Дали е етички да живеете удобен и луксузен живот, додека добар дел од човештвото живее во огромна сиромаштија?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.934
Поени од реакции
42.653
Море какви тешки 'Капиталисти' и Дебели Мачки на форумов.

Абе муабетиве за Безос во фазонот на *му се има, му се може, си заслужил*, не ги тепавме ни со колегите од факултет, а бевме првенци на генерација во смерот Банкари. Кога ќе кажеше некој, Безос заслужил да заработува 10.000.000 долари во минута, ние знаевме да вратиме едно - дат ис соу фул оф шит.

Капитализмот во неговата основна најчиста и најсимплифицирана форма се залага за најдобра распределба на ресурсите во општеството, таа е неговата цел, кон тоа стреми кога е убав и чист ко Хилас. Дали потентна респределба на ресурсите (не мора да се тоа суровини и материјали) е тоа, кога на пример, лице со катастрофално добри потенцијали, нема никакви приходи и можности за да го ослободи сиот тој потенцијал (и со тоа да придонеси за општеството со тоа што можеби ќе измисли нешто подобро од Струја, патување низ Космосот на пример?), а во меѓувреме некое распрдено Конте, нема три чисти, но е родено во изобилие па турка и факултети и се. Тоа ли е маестрална распределба на ресурси онаму каде најмногу даваат род? Капитализмот цели кон тоа да ги оствари сите потенцијали на општеството - и ова не подразбира само насочување на ресурсите кон подобри производствени капацитети. Туку вложување на ресурсите онаму каде ќе бидат најпотентни. Сиромав а надарен лик, е по дифолт попотентен од мрзливо непотистичко конте, тој е корисен и вреден, тој не турка напред, не контето. Капитализмот не е смислен за товење на Олигарси како да се тие свињи, жбитаци. Секој што мисли дека целта на капитализмот е да ги товиме Елон и Безос, ја утнал целата поента на системот и она што го запишал еден од моите најсакани Евреи - Адам Смит, во неговото дело Богатството на Народите.
брат, знам дека се осеќаш згрозено од Елон и Безос, и дека душата би ја продал да си на нивно место, али тоа е. Треба да прифатиш како стојат работите. Они створиле нешто, ти едино што си створил е лајното што сабајле го пушти. Така да, нема што да се палиш и возбудуваш беспотреба.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.435
брат, знам дека се осеќаш згрозено од Елон и Безос, и дека душата би ја продал да си на нивно место, али тоа е. Треба да прифатиш како стојат работите. Они створиле нешто, ти едино што си створил е лајното што сабајле го пушти. Така да, нема што да се палиш и возбудуваш беспотреба.
ХАХАХХА
Вчера летав над Швајцарија. Знам дека звучи ептен Бонд (го неќам ликов), (дискутирано со сомнеж од многу на форумов), ама ете ако е до толку дојдено - направив убави фотки од Алпите покриени со снег и од блескавите езера полни со јата од бели јахти кои пловат во сите агли, па ако треба фото доказ пуштам, иако ми е безвеза да се докажувам.
Би пробал да те убедам, цитати во стил - верувај дека Елон и Безос се двата последни лика со кои би се менувал, ама за тебе е тешко да разбериш оти ти веќе сметаш дека сите сакаат да се на нивно место. Ја сакам да сум на местото на Антонио Бандерас во неговите 30ти, пример. Дури ни неговиот Медитеранео со мирис на Рузмарин и други билки од бреговите на Маре Нострум, не ме тера да се чувствувам ко него, дејм ит. Ете сите би се менувале со некој. Ама со Елон (ew) и Безос не. Имам доволно. Не ми треба диспропорционалност и отсеченост од реалноста. Сакам да сум присутен.

Јас пишував за тоа како јас го поимам Капитализмот на Адам Смит (и многу мои колеги Gott sei Dank), ти ми врати во Теленовела стил. Ако ти го поимаш поинаку, повели искажи се, ако не, имај пријатна вечер.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.241
Поени од реакции
12.246
Дали е неопходно да се чувствувате виновни затоа што заработувате доволно пари и може да си приуштите малку повеќе од пристоен живот,
Некако не ми оди ова „заработка“ и „виновни“ во една реченица.
Би се чувстувал „виновен“, поточно среќен кога ќе ја рушам старата куќа да најдам злато во темелите на северно-западниот дел од куќата!

Треба оние кои „паднале“ да се угледаат на оние кои стојат цврсто закопани во темелите на Земјата и да соберат сила да се променат. Помошта како и докажувањето треба да доаѓа/се дозволи само еднаш - и ако некој не се промени, не постои етика или судбина што ќе го промени курсот на неговиот живот.
И можеме да помогнеме на оние околу нас, на никој друг... и ако синџирот не се прекине, секому ќе го следува онолку помош колку што му треба за да се промени, по негова волја.

Сето друго - е философија за етика и морал, кој што не води практично никаде. Сите ќе си легнеме денес после форумов во убав кревет, спремни за нашите индивидуални битки на работа, во животот...
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317

Не знам зошто не ти штима. Не ти штима веројатно заради фактот што никогаш не си почувствувал така. И тоа е океј.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.241
Поени од реакции
12.246
Не знам зошто не ти штима. Не ти штима веројатно заради фактот што никогаш не си почувствувал така. И тоа е океј.
ТИ си се почувстувала виновна заради својата заработка?
Била фер заработувачката за она што си сработила и што си дала од себе или се чувствуваш виновна бидјеќи си сработила премалку а си добила премногу?
Тогаш може да се чувстуваш малку така виновно - guilty pleasure што си го зезнала „системот“ преку кој заработуваш преку својот труд :)

Затоа реков ако го пронајдам златото - и јас ќе се чувствувам виновно - бидејќи по игра на случајноста јас а не некој друг, гладен и бос не го добил она што го имам јас, иако имам повеќе од гладниот...
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
ТИ си се почувстувала виновна заради својата заработка?
Била фер заработувачката за она што си сработила и што си дала од себе или се чувствуваш виновна бидјеќи си сработила премалку а си добила премногу?
Тогаш може да се чувстуваш малку така виновно - guilty pleasure што си го зезнала „системот“ преку кој заработуваш преку својот труд :)
Заради мојата заработка никогаш. Вредно работам и напорно и сигурна сум дека колку давам, толку и добивам.

Рецимо мојата емоционална страна често пати доаѓа до израз кога поединци немаат услови да си го обезбедат она што во даден момент им е неопходно (дали терапија, дали преглед, дали трансфер до некаде). Освен што понекогаш донирам облека, симболична сума на пари и храна, ретко се дрзнувам да правам нешто повеќе. Само што ете, лигуш голем сум по природа и некад дури сум помислувала да запалам кола и да однесам поединец што не го ни познавам до друг град, да заврши работа за преглед или за контрола или за глупост. Проблемот настанува што таквите поединци во општеството се многу, а јас немам услови сите да ги обезбедам. Така да, граници...

Али имам сјајна идеа токму за таа категорија граѓани. Дај Боже, се надевам дека ќе може да се изреализира, па да не биде само на филозофирање...туку и малку акција.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.405
Поени од реакции
4.778
...самиот начин на размножување на нашата врста не дава простор за такви памфлети
...можеби за 1000 години,кога ќе постои контролирано размножување по пат на селекција и генетски инжинеринг :)
...етика,хуманизам,алтруизам = утопија
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не е баш скроз он-топик, ама е интересно видео за темава од позиција на "обични смртници". Вреди да се погледне.

Ќе вредеше, ама не вреди затоа што 90% од форумџии ти се софисти. Не знам само со која доблест е отворена темава по апсурдните коментари на темата во која ги дискутиравме момаков и неговите видеа.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Etichki e ako toa sto go imas e specaleno po cesen pat , ne preku nok I so izigruvanje na zakoni, kradenje I dr.
Jas ziveam vo imot od chukun dedovci koj se zachuval I se nasledil I po mene e etichki da ziveam na nachinot na koj sto ziveam.Iako 80 procenti imotot bil nacionaliziran I nikogash ne vratena, za da Sega po 1 evro da se prodava na novi gazdi.Celiot imot vo Skopje imaa turski tapii, naslednici.No nikogash nitu edna drzava ne go vrati tuku si go raspredeli na lokalnite partiski mangupi.
 
M

Macedon1um

Гостин
Многу е лесно да си cool од удобноста на својот дом. Африка беше златен рудник (понекогаш буквално) на западната "цивилизација". Злато, дијаманти, различни ресурси, се е тоа крадено и носено од Афика неколку векови наназад. Сега биле необразувани и правеле многу деца.

Не заебавај? А кога добиле шанса да се образуваат? Конго под Белгија? Знаеш што има Леополд правено таму, какви ужаси? Жителите на Африка со векови беа третирани како сиштества многу подолу од луѓето.

Не глумете премногу cool фаци, срамота е, луѓе умираат од глад. Пробај да не јадиш неколку дена да видиш како е, можеби ќе пишуваш помалку cool постови.
Што си запнал па ти само Африка па Африка, нит јас сум бил таму ниту па ти веројатно си бил таму да знаеш како е.

Затоа прво да си гледаме во својот двор на локално ниво каква е состојбата кај луѓето, а тука гледаме дека оние што највеќе се жалат дека немаат за основни работи за живот се уствари тешки мрзи/пијаници/коцкари кои не сакаат да го мрднат газот и да работат и заработат нешто. Секако има исклучоци тука за луѓе со здравствени проблеми и сл, за кои мора да се пронајде модел да добијат финансиска материјална помош доволна барем за скромен живот
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Што си запнал па ти само Африка па Африка, нит јас сум бил таму ниту па ти веројатно си бил таму да знаеш како е.
Најверојатно затоа што гладување до смрт воглавно се случува во Африка. Можев да зборувам за Вермонт или Њу Хемпшир, ама некако глупо ми беше бидејќи никој не умира од глад таму.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.347
Генијална споредба. Значи ако некој милијардер одвои 1% од своето богатство за луѓе кои се тотално унесреќени, и тој ќе стане сиромав како нив?
Споредбата е глупа и милјардерот би решил многу проблеми на многу луѓе, со тие 1% од вкупното богатство што го поседува.
Но, дали тоа значи дека е тој должен тоа да го направи, ако не сака да испадне морално-етички непримерен (според јавниот наратив)?

Дали ние тука што пишуваме сме/би издвоиле 1% од се што имаме, за да помогнеме, сразмерно?
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Споредбата е глупа и милјардерот би решил многу проблеми на многу луѓе, со тие 1% од вкупното богатство што го поседува.
Но, дали тоа значи дека е тој должен тоа да го направи, ако не сака да испадне морално-етички непримерен (според јавниот наратив)?

Дали ние тука што пишуваме сме/би издвоиле 1% од се што имаме, за да помогнеме, сразмерно?
Мислам дека не е важно дали тој се чувствува должен или не тоа да го направи. Мислам дека треба на ниво на светска влада да се оданочот сите кои поседуваат имот над некоја баснословна сума, и тие средства секоја година да се пренасочуваат кон оние кои немаат храна, вода, засолниште. Ако чекаме да им проработи совеста на најбогатите, свршивме работа.

Ако се земе во предвид колку на ултрабогатите тие 1% не им значат ништо, а колку многу ќе помогнат некаде, мислам дека ова е повеќе од разумно.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.155
Поени од реакции
9.842
@Zvonareva по контрањето се гледа дека ти лежи темава...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom