Дали е етички да живеете удобен и луксузен живот, додека добар дел од човештвото живее во огромна сиромаштија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно како на темава сите дадоа предлози за глобално да се реши проблемот, ама локално никој не мрда со прст и одговорите се "не е тоа моја работа". Промените треба да почнат од сопствениот двор, нели?

Давањето финансиска помош на вакви држави не е решение, и тие пари ќе секнат. Треба да се изнајде трајно решение, а не да се учат луѓето да живеат од финансиска помош.

А, конкретно на прашањето од темава, дали е етички? Па и те како е. Некој што работи деноноќно, си заработува за удобен живот, учел цел живот за тоа, имал милион непроспиени ноќи, жртвувал од други работи само за да си обезбеди комоција сметам дека може да си живее како сака без да чувствува грижа на совест. Не е етички ако знаеш дека на некој му треба помош, можеш да помогнеш, а не го направиш тоа. Да пијам коктел на Сејшели со мои пари, е многу етички.
 
Дали според тебе гладните деца во Африка изиграваат жртва цел живот или се реално жртва што треба да им се помогне?

„Нгубу драги, едвај се прехрануваме, државата ни е корумпирана, не умираме од глад затоа што странски невладини праќаат храна. Што да правиме?“
„Па да направиме 14 деца.“

Африка е темпирана бомба а стапот од експлозијате ќе го јаде Европа пред се.
 
Интересно како на темава сите дадоа предлози за глобално да се реши проблемот, ама локално никој не мрда со прст и одговорите се "не е тоа моја работа". Промените треба да почнат од сопствениот двор, нели?

Не. Некои промени треба да почнат од сопствениот двор, некои не. Изгледа не разбирате што значи беда и немање да се јаде и пие чиста вода. Во Македонија не постои таков проблем. Никаде во Европа не постои таков проблем. Знам дека сме меѓу најсиромашните држави во Европа, но трагедијата што се случува во Африка и некои делови на Азија е неспоредлива со нашата сиромаштија. Значи кога ќе речат дека во Африка умираат од глад, тоа треба НАЈБУКВАЛНО да го сфатите. Смрт од глад не смее да се дозволи никаде.
Автоматски споено мислење:

Некој што работи деноноќно, си заработува за удобен живот, учел цел живот за тоа, имал милион непроспиени ноќи, жртвувал од други работи само за да си обезбеди комоција сметам дека може да си живее како сака без да чувствува грижа на совест. Да пијам коктел на Сејшели со мои пари, е многу етички.
А разбираш дека еден куп луѓе во светот го немаат ни луксузот да работат деноноќно за да заработат за удобен живот, да имаат многу непроспиени ноќи кои на крајот ќе им се исплатат, и да жртвуваат многу работи за на крајот да пијат коктел на Сејшелите?

Многу луѓе би убиле да имаат 1% шанса за нормален живот, и цела цела своја енергија и воља да ја вложат во тоа, но и тоа шанса ја немаат.
 
Последно уредено:
Не. Некои промени треба да почнат од сопствениот двор, некои не. Изгледа не разбирате што значи беда и немање да се јаде и пие чиста вода. Во Македонија не постои таков проблем. Никаде во Европа не постои таков проблем. Знам дека сме меѓу најсиромашните држави во Европа, но трагедијата што се случува во Африка и некои делови на Азија е неспоредлива со нашата сиромаштија. Значи кога ќе речат дека во Африка умираат од глад, тоа треба НАЈБУКВАЛНО да го сфатите. Смрт од глад не смее да се дозволи никаде.
1647365123141.png
Чекај сега, дали светот е должен да донира храна за овие да клепаат по 15 деца?
Ај опули го наталитетот во Европа, па на светско ниво (каде влегуваат и Азијците и Латиносите), и види ги Африканците.

Овие си имаат проблем со едукацијата и со главата, а не со недостаток на храна. Уште и повеќе храна ако видат и ќе склепаат по 20 комада секој.
 
Прегледај го приврзокот 325256

Многу е лесно да си cool од удобноста на својот дом. Африка беше златен рудник (понекогаш буквално) на западната "цивилизација". Злато, дијаманти, различни ресурси, се е тоа крадено и носено од Афика неколку векови наназад. Сега биле необразувани и правеле многу деца.

Не заебавај? А кога добиле шанса да се образуваат? Конго под Белгија? Знаеш што има Леополд правено таму, какви ужаси? Жителите на Африка со векови беа третирани како сиштества многу подолу од луѓето.

Не глумете премногу cool фаци, срамота е, луѓе умираат од глад. Пробај да не јадиш неколку дена да видиш како е, можеби ќе пишуваш помалку cool постови.
 
Јас не гледам како си препознал ти cool елемент во постот, само сум искрен за тоа што го гледам.
На овие не треба да им се носи храна, туку треба да им се прави вазектомија и да им се даваат книги.
 
Море какви тешки 'Капиталисти' и Дебели Мачки на форумов.

Абе муабетиве за Безос во фазонот на *му се има, му се може, си заслужил*, не ги тепавме ни со колегите од факултет, а бевме првенци на генерација во смерот Банкари. Кога ќе кажеше некој, Безос заслужил да заработува 10.000.000 долари во минута, ние знаевме да вратиме едно - дат ис соу фул оф шит.

Капитализмот во неговата основна најчиста и најсимплифицирана форма се залага за најдобра распределба на ресурсите во општеството, таа е неговата цел, кон тоа стреми кога е убав и чист ко Хилас. Дали потентна респределба на ресурсите (не мора да се тоа суровини и материјали) е тоа, кога на пример, лице со катастрофално добри потенцијали, нема никакви приходи и можности за да го ослободи сиот тој потенцијал (и со тоа да придонеси за општеството со тоа што можеби ќе измисли нешто подобро од Струја, патување низ Космосот на пример?), а во меѓувреме некое распрдено Конте, нема три чисти, но е родено во изобилие па турка и факултети и се. Тоа ли е маестрална распределба на ресурси онаму каде најмногу даваат род? Капитализмот цели кон тоа да ги оствари сите потенцијали на општеството - и ова не подразбира само насочување на ресурсите кон подобри производствени капацитети. Туку вложување на ресурсите онаму каде ќе бидат најпотентни. Сиромав а надарен лик, е по дифолт попотентен од мрзливо непотистичко конте, тој е корисен и вреден, тој не турка напред, не контето. Капитализмот не е смислен за товење на Олигарси како да се тие свињи, жбитаци. Секој што мисли дека целта на капитализмот е да ги товиме Елон и Безос, ја утнал целата поента на системот и она што го запишал еден од моите најсакани Евреи - Адам Смит, во неговото дело Богатството на Народите.
 
Ама се накотиле комуњари и тука што мислат дека со даноци на богатите нешто ќе се реши. Видите у Венецуела како живат, тоа луѓе со памет ко АОЦ и Берни Сендерс може да мислат.

Да, Роналдо заслужува 5000000 или колку фунти заслужува. Мислиш ти појќе заслужуваш? Оди прај го истото. Маркетот си балансира се нема што државата да се меша и да кажува кој колку заслужува. Тоа ти што мислиш што е фер или што не е друга работа. Ја си заработувам колку заработувам, не ми е гајле за комшијата што се коцка и што не работи, тоа си е негов проблем.
 
Јас не гледам како си препознал ти cool елемент во постот, само сум искрен за тоа што го гледам.
На овие не треба да им се носи храна, туку треба да им се прави вазектомија и да им се даваат книги.

Така е, најлесно се учи математика на празен стомак, после испешачени 3-4 км за да се напиеш чиста вода. После седнуваш и партал ги правиш интегралите.
 
Во Африка да биде поголема трагедијата, поради огромната корупција и општо безредие донациите кои ги добиваат како храна и продукти за лична хигиена, локалните шерифи и криминалци ги присвојуваат и завршуваат на црните пазари...
 
Така е, најлесно се учи математика на празен стомак, после испешачени 3-4 км за да се напиеш чиста вода. После седнуваш и партал ги правиш интегралите.
Абе какви црни интеграли, на овие им треба келнерска математика за да пресметаат дека ако имаш храна за 2ца, треба да си дома 2ца, а не 20 души.
 
Абе какви црни интеграли, на овие им треба келнерска математика за да пресметаат дека ако имаш храна за 2ца, треба да си дома 2ца, а не 20 души.

Па и не им треба, затоа што немаат храна ни за еден, а камоли двајца.
 
Не. Некои промени треба да почнат од сопствениот двор, некои не. Изгледа не разбирате што значи беда и немање да се јаде и пие чиста вода. Во Македонија не постои таков проблем. Никаде во Европа не постои таков проблем. Знам дека сме меѓу најсиромашните држави во Европа, но трагедијата што се случува во Африка и некои делови на Азија е неспоредлива со нашата сиромаштија. Значи кога ќе речат дека во Африка умираат од глад, тоа треба НАЈБУКВАЛНО да го сфатите. Смрт од глад не смее да се дозволи никаде.
Автоматски споено мислење:

А разбираш дека еден куп луѓе во светот го немаат ни луксузот да работат деноноќно за да заработат за удобен живот, да имаат многу непроспиени ноќи кои на крајот ќе им се исплатат, и да жртвуваат многу работи за на крајот да пијат коктел на Сејшелите?

Многу луѓе би убиле да имаат 1% шанса за нормален живот, и цела цела своја енергија и воља да ја вложат во тоа, но и тоа шанса ја немаат.
Смрт од глад не смее да се дозволи точно. А, дали ти разбираш дека ме прашуваш како треба да се чувствувам етички бидејќи сум имал шанса да заработам за удобен живот? Треба да се чувствувам лошо бидејќи сум имал таква среќа да се родам во колку толку нормално општество?

Еве кажи ми ти како помогна за гладните во Африка? Покрај прашањето на темава, треба мислам и да даде секој одговор на тоа што он превземал по тоа прашање.
Општеството е такво какво што е. Не сите имаме еднакви шанси, за некого се поголеми, за други помали. И сеа ја треба да го прашам американецот дали се чувствува лошо бидејќи се родил во држава со океј економија? Или бидејќи Маск црнчи по 20 саати во денот, да го прашам како се чувствува со тоа што деца во Африка немаат за леб?

Нема да споделувам лични работи меѓутоа тие што ме знаат на форумов знаат колку донации сум организирал за луѓе што навистина им било потребно. Како што кажав, етички е да помогнеш на некој што знаеш дека можеш да му донесеш малку радост и да му го промениш животот.
Не е лично кон тебе прашањево, ама не гледам како твоите постови помагаат за гладните? Или некој претходно спомна дека требало идеи да има. Еве која е идејата за спасот на тие деца што умираат од глад?

Хипотетичка ситуација, Маск ќе донира 10 милијарди, и? После 10 години пак да донира? До кога? Дека Африка е ограбувана со векови е точно, ама и Лестер е во право колку и да ти е тешко да го прифатиш тоа. Едноставно нема поента да се котиш и да правиш 10 деца ако знаеш дека немаш такви услови. Од друга страна, имам неколку колеги од Африка што доаѓаат од мизерни услови, а сега возат џипови. И не се чувствуваат лошо.
 
Знам за едни цигани што во контејнер најдоа душек полн со пари што фамилијата на починат дедо го исфрлила без да провери. Ги спичкаа поштено на цигански работи, за 10 дена пак немаа леб да јадат.
Би рекол дека некоја блага еугеника би решила повеќе од сто милостињи.
 
Да, може да почнеме од некоја поблага форма, па ќе видиме после кај е најдобрата граница според искуствата. Сигурно не може ништо лошо да произлезе од тоа :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom