Зошто мислите дека голем дел од државите во Африка немаат потенцијал да се кренат од сиромаштијата. Сеуште дел од нив имаат големи делови на необработени земјоделски површини, сеуште имаат природни богатства (дел од нив планираат да ги продаваат и дождовните шуми кои се во државна сопственост) и дел сеуште се под воен протекторат (за кој плаќаат)! Се соочуваат со граѓански војни (посебно каде се судираат Исламот и Христијанството) и немири. Како против тежа се појави Африканската унија, која се стреми да стане нешто налик ЕУ- да биде економско-политичка унија со своја валута. Истата може да премине и во фаза на федерализација, намалување и ослободување од даноци, слободен проток на работна сила, па и воена унија. Тој пазар е интересен за Кина, ако е за Кина, зошто не би бил и за светот?
Светската глад е неминовен процес, ресурсите (да го земеме за пример само рибниот фонд кој од година во година се намалува, а популацијата се зголемува). Глобалното затоплување си остави свој белег на други делови од светот, како зголемување на температурите, суши, но и поплави. Сламката за спас се гледа во фабричкото е сериското производство (на храна), па и напредокот на технологијата во самото земјоделството. Прашањето е дали може да се надокнадат веќе направените загуби?
Дали ми е жал? Не, не ми е. Татко ми беше приморан, во еден период во животот, да работи две работи, сам да истурка на прав пат двајца ученици, па потоа и студенти. Работеше и во 12 часови на ден, поминуваа денови кога и фактички не го ни гледавме. Никогаш ништо не недостасувало во нашиот дом, сем неговото присуство.
И дајте со образованието, се сложувам дека треба да биде бесплатно (иако ништо на овој свет не е бесплатно, повторно некој и од некаде треба да ги покрие тие трошоци или тој загубен приход), ама нашето образование, додипломските студии, не е нешто посебно скапи. 200 евра по година (треба да е 400, но државата партиципира со 50%). Скапи се трошоците за живот ако студентот не е од Скопје, најголем дел од студентите студираат во Скопје, иако денес скоро секој град си има факултет(и), каде што и најчесто остануваат. Со молба до деканот, студентот може да биде ослободен од котизација, а може да ја плаќа на рати. Разбирање се наоѓа за сѐ. Кога се запишав на факс, со мене учеа тројца роми, од нив сите ги започнаа и ниту еден не го заврши факултетот! Дали можеа? Да.
И тоа не е проблем. Проблемот е во тоа што во секој момент, во Македонија, има најмалку 7.000 слободни работни места. Работа има, ќе се најде нешто сразмерно за твоите вештини и квалификации, но волја за работа, тешко. Некои огласи седат отворени и со години. Зошто?
И да, факт е дека 1/3 од населението ни живее во сиромаштија, веќе се форсираат идеи дека кровот на глава било човеково право (што не е) и дека водата треба да биде бесплатна, како тоа капиталистите ја флаширале за да можат и од тој основен ресурс да направат профит! Ако е така, тогаш и производството и преработката на хартијата, пример, може да се гледа низ слична призма. Се уништува животната средина. Потоа автомобилската индустрија, е во причинско-последична врска со загадувањето на животната средина, каде се нарушува едно човеково право. Се креираат и екстерналии при процесот на производство, за тоа постојат регулативи, кои се дестимулативни за слободното производство, пласман на производите и трговијата. И за тоа има дебати. Дали треба да постојат или не?
Лично не гледам причина државата да се грижи за социјалната раслоеност и својата редистрибитивна улога да ја први преку зголемување на даноците или преку прогресивните даночни стапки. Зошто некој да плаќа уште поголеми даноци, да го пласира капиталот во општеството, да вработува, да плаќа такси, даноци, лиценци, патенти, царини, и да биде гледан како плашило само затоа што може комфорно да ужива во плодовите кои самиот ги има креирано (пр. Маск, кој лани плати најмногу даноци во историјата на САД), и друг кој никако не придонесува, плус зема социјална помош. Темава е за крајностите, па ќе одам од крајност во крајност.
Социјалната помош е крајно дестимулативна алатка. Едно време беше приближна до минималната плата. Таа треба да биде привремена, но не и трајна помош. 40% од буџетските средства се средства за социјални расходи, тоа се замрзнати пари кои одат во неповрат. Дел се за стимулација на сточарството и земјоделство, политики кои пропаднаа. На сметка на тоа немаме пари за инвестиции во здравството, па така го имаме најлошото здравство во Европа и образованието ни тоне. Потребна ни е социјална реформа и трансформација на државата од социјална кон неолиберална. Во неолиберните концепти на држави, социјалните трансфери се под 10% од севкупните буџетски расходи.
пи.ес. Смит е застарен, затоа што тој капитализам и денешниот капитализам многу се разликуваат, пред сѐ во улогата и значењето на државата (владата) во општеството. Денес има значително поголема и позначајна улога.
пи.ес.ес. Во СССР милиони умирале од глад и тоа во периодот меѓу двете светски војни. Да, комунизмот е решението за светската беда и глад.
пи.ес.ес.ес. Никој не зборуваше за сличните проблеми во средна Америка или во одредени делови од Азија.