@Zvonareva по контрањето се гледа дека ти лежи темава...
И тебе ќе ти лежеше да имаше масони или шејпшифтери во неа, вака чорба.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
@Zvonareva по контрањето се гледа дека ти лежи темава...
Ќе сркаш што си надробила...И тебе ќе ти лежеше да имаше масони или шејпшифтери во неа, вака чорба.
Ќе сркаш што си надробила...
Капитализмот како систем е идеален за индивидуален напредок, и достигнување на перфекција во одредении области.Би било убаво кога секој би имал иста плата. Волку голема класна поделба и разлики во плати само допринесува до тоа што повеќе луѓе да работат некоја работа против нивна желба, работат нешто само дека чуле дека се бара за да не мора веќе леб и паштета да јадат дома. Типичен пример се програмери од некаде 2015 до денес. Друго допринесува луѓето да се што повеќе несреќни и исцрпени од работата и фамилијата да ја ставаат на 2, 3, 5то место, бидејќи многу време им треба да се вклопат во нешто што не се пронаоѓаат. Трето допринесува да има што повеќе криминал, сиромашните крадат, бидејќи да се јаде мора да се краде, богатите крадат од сиромашните за да станат уште побогати, во првичното сценарио би краделе само луѓе што боледуваат од таа болест, сега крадат луѓе за да заработат дека немаат работа, крадат дека виделе друг како краде итн... Некое утопија сценарио идеално за мој вкус би било секој да има иста плата која би му овозможила пристоен живот, а тоа подразбира да може еднаш неделно да седне во ресторан, да има по ЕДЕН имот, да има храна намирници се што ќе посака, превозно средство или пари за транспорт, одмор еднаш годишно, според моја проценка таа плата би била 800-1000 евра во Македонија, доколку се работи за самохран родител платата се зголемува на 1500 евра. Ако некој нема ментален капацитет да е програмер, не мора да е, нека е келнер, ако му пречи келнер и толку гужва, нека е чистач/ка, ако не нека е во некоја позадинска работа, парите никогаш да не треба да се мотив за некој да работи некаква работа, туку само желбата за неа, а притоа да се обезбедени сите услови за бесплатно образование за таа личност да може да се запознае што подобро со таа работа. Дали би имало помалку програмери и доктори бидејќи ќе си рече некој “зошто да работат за истата плата програмер кога можам келнер“, да, дали тие што програмираат навистина ќе го сакаат тоа и фирмите би добиле поквалитетен кадар, докторите исто, сигурно дека да.
Вака се е беда, дисбаланс, никој не е среќен, бркаат некои бројки, сега 1к евра за година 2к евра плата, прават некои математики во глава, да имаат еден стан два, да возат ваква кола таква за толку години, добрина никој не цени, блиски луѓе стануваат далечни, родители не се посетуваат се дур не дојде ред во старечки дом да се пикнат. Бркајќи бројки, се заборави на љубов. Не може да направам ништо лично како поединец да ја намалам сиромаштијата во општеството, ама можам ете да искажам некоја утопија желба и визија за како би бил светот поубаво место за живеење.
Нели ти се бунеше дека кај нас бил висок данокот на добивка во кладилниците?Мислам дека не е важно дали тој се чувствува должен или не тоа да го направи. Мислам дека треба на ниво на светска влада да се оданочот сите кои поседуваат имот над некоја баснословна сума, и тие средства секоја година да се пренасочуваат кон оние кои немаат храна, вода, засолниште. Ако чекаме да им проработи совеста на најбогатите, свршивме работа.
Ако се земе во предвид колку на ултрабогатите тие 1% не им значат ништо, а колку многу ќе помогнат некаде, мислам дека ова е повеќе од разумно.
Само за специјални пригодиКаде е фамозната чорбичка за пеевче?
Напротив, идеите на Фреско се преутопистички не ради изводливоста туку ради нивото на свест на човекот. Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат, ќе пушат џокац у тие идилични дворчиња по цел ден и ќе мислат само на секс но нема да сакаат да се размножуваат бидејќи деца ќе им го нарушат комфортот, се додека не удри еден солар флер и им исклучи се електрично па они ќе видат колку се неспособни да преживеат на базично ниво. Ова на еден начин и сега го доживуваме со новата генерација. Да ја дигнеш свеста со чипот не мислам дека е возможно, да корегираш вид, слух, можеби алцхајмер да но да се играш со свест посебно кога не ја разбираш е потенцијално и опасно. Но ќе видиме кај ќе тера. Мене Убунту систем ми звучи пореално, ги учиш децата од мали на практични работи од целиот спектрум.Jacque Fresco имаше интересни идеи за овие проблеми, самоодржливи градовии, ама од тоа сме многу далеку. Гледам мала надеж со Neuralink, ама ќе видиме дали ќе го создадат, и дали правилно ќе се користат или злоупотребат.
Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат
Муабетот е за утопистичко општевство (Venus project) у кое ти нема потреба да работиш за да преживееш и плаќаш сметки, се ти е дадено покриено од технолошки базиран систем. Тоа ти е исто ко мама и тато цел живот сметки ти плаќаат, ти готват додека ти играш игрици по цел ден. Уствари и у метаверсот ќе си у собата. Општевството оди и денес кон тоа со идеата за универзал инкам, се ќе ти средиме ти само стај ВР гаглс. Проблемот е во што би се претвориле кога би немале егзистенцијални предизвици.Неточно. Знаеш зошто? Погоди кој го плаќа тој систем на образование во Германија? Од каде државата пари да покрија студии и да дава месечен финансиски додаток? (на некои факултети овој додаток е повисок од 1000 евра, чисти за трошење, кои не подлежат на данок). Од мене. Од вработените на Мерцедес. Од докторите. Од сестрите. Од шоферите. Од сите. Ова не е општество кое спија. Дури си студент - учи и ослободи го својот потенцијал (имај предвид дека места на факултет добиваат само *ултра капацитетни* ликови, не како кај нас, значи никој не ти дава ништо гратис во оваа земја, ќе го затоплиш газот на столче од учење, па ќе ти дадат место на Уни, на Медицински - ако го падниш испитот по втор пат, го губиш правото на натамошни студии), кога ќе завршиш со студиите земаш плата и подложен си на данок - сега ти им плаќаш на новите генерации. И за ова има апсолутен консензус во Германија - дека мора да биди вака, се има разбирање за младите луѓе.
Хедонизмот, ебавањето, (кхм, шетаат фул фронтал голи во теретана) е чисто европски аспект, кој нема многу врска со системот, тоа не можиш да го смениш со било кој систем, како сорта сме си мераклии.
Знам, затоа пишав дека единствената надеж за таков левел ја гледам во чипови, многу сме далеку од тоа, би рекол дека Фреско беше мин. 200 години пред времето.Напротив, идеите на Фреско се преутопистички не ради изводливоста туку ради нивото на свест на човекот. Да живееш во општевство кое се ти овозможува за ти да сакаш да си астроном, физичар, сам да одиш да се образуваш во универзитетите од чист ентузијазам и внатрешен драјв, порив додека се што е мануелна работа ја врши роботизација на крај ќе создаде големи паразити кои нема да имаат мотив да учат, ќе пушат џокац у тие идилични дворчиња по цел ден и ќе мислат само на секс но нема да сакаат да се размножуваат бидејќи деца ќе им го нарушат комфортот, се додека не удри еден солар флер и им исклучи се електрично па они ќе видат колку се неспособни да преживеат на базично ниво. Ова на еден начин и сега го доживуваме со новата генерација. Да ја дигнеш свеста со чипот не мислам дека е возможно, да корегираш вид, слух, можеби алцхајмер да но да се играш со свест посебно кога не ја разбираш е потенцијално и опасно. Но ќе видиме кај ќе тера. Мене Убунту систем ми звучи пореално, ги учиш децата од мали на практични работи од целиот спектрум.
Не постои нешто како идеален систем. Најблиску до тоа се можеби Швајцарија, Норвешка, Канада.
Повеќето нордиски земји имаат одличен здравствен систем и добро образование, што според мене е основен начин да ја одржуваш земјата на највисок животен стандард. Така да...Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Исланд....па и Швајцарија. Oh boy, јас сум заљубена и во Сингапур.Излеговме од темата малце (појче), ама на крајот од денот луѓето секогаш вината за нефер маргинализацијата во општеството ја бараат во системот. Од најстари времиња до денес. Кога гледам како стари Грци ги дебатирале истите овие теми со исто толку енергија, а ништо не е супстанцијално подобрено, губам надеж.
Лесно е да се кажи Швајцарија, Германија вака така, ама тие уште во Среден Век имале поправедни општества од нашето. Плус нас Турското не столчи и пак е интересно колку брзо се кренавме на свои нозе. Не е совршено (хел ноу), но очигледно е дека целиме кон нешто подобро и само тоа е важно, пошто кој цели кон едно нешто, тој тоа и ќе го стигни подоцна ако не порано се додека има толку чиста намера. Но во секој случај, за поздрав е колку брзо се опоравуваме од Турско ко земји. Веќе сме далеку поблиски кон Европа со нашите стремежи, системи, стил на живот (посебно важно), дури и економии, одколку Турција. Еднаш една колешка од Турција беше шокирана како можело да има толку убав пат во толку напуштена средина (бевме во едно село во МКД) и тоа ми кажа се што треба да знам за Турција.
Многу е лесно да си cool од удобноста на својот дом. Африка беше златен рудник (понекогаш буквално) на западната "цивилизација". Злато, дијаманти, различни ресурси, се е тоа крадено и носено од Афика неколку векови наназад. Сега биле необразувани и правеле многу деца.
Не заебавај? А кога добиле шанса да се образуваат? Конго под Белгија? Знаеш што има Леополд правено таму, какви ужаси? Жителите на Африка со векови беа третирани како сиштества многу подолу од луѓето.
Не глумете премногу cool фаци, срамота е, луѓе умираат од глад. Пробај да не јадиш неколку дена да видиш како е, можеби ќе пишуваш помалку cool постови.
Интересен пример, но може и обратно. На пример луѓето кои немале во детството и младоста, вредно и чесно создале, нивните деца иако имаат 1000 пати повеќе него ли нивните родители, ништо не постигнале, дури и од родителите потрошиле.Пробај да не јадиш неколку дена да видиш како е, можеби ќе пишуваш помалку cool постови.