мора веќе леб и паштета да јадат дома. Типичен пример се програмери од некаде 2015 до денес. Друго допринесува луѓето да се што повеќе несреќни и исцрпени од работата и фамилијата да ја ставаат на 2, 3, 5то место, бидејќи многу време им треба да се вклопат во нешто што не се пронаоѓаат. Трето допринесува да има што повеќе криминал, сиромашните крадат, бидејќи да се јаде мора да се краде, богатите крадат од сиромашните за да станат уште побогати, во првичното сценарио би краделе само луѓе што боледуваат од таа болест, сега крадат луѓе за да заработат дека немаат работа, крадат дека виделе друг како краде итн... Некое утопија сценарио идеално за мој вкус би било секој да има иста плата која би му овозможила пристоен живот, а тоа подразбира да може еднаш неделно да седне во ресторан, да има по ЕДЕН имот, да има храна намирници се што ќе посака, превозно средство или пари за транспорт, одмор еднаш годишно, според моја проценка таа плата би била 800-1000 евра во Македонија, доколку се работи за самохран родител платата се зголемува на 1500 евра. Ако некој нема ментален капацитет да е програмер, не мора да е, нека е келнер, ако му пречи келнер и толку гужва, нека е чистач/ка, ако не нека е во некоја позадинска работа, парите никогаш да не треба да се мотив за некој да работи некаква работа, туку само желбата за неа, а притоа да се обезбедени сите услови за бесплатно образование за таа личност да може да се запознае што подобро со таа работа. Дали би имало помалку програмери и доктори бидејќи ќе си рече некој “зошто да работат за истата плата програмер кога можам келнер“, да, дали тие што програмираат навистина ќе го сакаат тоа и фирмите би добиле поквалитетен кадар, докторите исто, сигурно дека да.
Вака се е беда, дисбаланс, никој не е среќен, бркаат некои бројки, сега 1к евра за година 2к евра плата, прават некои математики во глава, да имаат еден стан два, да возат ваква кола таква за толку години, добрина никој не цени, блиски луѓе стануваат далечни, родители не се посетуваат се дур не дојде ред во старечки дом да се пикнат. Бркајќи бројки, се заборави на љубов. Не може да направам ништо лично како поединец да ја намалам сиромаштијата во општеството, ама можам ете да искажам некоја утопија желба и визија за како би бил светот поубаво место за живеење.

Капитализмот како систем е идеален за индивидуален напредок, и достигнување на перфекција во одредении области.
Погледни ја Америка која го има најбруталниот капитализам на цела планета, технолошки го гази светот, т.е нејзините компании го газат светот.
Споредено со него во социјалистички општества каде максимумот што може да го достигнеш е „сениорска плата“, по бодовите кои ти следуваат согласно позиција/стаж, демотивиира особено кога индивидуите стигаат во највисокиот степен на професионален напредок.
Во таков систем зошто јас би рмбал 12 саати, ако знам дека на крај од месецот ќе успеам да добијам само уште 3-4000 денари кои нема драстично да ми го променат квалитетот на живеење? Или зошто би дремел цели ноќи да решам одреден проблем/алгоритам ако истото не ми донесе некаков статус/престиж/материјална заработка?
Во комунизмот давале по некоја плакета, или пак уште позаебаното немало да завршиш да кршиш камења ако одбиеш да го одработиш тоа што е клучно за државата.
Социјалистичките општества можеби се добри за kick-start на неразвиени земји, и за изградба на инфраструктурата, главен газда е државата и остануваат повеќе пари во буџетот, а воедно и можност за да се задолжува повеќе со тоа што има поголеми капитални инвестиции. Проблемот кај овие општества е што во голема мера поттикнуваат паразити, особено ако социјалната помош е прилично висока, а лицата се некавлификувани и би работеле за минимална плата. Во Македонија имаш илјадници вакви, а воедно и со фејк пензии (инвалидска пензија, па и „борачка пензија“ иако овие за време на војната биле дечурлана која не видела фронт ни од километар). Само во моја населба имаше еден куп вакви, пресметале дека ако извадат „фејк инвалидска“ пензија ќе им стига секој месец речиси колку минималец, и плус тераа со земјоделие каде речиси и да не плаќаа даноци.
Jacque Fresco имаше интересни идеи за овие проблеми, самоодржливи градовии, ама од тоа сме многу далеку. Гледам мала надеж со Neuralink, ама ќе видиме дали ќе го создадат, и дали правилно ќе се користат или злоупотребат.
П.С само во Македонија, Србија и чат пат некоја друга земја во околината е таква разликата во плати помеѓу програмерите и останатите професии. Тоа се должи на моментот што сите тие работат за странски пазар, дефицитарни се, и странците се подготвени да платат дури и иста плата колку во нивните држави само да им се заврши работата. Во западните земји речиси нема разлика меѓу платите на инженерите, без разлика дали е софтверски инженер, или машински/градежен/технолошки, дури останатите може и да се подобро платени
Мислам дека не е важно дали тој се чувствува должен или не тоа да го направи. Мислам дека треба на ниво на светска влада да се оданочот сите кои поседуваат имот над некоја баснословна сума, и тие средства секоја година да се пренасочуваат кон оние кои немаат храна, вода, засолниште. Ако чекаме да им проработи совеста на најбогатите, свршивме работа.
Ако се земе во предвид колку на ултрабогатите тие 1% не им значат ништо, а колку многу ќе помогнат некаде, мислам дека ова е повеќе од разумно.
Нели ти се бунеше дека кај нас бил висок данокот на добивка во кладилниците?
Дали ќе се буниш ако државата ти воведе по 1% данок секој месец за да се помогне на сиромашните, плус уште 2-3% за да ја обнови инфраструктурата?
Јас сум за тоа да се формира Организација на светско ниво (нешто во стилот на обединети нации, само bitte! less corrupt), која активно ќе го следи успех и прогресот на учениците на светско ниво. Денес со компјутерите таква евиденција би била достапна само со еден клик. Целта е на сите ученици кои имаат извонредни потенцијали за учење и гледаат на својта сфера на работа со страст и агилност, да им се обезбедат стипендии и целосно покриени студии на оние Универзитети (без разлика каде се) кои навистина ќе им овозможат да го реализираат својот потенцијал до максимум.
Во Германија образованието е Закон - ме одушевува повеќе и од Автомобилскиот Олигопол (Мерцедес Бенц, Ауди, БМВ, Фолксваген повеќето со седишта на југот) на моменти. Имено, сите луѓе кои успешно завршиле Гимназија имаат право на студии кои се комплетно покриени од државата. Во тие години кога младата личност студира и не е на свои нозе, добива месечен надомест од државата и е речиси целосно ослободена од даноци. Порно и Убавини, звучи ко Цивилизација во споредба со САД. Во САД - Здравството и Образованието се Нула. Порано или подоцна сите завршуваме на болница. Порано или подоцна ќе имаме деца кои ќе бидат зрели за студирање. Тогаш САД не звучи како некоја Утопија. Од моето патување во Америка поминаја многу, многу години, најголемиот дел од студентите со кои бев во контакт, сеуште не можат да го вратат студентскиот долг.
Германците сеуште не се задоволни од својата земја. Иако кога јас ќе им кажам дека кај нас во Македонија за време на студиите мораш се сам да си платиш - дури и трошици за стан, прстој во друг град, транспорт и дека студиите за нас сиромашните беа вистинска голгота и многу плачки, истите се во шок и се среќни што се родиле во Дојчланд. Но нивниот идеал, сон, утопија и перфектност од земја, останува земјата на нивното оригинално потекло ко викиншки народи, а тоа е Скандинавија. Со фокус на Шведска - за Германците најсовршената земја на цел ебан свет.
Jacque Fresco имаше интересни идеи за овие проблеми, самоодржливи градовии, ама од тоа сме многу далеку. Гледам мала надеж со Neuralink, ама ќе видиме дали ќе го создадат, и дали правилно ќе се користат или злоупотребат.
Напротив, идеите на Фреско се преутопистички не ради изводливоста туку ради нивото на свест на човекот. Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат, ќе пушат џокац у тие идилични дворчиња по цел ден и ќе мислат само на секс но нема да сакаат да се размножуваат бидејќи деца ќе им го нарушат комфортот, се додека не удри еден солар флер и им исклучи се електрично па они ќе видат колку се неспособни да преживеат на базично ниво. Ова на еден начин и сега го доживуваме со новата генерација. Да ја дигнеш свеста со чипот не мислам дека е возможно, да корегираш вид, слух, можеби алцхајмер да но да се играш со свест посебно кога не ја разбираш е потенцијално и опасно. Но ќе видиме кај ќе тера. Мене Убунту систем ми звучи пореално, ги учиш децата од мали на практични работи од целиот спектрум.
Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат
Неточно. Знаеш зошто? Погоди кој го плаќа тој систем на образование во Германија? Од каде државата пари да покрија студии и да дава месечен финансиски додаток? (на некои факултети овој додаток е повисок од 1000 евра, чисти за трошење, кои не подлежат на данок). Од мене. Од вработените на Мерцедес. Од докторите. Од сестрите. Од шоферите. Од сите. Ова не е општество кое спија. Дури си студент - учи и ослободи го својот потенцијал (имај предвид дека места на факултет добиваат само *ултра капацитетни* ликови, не како кај нас, значи никој не ти дава ништо гратис во оваа земја, ќе го затоплиш газот на столче од учење, па ќе ти дадат место на Уни, на Медицински - ако го падниш испитот по втор пат, го губиш правото на натамошни студии), кога ќе завршиш со студиите земаш плата и подложен си на данок - сега ти им плаќаш на новите генерации. И за ова има апсолутен консензус во Германија - дека мора да биди вака, се има разбирање за младите луѓе.
Хедонизмот, ебавањето, (кхм, шетаат фул фронтал голи во теретана) е чисто европски аспект, кој нема многу врска со системот, тоа не можиш да го смениш со било кој систем, како сорта сме си мераклии.

Муабетот е за утопистичко општевство (Venus project) у кое ти нема потреба да работиш за да преживееш и плаќаш сметки, се ти е дадено покриено од технолошки базиран систем. Тоа ти е исто ко мама и тато цел живот сметки ти плаќаат, ти готват додека ти играш игрици по цел ден. Уствари и у метаверсот ќе си у собата. Општевството оди и денес кон тоа со идеата за универзал инкам, се ќе ти средиме ти само стај ВР гаглс. Проблемот е во што би се претвориле кога би немале егзистенцијални предизвици.
Не верувам дека постои држава која ќе си го дозволи тоа. На ти се, не давај ништо за возврат. Не оди тоа така. Ете образованието во Грм, го расклопив овде до детали. Звучи ко Утопија (и е утопија во споредба со Студентот Роб - систем на Америка), но не е за гратис и уште помалку е за земање здраво за готово. Смислен е за ликови кои вредат и кои на општеството можат да му дадат многу. Ко Алберт Ајнштајн и Никола Тесла - и двајцата образовани во Австрија на истиот факултет.
На факултетот во Грац студира и еден наш крушевски Влаин - подоцна Патријарх на Православната Црква во Константинопол (Севселенската Патријаршија). Во време кога Балканот не бил ни целосно до-ослободен.
Напротив, идеите на Фреско се преутопистички не ради изводливоста туку ради нивото на свест на човекот. Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат, ќе пушат џокац у тие идилични дворчиња по цел ден и ќе мислат само на секс но нема да сакаат да се размножуваат бидејќи деца ќе им го нарушат комфортот, се додека не удри еден солар флер и им исклучи се електрично па они ќе видат колку се неспособни да преживеат на базично ниво. Ова на еден начин и сега го доживуваме со новата генерација. Да ја дигнеш свеста со чипот не мислам дека е возможно, да корегираш вид, слух, можеби алцхајмер да но да се играш со свест посебно кога не ја разбираш е потенцијално и опасно. Но ќе видиме кај ќе тера. Мене Убунту систем ми звучи пореално, ги учиш децата од мали на практични работи од целиот спектрум.
Знам, затоа пишав дека единствената надеж за таков левел ја гледам во чипови, многу сме далеку од тоа, би рекол дека Фреско беше мин. 200 години пред времето.
Излеговме од темата малце (појче), ама на крајот од денот луѓето секогаш вината за нефер маргинализацијата во општеството ја бараат во системот. Од најстари времиња до денес. Кога гледам како стари Грци ги дебатирале истите овие теми со исто толку енергија, а ништо не е супстанцијално подобрено, губам надеж.
Лесно е да се кажи Швајцарија, Германија вака така, ама тие уште во Среден Век имале поправедни општества од нашето. Плус нас Турското не столчи и пак е интересно колку брзо се кренавме на свои нозе. Не е совршено (хел ноу), но очигледно е дека целиме кон нешто подобро и само тоа е важно, пошто кој цели кон едно нешто, тој тоа и ќе го стигни подоцна ако не порано се додека има толку чиста намера. Но во секој случај, за поздрав е колку брзо се опоравуваме од Турско ко земји. Веќе сме далеку поблиски кон Европа со нашите стремежи, системи, стил на живот (посебно важно), дури и економии, одколку Турција. Еднаш една колешка од Турција беше шокирана како можело да има толку убав пат во толку напуштена средина (бевме во едно село во МКД) и тоа ми кажа се што треба да знам за Турција.

Повеќето нордиски земји имаат одличен здравствен систем и добро образование, што според мене е основен начин да ја одржуваш земјата на највисок животен стандард. Така да...Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Исланд....па и Швајцарија. Oh boy, јас сум заљубена и во Сингапур.
Македонија хммм, далеку сме ние од подобар живот компаративно со периодот под турско. Единствената разлика е што во тоа време имало прави патриоти спремни да гинат за ова парче земја. Сега патриотите најголеми се на социјалните мрежи, пишувајќи од дистанца. И да не ме сфатиш погрешно, све тоа е океј. Секој си бара подобар живот. И ја би играла така. Само да скратиме малку на хипокризијата...многу е убаво во Македонија, перфектна е....ама ќе идам во Deutschland или Australia.
Многу е лесно да си cool од удобноста на својот дом. Африка беше златен рудник (понекогаш буквално) на западната "цивилизација". Злато, дијаманти, различни ресурси, се е тоа крадено и носено од Афика неколку векови наназад. Сега биле необразувани и правеле многу деца.
Не заебавај? А кога добиле шанса да се образуваат? Конго под Белгија? Знаеш што има Леополд правено таму, какви ужаси? Жителите на Африка со векови беа третирани како сиштества многу подолу од луѓето.
Не глумете премногу cool фаци, срамота е, луѓе умираат од глад. Пробај да не јадиш неколку дена да видиш како е, можеби ќе пишуваш помалку cool постови.
Белгија пред да станат воено моќни, живееле полошо од тие во Конго. Како успеале да стигнат од свињи до воено моќни да ебаваат земји илјадници километри подалеку од нив?
Плус не се секирај, се се враќа, па затоа сега во Белгија, Франција, нормален белец на улица не можеш да видиш
И во МКД се умирало од глад. Сигурно сите знаете некој од повозрасните, родени 40те/50те, кои живееле во мизерни услови, па на чесен начин успеале да создадат капитал. Во МКД исто има села каде по вода иделе 1-2км, немало струја, школото било 5-6км, а најблискиот град 12км, па пак деца од тие села успеале во животот, завршиле тешки факултети, создале капитал, овде во МКД, а на запад и милијардери имаме.
Интересен пример, но може и обратно. На пример луѓето кои немале во детството и младоста, вредно и чесно создале, нивните деца иако имаат 1000 пати повеќе него ли нивните родители, ништо не постигнале, дури и од родителите потрошиле.
Лестер мислам дека практикува еднодневно постење, некои 3 дена, па пак се кул.
Дали е етички да живеете удобен и луксузен живот, додека добар дел од човештвото живее во огромна сиромаштија?
- Да, етички е да живееме удобен и луксузен живот, бидејќи системот (се мисли на и на уредувањето и на вработените во него) е директно одговорен како ќе живее мнозинството во државата, а мнозинството одредува во каков систем ќе живее. Кој систем досега се покажал најправеден и најпродуктивен, веќе е зборено и докажано милион пати.
- повторно се обновува лажната утопија на еднаквост кај луѓето (а сите прават се и сешто само да се истакнат), која е однапред осудена на пропаст и со крвопролевање, жално е што народ повторно верува во нешто пробано, но јбг, што бараме, тоа и ќе добиеме. Еднакви треба да сме само пред законот, ништо повеќе, ништо помалку.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.