- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.535
- Поени од реакции
- 29.099
Интересно како на темава сите дадоа предлози за глобално да се реши проблемот, ама локално никој не мрда со прст и одговорите се "не е тоа моја работа". Промените треба да почнат од сопствениот двор, нели?
Давањето финансиска помош на вакви држави не е решение, и тие пари ќе секнат. Треба да се изнајде трајно решение, а не да се учат луѓето да живеат од финансиска помош.
А, конкретно на прашањето од темава, дали е етички? Па и те како е. Некој што работи деноноќно, си заработува за удобен живот, учел цел живот за тоа, имал милион непроспиени ноќи, жртвувал од други работи само за да си обезбеди комоција сметам дека може да си живее како сака без да чувствува грижа на совест. Не е етички ако знаеш дека на некој му треба помош, можеш да помогнеш, а не го направиш тоа. Да пијам коктел на Сејшели со мои пари, е многу етички.